Олдтајмери

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Сликата за олдтајмер му ја турка моделот GTL и наследниците.
Се работи за Zastava 101B... слика и прилика на балканска класика. Хромирани лајсни на маската, раткапни, браници,ретровизори, хром рачки, хром брисачи...
1.1 ... 54 коњи... Моторите се италијански, од домашните се разликуваат по двогрлиот карбуратор, издувната грана и се малкуцка поживи во градско возење. Внатре тенко воланче, широки седишта - удобни за разлика од другите тогашни коли... се на се - типичен примерок за раните 70ти..


0041.jpg

101_501.jpg



Пред 2-3 години имав шанса да сретнам вистински примерок на Zastava 101 1.3SC, од произведените САМО 1500 примероци,како некогашните МИЛИЦАЈСКИ возила. Зелена боја, обртомер, катапулт седишта, малкуцка и си играл газдата, ја спуштал и што ти не спортски издуви....
Леле какво возење пружа колата, чист спортски дух на нисколитрањна класика...
Zastava%20derniere%20version.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Баш преѓеска видов стоќец еден паркиран кај Млечен ама со округли фарови, чинам уште постар модел од овој. Некој го чува добро, беше изгланцан, зеленомаслинест. Во дворот имаше и Мерџо од оние од 70тите со вертикални фарови.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Овие стари источно-блоковци ми се мојата љубов(inlove)

Знам за каков модел ми зборуваш, има една серија на стоеденки што оди со некаква смб боја што многу нежно изгледа. Баш некни видов една таква онака рандом.
Ваков? Ама со 4 врати... Овие се првите застави со DMB блок.
Моделот оди во доцните 70тти до 82. Еден од најпофалените, после GX... иако колата има најфуш внатрешност и никаква заштита од корозија, луѓево ја сакаат повеќе од GTL...
Имав една од таа серија (медитеранка, со 2 врати)... солидно се покажа, ја дадов за некои мизерни 400тини евра пошто ми стоеше во двор без акомулатор ...па ајде реков...
zcz101b.JPG

П.С. ...АМА ТРОШАААААААААААТ:eek:
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Овие стари источно-блоковци ми се мојата љубов(inlove)

Знам за каков модел ми зборуваш, има една серија на стоеденки што оди со некаква смб боја што многу нежно изгледа. Баш некни видов една таква онака рандом.
Ваков? Ама со 4 врати... Овие се првите застави со DMB блок.
Моделот оди во доцните 70тти до 82. Еден од најпофалените, после GX... иако колата има најфуш внатрешност и никаква заштита од корозија, луѓево ја сакаат повеќе од GTL...
Имав една од таа серија (медитеранка, со 2 врати)... солидно се покажа, ја дадов за некои мизерни 400тини евра пошто ми стоеше во двор без акомулатор ...па ајде реков...
zcz101b.JPG

П.С. ...АМА ТРОШАААААААААААТ:eek:
абе и 400ки се супер пара, земено колку многу трошат. Во странство ако сакаш да се отарасиш од стара кола, си плаќаш.
Вакви модели инаку пред 15тина години беа многу чести низ градов. Наеднаш ги снема, заедно со пеглиците и фиќата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Да, чудно, наеднаш ги снема од возниот парк. Можам да кажам и дека убаво се намачив додека најдов фиќо за мене. А секојдневно гледам во отпадиве дека слетува по некое ново...
Кога веќе ги спомнавме фичлињата... Првиот непобитен факт е дека колата не е пандан на Фиат 500, туку на Фиат 600.
Излегува прво како застава 600, па како 750, па 750S што лета дури и 125км/ч, па тек многу подоцна и 850.
Не ги обвинувам за ништо производителите - такво било времето, ама што имам кркано со тоа Фиќо само јас си знам...:frantic


Првично филмот ми беше да купам кола што малку троши и што е малечка за можам се да сработам сам на неа без никакви помошни алати.
Па се изнаслушав муабети како фиќото троши 5-6 низ град , 4 на отворено и дека забораваш кога си го наполнил.
Пеки! КУПИВ! Се работи за 750LE модел, 85тта година, жолта боја, со стар DMB блок 62.00
Слатки шармерчиња се. Моето беше со бркчиња напред, кинетички зглобови (за разлика од фабричките еластични приљубници) Поминав некои 5000 километри за една година со него.
Прва работа - ако ти се погоди ќе го возиш, ако не што и да му правиш џабе ти е.
Втора работа- потрошувачката не е така идеална како што кажуваат. Колата троши 9 па се до 13 в град. Воглавно за тоа е заслужен преслабиот мотор на кој му е потребен страшен напор за да тргне. На отворено некаде 7-8.
Fiat%20600-10.jpg


На сите му викав - не ми е мака што ми троши 13 на 100 колата, мака ми е што не ги заслужува!

Патем, нема потреба од скапа кола за да бркаш чупиња. Фиќото е стално во предност пошто има некој дух во него на „чке београдске“!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сите постари коли повеќе трошат, тоа е веќе општо познато. Патем фиќото е повеќе градска кола, иако денешниве или довчерашните коли (МАтиз, Тико, Смарт) се далеку полоши за големи патишта бидејќи се лесни како перце и џабе им е толкав распон на брзина кога летаат на ветер. Кога би бирал помеѓу фиќо и Тико, посекако би било првото. Поспоро е ама чинам постабилно е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Opel Olympia Rekord 1954та година.
Уште пред неколку години добив информација за ваква кола од некој поранешен градски шофер, која сега се најдува некаде пред врвот на една планина во поприлично лоша состојба. Тогаш, секако, бев уште мал и немав ни финансиска можност никаква. Но годинава информацијата повторно дојде до мене.
Страста силна, желбата незапирлива... појдов до таму. На врв на планина лежеше еден од одамна изумрените 130 000 примероци на Opel Olympia Rekord 1.5 во изведба со небесно сина боја , челична конструкција, кој се произведувал само една серијска година. Вистинска реткост. Комплетен, но нажалост во поприлично запуштена состојба.
Стапив во контакт и со сопственокот. Направивме некаков пазар но си оставив простор за да размислам пред да ја купам.

Податоци на интернет има многу малку, а и тие што ги има ми се некорисни.
Само се надевам дека ќе ги соберам потребните информации околу планирањето на колата и наскоро ќе добијам шанса за вистинска реставрација која цел живот ја чекам!
Opel_Olympia_1954.jpg

1953rekord.jpg

Opel-Olympia-Rekord-1953-02.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мајка ми имаа Олимпија дур не ја зедоа бубата некаде средина на 60тите која и до ден денес ја користат. Олимпијата беше црна, но си го догура животниот век.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сашко, фичо би достигнало 125 км/ч само на удолница и тоа некоја поголема, за да се вклучи турбото т.е. гравитацијата...
Ако си љубител на олдтајмери од истокот, мора еден ден да го набавиш бисерот,светиот грал на пролетерската автомобилска индустрија - Заксенринг Трабант.
600 кубика, два цилиндри два такта, наводно 26 коњи, вози на мешавина (како моторните пили) а од стандардна опрема има тркала, волан и долго светло. Жмигавци, брзинометар и брисачи биле екстра опрема. Наслоњач за глава имало во луксузната варијанта, за одликаши и прваци на генерација.
Пластична каросерија која не кородира и опасен секси дизајн. Нема да постои женско кое ќе остане рамнодушно.

images
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сепак првенци ги сметам Ситроените. Пошо беа експериметалци на надворешен изглед. Патем Спачек е една од најхипи аутомобили заедно со бубата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко