Олдтајмери

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Лично гарантирам за Фичо 750 супер дека достигнува секако 120... прав пат... 1 в кола...
Маѓијата е во тоа што за Суперашот е употребена комплетно нова брагаста, декла како кај Југо со долг навој на свеќици, дијаметарот на цилиндар(широчина за прва специјала), 8/43 однос на трансмисија и моторот се искористува максимално. Најголемата разлика, по мое, ја прави 30ката IPM карбуратор so 22ка дифузор.
И јас не верував, ама и што да веруваш кога 70% од фиќата немаат километражник.:rofl

Трабантите се одамна умрени како идеја. Старите што ги правеа од дуропласт, ги јадеа свињи (знам жив пример, не е само легенда работава :frantic) а ги јадеше и времето и безмилосните сопственици.
Едно време барав за да купам вакво чудо, ама не најдов па се откажав. Убаво е што е сосема едноставен, а таков и ми требаше порано. Го добиваш бланко и што си ставиш - добредојдено е! (party)
Зезанција на страна, 25 коњи не се малку ако е двотактен и лесен. За низ град - ТОП, само гласно е УПМ!!!
Слично на Вартбург.. поголемиот гласен брат. Колава е царска. Дедо ми имаше еден наглув пријател што возеше Вартбург - да излудиш од брчење во него!

@Saladin Олимпијата е зезната кола. Излезени се дури 6 модели за 6 серијски години. Тоа го нема кај никој производител. Ќе ми биде драго ако можеш да ми кажеш за каква Олимпија станува збор (година на производство, модел или билошто...).

Мене Спачекот , заедно со дијаната, ми е по хипи од бубата. 2 клипа, на V. Сега нема ни делови ни гуми за нив ни под разно. Ама ако, трајни се и онака...:wavespin
Единствено со таква некоја безвеза градба остана Рено 4... ама не е така мангупско...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
1965 Mustang Fastback With Cammer Engine


294625_285545968130212_114598208_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

raindeer

Нов член
25 март 2014
9
0
1
29
Еднаш имав можност да извозам еден олдтајмер кога бев во Прага, на еден колега таму другар му имаше еден Plymouth Hemi-Cuda (мислам дека е така моделот). Аууу грмење моторот, мислам дека хеликоптер возев :D Дефинитивно најдобри ми се muscle олдтајмерите.
 

Marko111

Нов член
14 март 2014
5
4
3
1968 Volvo Amazon
За мене еден од најубавите олдтајмери,1968_Volvo_Amazon.jpg мотор од 115 и во подоцнешните модели од 140 коњски сили и забрзување од 0 до 100 за 9.5 секунди што и не било малку во тоа време :D


19851991560SEC.jpg
Mercedes Benz 560 SEC !!!!!!
Од мали нозе за ваков автомобил сонувам се филмам како би го возел и тоа така :D Едноставно го обожувам !!! Се произведува од 1985 до 1991 и можеби сеуште не е за олдтајмер.
Mодели на мотори
420 SEC 4196 Кубни сантимерти V8 мотор 224 коњски сили забрзување од 0 до 100 за 8.3 секунди и максимална брзина од 220 километи на час.
500 SEC 4973 Кубни сантиметри V8 мотор 252 коњски сили забрзување од 0 до 100 за 7.5 секунди и максимална брзина од 230 километри на час.
560 SEC 5547 Kубни сантимерти V8 мотор 279 коњнски сили забрзуванје од 0 до 100 за 7.2 секунди и максимална брзина од 240 километри на час.
Со задоволство би поседувал,возел и чувал еден ваков примерок дур сум жив :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Колата што ја бркав зимото и што не можев да ја стасам за да прашам дали се продава - ја лоцирав денес...
Иста ваква, бојата малце по лимонеста. Таков прекрасен олдтајмер одамна немам зачекано. Додуша, сака малце средување лимови, ама царска е!
Само 1100 кубици има машинкава... леле како трга. Наводно, по кажувањата на постарите оделе и до 180. Убава... убава... ме израдува денес...

model_1977.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Saladin

Marko111

Нов член
14 март 2014
5
4
3
Уху .. моето олдтајмерче кое е во дворот од 1981вата .. и си го возам од време на време.

1500_FSO.jpg


polonez-1500-7.jpg


fso-polonez-dohc-04.jpg


img1083hr3.jpg


polonez-1500-fso-slika-28527527.jpg
Чичко ми имаше исто вакво само бело го продаде пред неколку години и многу ми беше жал кога го продаде :( шо боја е твоето имам заприметено вакво со портокалова боја 1500 кубика е така ? :D