Новогодишно украсување

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Слабости ми се китење елка и украсување по дома. Ми се чини повеќе внимание посветувам на тоа, отколку на себе. :D
Имам две елки. Една бела, голема речиси до таван, за во дневна, и помала зелена за кај мене во соба, ама зелената некои 2 години ја немам китено оти ги испокршив лампионите. Ставам сијалички на тераса, ставам венци и ѕвонци по врати. Дете. :giggle
Обично белата ја китам со црвени, сини и златни лампиони и многу сијалички, ама оваа година сакам само со црвени, некако најубаво ми делува така, црвеното дели, а воедно додава топлина на белината. Мх, едвај чекам... (inlove)
Се изнагледав украси во Џамбо оној пат, не можеа да ме тргнат од одделот.
Вака нешто планирам.
tumblr_lsckkdBRiD1r28dgdo1_500_large.jpg


Што се однесува до атмосферата, си умирам по ваква.
tumblr_lwqr4mMtdu1qb6n1oo1_500_large.png


tumblr_mda1efyMg81r3qz1lo1_500_large.jpg


tumblr_lvsih7wHyG1qj7acbo1_500_large.jpg

(inlove)
лелеее и мене ми е слабост украсубањето за нова година.. обожавам новогодишна атмосфера ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Robert P and endzi

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Искрено како мало дете си се радувам кога треба да дојде време за украсување и сама си украсувам дома не остава никој да помогне.Елката последните две години ја украсувам исклучително со црвени златни и плави лампиони,ставам сијалички и црвена ѕвезда на врвот од елката.На влезната врата закачувам венче направено од гранки од вештачка елка со црвена лента и некои лампиони помалечки.Под елката го ставам мојот дедо мраз кој што ми го купи татко ми уште кога бев малечка.Не ги украсувам сите соби само дневната кај што седи елката и во собата кај што спијам ставам украси кои ги купувам во продавниците.Штета немам слики од претходните години да поставам но сигурно ќе поставам за неколку недели кога ќе си дојде времето за украсување :)
 

Snape

Истакнат Член
14 февруари 2012
285
401
63
28
Hogwarts School of Witchcraft and Wizardry
Како мал многу се радував коа ја китевме ... сеа ја китам ама не сум толку еуфоричен. Ја китиме или на 9 Декември ( пошто тогаш ми е роденден) или неколку дена после. А за украсувањето по дома мојте се ангажираат .. ги обиколуваме терасите со сијалички во црево, на влезната врата ставаме венче со дедо мраз... Во прилог 3 слики од пред 2 3 години пошто од лани неам ни 1 слика.
 

Прикачувања

  • 091224_123242.jpg
    091224_123242.jpg
    427.1 KB · Прегледи: 17
  • 091224_123258.jpg
    091224_123258.jpg
    349.3 KB · Прегледи: 17
  • DSCN02295.jpg
    DSCN02295.jpg
    774.5 KB · Прегледи: 17
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

endzi

Нов член
28 ноември 2012
1
1
3
i jas kako pomala mnogu se raduvav na kitenje na elkata i ukrasuvanje po doma ne davav na nikogo da nakiti jas samata sekoja godina si kitev i sega se raduvam na kitenjeto na kukjata ama ne tolku kolku sto bev koga bev pomala haha:sreken bese toa nekogas sega kitam samo poradi vnukata koja ima 4 godinki koja mnogu se raduva na elkata kako ova e isto:wavespin :giggle
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Уште не ми е наместена елката ама оваа година изразив желба елката да си ја ставам во мојата соба ама бидејќи нема многу простор ќе си купам помала елка иста ваква
small-christmas-tree-on-shelf.jpg
Само шо нема вака да ми биде украсена.Ќе ставам зелени и сиви лампиони со плава лента а сијалички ќе си ставам на прозорецот
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Одамна го баталив украсувањето. Украсите факаат прашини по кутии. Мразам зима.

The-Grinch-how-the-grinch-stole-christmas-31423260-1920-1080.jpg
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Одамна го баталив украсувањето. Украсите факаат прашини по кутии. Мразам зима.

The-Grinch-how-the-grinch-stole-christmas-31423260-1920-1080.jpg
Јас единствено лани не ја украсив елката. Бев во таков период шо ништо уствари не можеше да ме направи среќна, а моите не сакаа да украсуваат без мене и си ја поминавме новата година без елка. Ама затоа годинава ептен се радувам :D
Дај ако не украсите, нека не фаќаат прашина за џабе :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник