Во право си за се што кажуваш, но ваквиот наш разговор нема поента бидејки ти од почеток ја занемаруваш мојата представа за бог и пишуваш за богот кој што ти го замислуваш, а едниот со другиот немаат допирна точка.
Од перспектива на човекот се што не ни се допаѓа може да е зло, но реално, злото е имагинарен поим, замислен, го нема во природата не постои, сите дејствувања кои што ние би ги нарекле како зли, се всушност чин на љубов. Јас јадам овошје бидејки го обожавам и среќна сум кога јадам и ја чувствувам божјата љубов која ги создала тие сочни плодови кои не само што ми се вкусни, туку и ми го продолжуваат животот, ти јадеш месо бидејки го сакаш и ти ја чувствуваш љубовта која што ги создала животните кои ги јадеш бидејки те одржуваат во живот, нема зло тука, без разлика што ме боли помислата дека месото во твојата чинија е убиено невино животно, свесна сум дека така е затоа што мојата перцепција во моментот дозволила такво гледиште, а не дека навистина е така. Секогаш ке има нечија смрт која што ке не убие од болка и смрт која што ке не израдува, се зависи од тоа како на нас ке влијаат последиците од сето тоа. Постојат луѓе кои што заболеле од тешки болести и дозволиле да се почувствуваат како жртви и иако преживеале, ја опишуваат болеста како најстрашно нешто кое што им се случило во животот, додека постојат луге кои ке ти кажат дека болеста била најдоброто нешто што го доживеале, бидејки во тие моменти сфатиле колку им вреди животот и после победувањето на истата живеат многу среќно.
Се има повеќе страни, се е релативно, секоја можна ситуација може да се разбере од бесконечно многу агли и ниту една не е вистинска и ниту една не е лажна, сето тоа е само уште една перспектива, уште едно поинакво гледиште, а бог не може да биде на една страна, тој како творец на се што постои е подеднакво творец и на убиецот и на убиениот, на силувачот и на силуваниот, на лавот и на срната, на мене и на зеленчукот во мојата салата, на тебе и на стекот во твојата....
Јас не велам дека човекот треба да ги оправда дејствувањата на педофилите, убијците, силувачите, џихадистите... човекот со причина е создаден со емоции и во ред е да не ги оправдува и да се бори против тие нешта, но кага зборуваме за бог, тогаш муабетот е друг, се надевам дека сега ме разбираш што сакам да кажам.