Па веќе објаснив предходно, Бог не е личност како што религиите го опишуваат, Бог едноставно е суштината на која се темели реалноста, Бог е самото постоење, универзална - космичка Свест, како што и ти самиот си кажал во текстот од 2010-та година. Свеста е примарна во својата суштина, со повеќе нивоа, таа е фундаменталната реалност и нејзината природа е холограмска. Тоа што ние го искусуваме како свесност е едно од многуте нивоа.
Еве едно интересно предавање за природата на Свеста:
Е па тоа е проблемот, поимот бог сам по себе повлегува религиски и натприродни конотации, не може да биде бог а да биде рационално поставен ентитет. Овен тоа повлекува намера, цел, програма, било како...
А за другото, дали би било хипер-свест, холограм или нешто трето кое сеуште не можеме да го сфатиме, тоа е веќе друга работа...