Нека биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Појма немам, зборувам дека ми е апсолутно непознато што е Бог и дали го има, нема итн. Би требало да зборувам за изгледот на душата? Тогаш би значело дека од сламка до слон сите имаме иста душа?
Значи.... не знам.
Ако ти знаеш, ама знаеш од лично искуство а не од читање и сл., би сакала да ми кажеш кој е Бог и дали воопшто го има, ама онака едноставно и просто, без двосмислени реченици и поими.
Пак ќе се повторам, како сте толку сигурни дека знаете шо е Бог. Исто @malo погоре е сигурна и детално објаснува шо е Бог и како се однесува итн. Како?
Не велам дека знам кој/што е бог, само пишувам како лично го доживувам.
Долга тема е, што и да напишам ке бидам погрешно сфатена, една перцепција имаш ти за нештата, друга јас и повторно ке се заплеткаме во зборовите кои секогаш ја ограничуваат суштината.
Сепак ке кажам дека тоа е процес на себеспознавање, процес на будење на некоја повисока свест која ти отвара нова перспектива на нештата, процес кој што се повеке те доближува кон ,,големата слика,, и тогаш од прилика почнуваш да се поврзуваш со она што јас го нарекувам бог, а всушност сме самите ние, универзумот во кој сме многу мал дел и универзумот кој што е во нас...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Хмммм..кратко кажано, божја воља е дали ќе ти ги ислуша молитвите, дали ќе живееш во беда или среќа....значи колку и да се биде духовно поткован и се молиш за спасение и тнтртнтр ако на бог не му е по негова воља, се е бадијала!! Па зошто ни ја дал тогаш слободната воља, да му бидеме поинтересни за забава!???
Зошто мислиш дека бог е човек? Ако бог го создал човекот според својот лик (погоре ти објаснив зошто е тоа така) , тоа не значи дека и самиот е човек. Само човек може да злоупотребува за забава, само човек може да пресудува кој колку заслужил, само човек казнува, само човек наградува и само човек мисли дека за да му се случи добро мора да моли, да заслужи и да се подпикнува. Се друго во природата, вклучувајки ги и божјите закони, е само нормален тек, едно нормално движење на причинско-последователните процеси со цел да се оджува постоењето.
Бог ти дал волја и наместо да носиш зејтини во црква за после смртта да одиш во рајот, искористи ја таа волја за да си го створиш рајот сега и тука каде што си. Бог не создал слични на него, односно со способност да создаваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А што е зло според тебе? Дали уништувањето е зло? Во универзумот постојано се уништуваат цели галаксии секој момент, дали тоа е зло или пак зло е кога лавот лови зебра и кога со нејзиното тело ги прехранува малите лавчиња? Зло во природата не постои, злото постои само во перцепцијата на лугето, само човекот е доволно голем егоист за сето она што не му се допаѓа да го нарекува зло. Јас како веган можам до бескрај да зборам дека јадењето месо е зло, но ти со тоа нема да се сложиш нели.:kafe
Ако бог не е љубов, тогаш како е можно создавањето, постоењето.. како тогаш е можно безусловното давање во природата, како е тогаш можно одржувањето на природниот баланс помеѓу разните видови на жива и нежива природа? Самиот чин на создавање е љубов, љубов кон животот, љубов кон постоењето...
Остави ги религиите на страна, моето разбирање на бог нема допирна точка со ниту една религија и неколку пати имам кажано дека не сум религиозна. Богот за кој зборувам не е бог во кој верувам, туку бог кој можам да го чувствувам.

1. Слободна волја постои, но исто така, како што секој принцип си има свои закони според кои дејствува, така и бог (во предходното мислење пишував повеке за ова). Доколку тие закони не постоеја, тогаш и животот сам по себе не би имал никаква смисла, а се што постои има своја смисла, мора да има смисла за да може да се одржува. Шќељзим и Митре можат да прават се што сакаат, природата ништо не им забранува, но тоа не значи дека истата ке се промени поради нив. И фрлање од десетти спрат од зграда е летање на некој начин.

2.Не постојат реални жртви. Сите живи суштества умираат, тоа е еден од законите кои се непроменливи во нашата природа, а бог не се менува за никого бидејки тој не разликува добро од лошо, бидејки добро и лошо не постојат. Личноста која што ти во моментов ја перцепираш како убиец, исто така може да ја перцепираш и како жртва доколку погледнеш од друга перспектива, а личноста која ја перцепираш како жртва во случајот можеби ниту самата не се доживува како таква. Бог не е судија за да калкулира и да проценува кој повеќе заслужува а кој помалку, тој само дава, отвора врати за да си ја исполниме волјата, но не си ги менува законите, бидејки бог е принцип, а принципите се непроменливи.

Секое загрозување на животот, здравјето, плодовите на трудот и слободата на движење се зло, поедноставна дефиниција здравје.
Оние кои го прават тоа се зли. Тоа ти е универзална моралност и важи од почетокот на човештвото до денес, правните системи се само продолжување на непишаните традиции.

Па да, јасно дека злото е човечки концепт, како и многу други ствари.
Како да објаснам....замисли мрсен дебел забраден лигав педофил, твое дете, подрум и лопата. Дали овие зборови ти се одвратни, грозни, самата помисла ти прави мачнина? Е тоа ти е зло, таа недефинирана присутност на нешто тешко, нешто повеќе од болка. Зло. Постои и луѓе страдаат секојдневно.

Животињето и растенијата се за исхрана, чоекот треба да ги ја истражи вселената, внатрешна и надворешна, како шо кажуваше Бил Хикс. На кромидот и нојот толку им делиле наречниците, треба да се гордеат што ќе бидат на нечија трпеза!:gladen
Ти според сопствените принципи треба да се сметаш за зла особа пошто убиваш растенија. Настрана шо осеќаат бол, едноставниот чин на прекинување на нивниот живот те прави убица :) Треба да поработиш на логиката малку.

Е тоа не навлегувам во замислени концепти за некакви богови, љубови, енергии, тоа секој може да си замисли, што се однесува до постоечките религии и нивните теологии 3.000 години се мачат да покажат семоќен, безгрешен бог (кој е љубов) при постоење на зло, и сите фејлнале до сега.

Но како и да си го замислуваш тој бог, ако паѓа на наједноставни логика и не е којзнае шо бог, ацтечките биле барем забавни :kafe
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Секое загрозување на животот, здравјето, плодовите на трудот и слободата на движење се зло, поедноставна дефиниција здравје.
Тоа загрозување може да биде и во случаи на самоодбрана, така да според мене посоодветна дефиниција за тоа што е зло од човечки аспект е садизмот. Задоволството да се уништува и нанесува болка и страдање поради ниедна друга причина освен задоволството да се гледа некој како страда и да се гледа како нешто бива уништено. Според мене тоа е најсоодветната дефиниција за злото, секоја друга ситуација може да има аспект што ќе посочи на мотив што ќе може да најде оправдување. Дали самоодбрана, одмазда, страв...или слично. Но садизмот има само еден мотив - задоволството во нечие страдање и болка, без никаква друга причина од типот одмазда, љубомора, омраза...итн, итн.
 
Во право си за се што кажуваш, но ваквиот наш разговор нема поента бидејки ти од почеток ја занемаруваш мојата представа за бог и пишуваш за богот кој што ти го замислуваш, а едниот со другиот немаат допирна точка.
Од перспектива на човекот се што не ни се допаѓа може да е зло, но реално, злото е имагинарен поим, замислен, го нема во природата не постои, сите дејствувања кои што ние би ги нарекле како зли, се всушност чин на љубов. Јас јадам овошје бидејки го обожавам и среќна сум кога јадам и ја чувствувам божјата љубов која ги создала тие сочни плодови кои не само што ми се вкусни, туку и ми го продолжуваат животот, ти јадеш месо бидејки го сакаш и ти ја чувствуваш љубовта која што ги создала животните кои ги јадеш бидејки те одржуваат во живот, нема зло тука, без разлика што ме боли помислата дека месото во твојата чинија е убиено невино животно, свесна сум дека така е затоа што мојата перцепција во моментот дозволила такво гледиште, а не дека навистина е така. Секогаш ке има нечија смрт која што ке не убие од болка и смрт која што ке не израдува, се зависи од тоа како на нас ке влијаат последиците од сето тоа. Постојат луѓе кои што заболеле од тешки болести и дозволиле да се почувствуваат како жртви и иако преживеале, ја опишуваат болеста како најстрашно нешто кое што им се случило во животот, додека постојат луге кои ке ти кажат дека болеста била најдоброто нешто што го доживеале, бидејки во тие моменти сфатиле колку им вреди животот и после победувањето на истата живеат многу среќно.
Се има повеќе страни, се е релативно, секоја можна ситуација може да се разбере од бесконечно многу агли и ниту една не е вистинска и ниту една не е лажна, сето тоа е само уште една перспектива, уште едно поинакво гледиште, а бог не може да биде на една страна, тој како творец на се што постои е подеднакво творец и на убиецот и на убиениот, на силувачот и на силуваниот, на лавот и на срната, на мене и на зеленчукот во мојата салата, на тебе и на стекот во твојата....
Јас не велам дека човекот треба да ги оправда дејствувањата на педофилите, убијците, силувачите, џихадистите... човекот со причина е создаден со емоции и во ред е да не ги оправдува и да се бори против тие нешта, но кага зборуваме за бог, тогаш муабетот е друг, се надевам дека сега ме разбираш што сакам да кажам.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Тоа загрозување може да биде и во случаи на самоодбрана, така да според мене посоодветна дефиниција за тоа што е зло од човечки аспект е садизмот. Задоволството да се уништува и нанесува болка и страдање поради ниедна друга причина освен задоволството да се гледа некој како страда и да се гледа како нешто бива уништено. Според мене тоа е најсоодветната дефиниција за злото, секоја друга ситуација може да има аспект што ќе посочи на мотив што ќе може да најде оправдување. Дали самоодбрана, одмазда, страв...или слично. Но садизмот има само еден мотив - задоволството во нечие страдање и болка, без никаква друга причина од типот одмазда, љубомора, омраза...итн, итн.
Но и во овој случај може да има оправдување, а тоа е дека садизмот може да им се препише како особина на психички пореметени луѓе кои во минатото доживеале некоја траума. Доволно е да помислиш дека кога и би го живеел животот на некоја рандом личност која што поради околностите се развила во таква каква што е, најверојатно и ке си бил таков.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Но и во овој случај може да има оправдување, а тоа е дека садизмот може да им се препише како особина на психички пореметени луѓе кои во минатото доживеале некоја траума. Доволно е да помислиш дека кога и би го живеел животот на некоја рандом личност која што поради околностите се развила во таква каква што е, најверојатно и ке си бил таков.
Не навлегувам за причините што би го предизвикале садизмот, исто како што не навлегувам што би била причината за појавата на омразата или одмаздата, друг муабет е тоа. Зборувам за садизмот како најсоодветна дефиниција за злото. Дали причината е психолошка или некоја друга, тоа е друга тема на дискусија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не навлегувам за причините што би го предизвикале садизмот, исто како што не навлегувам што би била причината за појавата на омразата или одмаздата, друг муабет е тоа. Зборувам за садизмот како најсоодветна дефиниција за злото. Дали причината е психолошка или некоја друга, тоа е друга тема на дискусија.
Да, те разбрав што сакаш да кажеш, јас повеке сакав да си го надополнам постот кој го пишав пред овој, некако ми се вклопи.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не велам дека знам кој/што е бог, само пишувам како лично го доживувам.
Долга тема е, што и да напишам ке бидам погрешно сфатена, една перцепција имаш ти за нештата, друга јас и повторно ке се заплеткаме во зборовите кои секогаш ја ограничуваат суштината.
Сепак ке кажам дека тоа е процес на себеспознавање, процес на будење на некоја повисока свест која ти отвара нова перспектива на нештата, процес кој што се повеке те доближува кон ,,големата слика,, и тогаш од прилика почнуваш да се поврзуваш со она што јас го нарекувам бог, а всушност сме самите ние, универзумот во кој сме многу мал дел и универзумот кој што е во нас...
Океј е тоа, твоето лично доживување, тоа го разбирам.
Но ако злото е само човечка димензија, тогаш зошто љубовта би била божја? Не ти е потребна љубов за да создаваш. Повеќе би рекла е прашање на љубопитност, истражување на својата моќ и што сѐ можеш да направиш со таа моќ. Можеби (веројатно) Бог е бесконечна интелигенција, но љубов не е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Океј е тоа, твоето лично доживување, тоа го разбирам.
Но ако злото е само човечка димензија, тогаш зошто љубовта би била божја? Не ти е потребна љубов за да создаваш. Повеќе би рекла е прашање на љубопитност, истражување на својата моќ и што сѐ можеш да направиш со таа моќ. Можеби (веројатно) Бог е бесконечна интелигенција, но љубов не е.
Да, баш така, бог е бесконечна интелегенција пред се, но и интелегенцијата сама по себе представува љубов. (ова може и да не важи за човековата интелегенција, морам да потенцирам за да не бидам погрешно разберена, во случајов мислам исклучиво на бесконечната интелегенција на бог )
Интелегенцијата која создава, всушност се мултиплицира самата себе, размножувајки се во најразлични форми и создава систем кој самиот себеси ке може да се одржува, а доколку во таа интелегенција не постои љубов, тогаш нема никаква логика да се оддржува во постоењето, односно не би имало логика да постои постоењето. Во прашање е некој вид на опстанок на самото постоење, а опстанокот не е возможен без љубов кон самото постоење. Љубопитноста секогаш е поттикната од љубов кон учењето и истражувањето на својата моќ е секогаш поттикнато од љубов кон сопствената моќ. За нешто да постои мора да сака да постои, во спротивно не би постоело.