Нека биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Многу ми е интересно кога со толкава сигурност се зборува за Бог и дека тој е ова или она, ваков или таков. Од каде бре знаете што е и кој е Бог?
Синот и отецот се едно,ако си го видела синот си го видела и отецот!
Во превод,од самиот себе!:)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Синот и отецот се едно,ако си го видела синот си го видела и отецот!
Во превод,од самиот себе!:)
Аха, значи ако синот е коњ и отецот е коњ? Ако синот е сонце, тогаш отецот е сонце? Ако синот е дрво, отецот е дрво?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Аха, значи ако синот е коњ и отецот е коњ? Ако синот е сонце, тогаш отецот е сонце? Ако синот е дрво, отецот е дрво?
Токму така.
Во поголем случај е огледало,па што ќе видиш во него ,тоа е бог!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Токму така.
Во поголем случај е огледало,па што ќе видиш во него ,тоа е бог!
Нека е така. Тогаш не е точно дека Бог нѐ создал според неговиот лик, оти ние имаме една дефинирана форма и не сме огледала.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Нека е така. Тогаш не е точно дека Бог нѐ создал според неговиот лик, оти ние имаме една дефинирана форма и не сме огледала.
Зборуваш за изгледот на телото или за "изгледот" на душата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Зборуваш за изгледот на телото или за "изгледот" на душата?
Појма немам, зборувам дека ми е апсолутно непознато што е Бог и дали го има, нема итн. Би требало да зборувам за изгледот на душата? Тогаш би значело дека од сламка до слон сите имаме иста душа?
Значи.... не знам.
Ако ти знаеш, ама знаеш од лично искуство а не од читање и сл., би сакала да ми кажеш кој е Бог и дали воопшто го има, ама онака едноставно и просто, без двосмислени реченици и поими.
Пак ќе се повторам, како сте толку сигурни дека знаете шо е Бог. Исто @malo погоре е сигурна и детално објаснува шо е Бог и како се однесува итн. Како?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Појма немам, зборувам дека ми е апсолутно непознато што е Бог и дали го има, нема итн. Би требало да зборувам за изгледот на душата? Тогаш би значело дека од сламка до слон сите имаме иста душа?
Значи.... не знам.
Ако ти знаеш, ама знаеш од лично искуство а не од читање и сл., би сакала да ми кажеш кој е Бог и дали воопшто го има, ама онака едноставно и просто, без двосмислени реченици и поими.
Да,постои.
Кој е,...не постои збор со кој може да се опише,секој обид за тоа би било лага!:x
Можам и да те лажам,бидејќи тој е и лага.:gjavol
Доволно просто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Да,постои.
Кој е,...не постои збор со кој може да се опише,секој обид за тоа би било лага!:x
Можам и да те лажам,бидејќи тој е и лага.:gjavol
Доволно просто?
Не ми кажа како знаеш :zelen нема везе, да не тупам отпоќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
:gjavol

Во ред,ако за тебе божја волја преставува рамка - оквир кој треба да си го носиш на вратот,за друг може да е нешто друго,иако и тоа друго е рамка во некоја друга смисла.
Кратко кажано без многу ширење,божја волја е константна промена, како сакаш врти ги зборовите, секојпат нештата се во дижење!:sreken
Хмммм..кратко кажано, божја воља е дали ќе ти ги ислуша молитвите, дали ќе живееш во беда или среќа....значи колку и да се биде духовно поткован и се молиш за спасение и тнтртнтр ако на бог не му е по негова воља, се е бадијала!! Па зошто ни ја дал тогаш слободната воља, да му бидеме поинтересни за забава!???
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не постои зло?
Како тоа не постои зло, сериозно, дали таквиот став е некој полусварен мистицизам како резултат на преголемо учество на ирационалноста при мисловните процеси?

`Човекот` не е една унифицирана категорија, постојат многу разлики од раѓање, од едната крајност на психо/социопатијата, сивата или златна средина па се до алтруизмот и херојството на другиот крај.

Бог не може да е љубов.
Омилената теолошка гимнастика на религиите за слободната воља како извор на злото, иако стара со милениуми е срање.
Зошто е срање и како тоа некој си Аутрајдер на некаков си форум се дрзнува да напише такво нешто?

1.Ако слободната воља постои таа ќе може да се манифестира без разлика на физичките ограничувања. Шќељзим и Митре да се фатат за рака и да се обидат да полетаат од петти спрат. Џабе слободна воља.

2.Преференција. Ако имаш две особи, особа А со воља да убие некого и особа Б со воља да не умре, доколку вољата на особата А испадне исполнета тогаш Бог активно дозволува зло, смрт и страдание бидејќи допуштил да се реализира вољата на убицата а не вољата на жртвата.

3.Вие земјаните сте језиви (party)
А што е зло според тебе? Дали уништувањето е зло? Во универзумот постојано се уништуваат цели галаксии секој момент, дали тоа е зло или пак зло е кога лавот лови зебра и кога со нејзиното тело ги прехранува малите лавчиња? Зло во природата не постои, злото постои само во перцепцијата на лугето, само човекот е доволно голем егоист за сето она што не му се допаѓа да го нарекува зло. Јас како веган можам до бескрај да зборам дека јадењето месо е зло, но ти со тоа нема да се сложиш нели.:kafe
Ако бог не е љубов, тогаш како е можно создавањето, постоењето.. како тогаш е можно безусловното давање во природата, како е тогаш можно одржувањето на природниот баланс помеѓу разните видови на жива и нежива природа? Самиот чин на создавање е љубов, љубов кон животот, љубов кон постоењето...
Остави ги религиите на страна, моето разбирање на бог нема допирна точка со ниту една религија и неколку пати имам кажано дека не сум религиозна. Богот за кој зборувам не е бог во кој верувам, туку бог кој можам да го чувствувам.

1. Слободна волја постои, но исто така, како што секој принцип си има свои закони според кои дејствува, така и бог (во предходното мислење пишував повеке за ова). Доколку тие закони не постоеја, тогаш и животот сам по себе не би имал никаква смисла, а се што постои има своја смисла, мора да има смисла за да може да се одржува. Шќељзим и Митре можат да прават се што сакаат, природата ништо не им забранува, но тоа не значи дека истата ке се промени поради нив. И фрлање од десетти спрат од зграда е летање на некој начин.

2.Не постојат реални жртви. Сите живи суштества умираат, тоа е еден од законите кои се непроменливи во нашата природа, а бог не се менува за никого бидејки тој не разликува добро од лошо, бидејки добро и лошо не постојат. Личноста која што ти во моментов ја перцепираш како убиец, исто така може да ја перцепираш и како жртва доколку погледнеш од друга перспектива, а личноста која ја перцепираш како жртва во случајот можеби ниту самата не се доживува како таква. Бог не е судија за да калкулира и да проценува кој повеќе заслужува а кој помалку, тој само дава, отвора врати за да си ја исполниме волјата, но не си ги менува законите, бидејки бог е принцип, а принципите се непроменливи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija