Не велам дека знам кој/што е бог, само пишувам како лично го доживувам.Појма немам, зборувам дека ми е апсолутно непознато што е Бог и дали го има, нема итн. Би требало да зборувам за изгледот на душата? Тогаш би значело дека од сламка до слон сите имаме иста душа?
Значи.... не знам.
Ако ти знаеш, ама знаеш од лично искуство а не од читање и сл., би сакала да ми кажеш кој е Бог и дали воопшто го има, ама онака едноставно и просто, без двосмислени реченици и поими.
Пак ќе се повторам, како сте толку сигурни дека знаете шо е Бог. Исто @malo погоре е сигурна и детално објаснува шо е Бог и како се однесува итн. Како?
Долга тема е, што и да напишам ке бидам погрешно сфатена, една перцепција имаш ти за нештата, друга јас и повторно ке се заплеткаме во зборовите кои секогаш ја ограничуваат суштината.
Сепак ке кажам дека тоа е процес на себеспознавање, процес на будење на некоја повисока свест која ти отвара нова перспектива на нештата, процес кој што се повеке те доближува кон ,,големата слика,, и тогаш од прилика почнуваш да се поврзуваш со она што јас го нарекувам бог, а всушност сме самите ние, универзумот во кој сме многу мал дел и универзумот кој што е во нас...