На која религија припаѓате?

Од која религија сте ?

  • Католичка

    Гласови: 2 1.5%
  • Православна

    Гласови: 94 71.8%
  • Муслиман

    Гласови: 4 3.1%
  • Не верувам

    Гласови: 25 19.1%
  • Друга религија/секта (ќе наведам во мислење)

    Гласови: 6 4.6%

  • Вкупно гласале
    131

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Изборот на религија не е проблем сите ја гасат жедта во духовното верување,
проблем е што после се станува нејзин производ,
со што не ви помагаат самите да постанете извор.

flasirana-voda.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не се срами, признај дека си Јеховин сведок и дека продаваш религија од врата на врата.


Тоа беше порано... откако конечно едни се смилуваа и ме примија дома да им проповедам, се збунив и не знаев што да правам, ме мавна криза на идентитет. После тоа направив трансфер во Адвентисти, сега сум господин човек и не одам по куќи, чекам луѓето да дојдат кај мене водени од Небесната сила. Како беше она - ако не сакала планината да појде кај Мухамед, Стивен Сигал ќе и залепел две-три на планината и таа ќе тркнела накај Мухамед...or something...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Прашање кое често ми го поставуваат "Од која религија си?" "На која религија припаѓаш?" "Во кој бог веруваш?"
Одговорот ги збунува,да не кажам ги насмејува.
Објаснување не им е потребно бидејќи живеат во својата верување каде помалото треба да припадне-верува на поголемото.
Секоја религија или филозофија произлегла од човек,кога викам човек мислам на само човек,основно појдовно размислување од самиот почеток на неговото постоење,нема никаква "облека" од светот,како име,нација,култура,поими преку кој себе би се разликувал од тебе и мене,него само човек,ништо повеќе.
Овој начин на состојбата на умот,каде се отфрлени сите праталчиња останувјќи само гол поим за човек се помислата за умирање,
не она умирање кое во секојдневниот живот го доживувате,него едно поинакво ,помалку застапено и истото несватливо,но сепак постои.

Ако кажам од тоа умирање ниту поимот човек не постои,нема да погрешам,но сепак како репер за ваше осознавање и место каде треба да дојдете е потребен.
Во тоа живеење или умирање на самиот поим човек,сами создавате илузија за да постоите,илузија на дете,илузија на тинејџер,илузија на заводник,илузија на љубовник,илузија на зрела личност и илузија на старец,сите илузии ги создавате и самиот себе се јадете за да доживеете уште поголема илузија дека с'е и ништо сте.
Па ако човек е црвсто убеден во своето постоење и верува во својата илузија не "јадејќи се",
тогаш религите и филозофиите се истот така илузија за едното со друго да се поништат,но како во повеќето случаеви тоа вас ќе ве изеде,
добивајќи помисла дека тоа е поголемо од вас,а со тоа и чуство за припадност кон истото.

Често на ова прашање одговарам,јас не припаѓам на ниту една религија,тие ми припаѓаат мене!

Ако тргнеш од позиција на гол човек,ќе го разбереш тоа што го напишав.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ниту една старо-еонска религија не покажа реална основа за да можам да бидам дел од истата.
Ниту една од нив не е блиска со природата на човекот...
Можеби за некој нудат надеж, вера, љубов - но не гледам љубов кај ниту една религија денес. Само философии и политика во вистинска смисла на зборот - управување со масата за максимално искористување на импулсот на нивното дејствување во светот!

Зошто нудат надеж и вера? Зошто не реалност и знаење?

П.С. Ова само за да така, можеби започне некоја дискусија... муслимани, православни, католици... што сте запнале со различни религии и различни богови кои некои се многу непријателски настроени еден спрема друг? Како избравте каде ќе припаѓате? Според вашето верување? Од каде е тоа верување?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
За која реалност и какво знаење пишуваш?

За божјо знаење, религиите нудат богови нели и нивните „размисли“...
Божествена етика и морал, политички ситем божји нуди истата...
За такво знаење и од каде тоа... божествена политика и управување со луѓето: во моментот и во иднина!

Не само: јас сум православен... или јас сум... муслиман... и тоа не треба да се објасни?
Не треба да се даде објаснување зошто еврејскиот бог решил (или пак „светите“ отци) жената да НЕМА право да оди кај олтарот во храмот?
Не треба некој муслиман да даде објаснување како тоа шеријатот е „божјо“ уредување на „држава“?
Религијата не бара во својата срж „еден бог, едно уредување“ на Земјата?
Целата Земја да биде „света“ земја со еден бог!
Не треба религијата денес да даде објаснување како тоа во исто време Светото тројство и Алах војуваат на Земјата и како планираат да создадат единство?

Или ќе бидеме романтичари и ќе дрдориме за „душата“ и „единство“ со едниот вистински бог?
Знаење треба за религиите: историја, политика, етика, морал... малку наука!

Религиозниот романтизам ги одржа религиите да бидат силни до XIX век! И сеуште создаваат некакви си верници... кои не им годи слободната мисла, новата етика, новиот човек!