Прашање кое често ми го поставуваат "Од која религија си?" "На која религија припаѓаш?" "Во кој бог веруваш?"
Одговорот ги збунува,да не кажам ги насмејува.
Објаснување не им е потребно бидејќи живеат во својата верување каде помалото треба да припадне-верува на поголемото.
Секоја религија или филозофија произлегла од човек,кога викам човек мислам на само човек,основно појдовно размислување од самиот почеток на неговото постоење,нема никаква "облека" од светот,како име,нација,култура,поими преку кој себе би се разликувал од тебе и мене,него само човек,ништо повеќе.
Овој начин на состојбата на умот,каде се отфрлени сите праталчиња останувјќи само гол поим за човек се помислата за умирање,
не она умирање кое во секојдневниот живот го доживувате,него едно поинакво ,помалку застапено и истото несватливо,но сепак постои.
Ако кажам од тоа умирање ниту поимот човек не постои,нема да погрешам,но сепак како репер за ваше осознавање и место каде треба да дојдете е потребен.
Во тоа живеење или умирање на самиот поим човек,сами создавате илузија за да постоите,илузија на дете,илузија на тинејџер,илузија на заводник,илузија на љубовник,илузија на зрела личност и илузија на старец,сите илузии ги создавате и самиот себе се јадете за да доживеете уште поголема илузија дека с'е и ништо сте.
Па ако човек е црвсто убеден во своето постоење и верува во својата илузија не "јадејќи се",
тогаш религите и филозофиите се истот така илузија за едното со друго да се поништат,но како во повеќето случаеви тоа вас ќе ве изеде,
добивајќи помисла дека тоа е поголемо од вас,а со тоа и чуство за припадност кон истото.
Често на ова прашање одговарам,јас не припаѓам на ниту една религија,тие ми припаѓаат мене!
Ако тргнеш од позиција на гол човек,ќе го разбереш тоа што го напишав.