Најдобри филмови, серии, актери, филмски ликови...

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Во консултација со @Хоуп* решивме да го размрдаме подфорумов колку можеме. :)
Можеби темава ќе ви изгледа слична како таа за споредба на филмови, но не е така. Сега ќе ви појаснам што е целта на темава. :)

Значи како што пишува во насловот. Најпрво ќе имаме дуели на филмови од ист жанр и ќе бираме најдобри од тој жанр.
На пример први ќе бидат дуели на акциони филмови, па после тоа трилери, па хорори итн...
Од секој жанр ќе има по 4 дуели, дуелите ќе ги ставаме јас или @Хоуп* . Дуелите се добро одбрани така да ако вашиот омилен филм изгуби не сме ние криви. :)

Е сега, откако ќе ни се потрошат жанровите тогаш ќе почнеме со дуели на серии.
Но бидејќи не знаеме колку пратите серии, затоа тука нема да се поделени на жанрови туку ќе има вкупно 8 дуели, па после тие 8 ќе станат 4, па 2 и така до крајот. На крајот ќе одбереме најдобра серија, според вас нели. :)

После кога ќе завршиме и со сериите преминуваме на режисери. Потполно ист процес како со сериите. 16 режисери и 8 дуели. Исто ќе биде и со актерите. :)



Правилата се едноставни, би било добро да се држите до нив.

1. Може да се гласа еднаш за секој дуел.
2. За секој филм, серија, актер и режисер за кој ќе гласате пишете 2-3 реченици.
3. Гласовите кој ќе содржат само слика нема да се бројат.


Првиот дуел ќе ви го пишеме наскоро. :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Е па, да пробаме, па да видиме како ќе тече и што ќе се случува...

Прв жанр избравме да биде драма, а првиот дуел да биде меѓу Godfather и Pulp Fiction.

Е сега следно: Наредните 5 дена треба да си пишувате кој е според вас подобар филм од овие два, а ние после 5 дена и после соберените гласови (ако ги има секако) на филмот кој ќе победи ќе му додадеме друг филм од жанрот драма кој ќе се натпреварува во дуел со победничкиот.
Во план имаме уште 6 филма (вкупно 8) од овој жанр, кои ќе бидат додавани понатаму, додека на крај не излезе еден, а филмовите беа избрани од најдобрите и најпознати класици и филмови кои знаеме т.е сме прочитале низ рецензиите дека сте ги погледнале.

*И истата песна со сите жанрови понатаму.. Па и со серии, актери и режисери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Палп фикшн. Прво заради приказната. Појке сум фан на на такви приказни отколку мафијашки како Кум. Второ, режисерот и начинот на кој е прикажана приказната. И трето, актерите и дијалозите во палп фикш ми се многу поубави и полегендарни од тие во Кум. Да, кум има добри дијалози ама во Пал Фикшн се подобри.
3-0 за Палп Фикшн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мојот глас оди кај Кумот. :)

Супер филм е Pulp Fiction не викам не, ама Кум е ремек дело. Да не кажувам дека ми е омилен филм.
Актерска екипа, приказна, глума, перфекција од филм. Мафијашките пресметки во Њу Јорк, желбата за доминација во подземјето, мислам стварно, како може да не се сака филмов.:)

Филм за сите возрасти.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Малку е нефер да давам глас, со оглед на тоа што Палп го изгледав некаде до 40-та минута и не можев да додржам без да исклучам плеер. За разлика од Палп, Кумот си ги изгледав сите три дела во еден здив и ми беше одличен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Altaïr

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Палп фикшн го обожавам, мислам стварно си го сакам... саундтракот, глумците, се’ со ред..мислам Тарантино е автентичен тука нема збор...
Ама сепак ќе гласам за кумот...
Филмот си е класика, евергрин...Самата приказна, актерите, емоциите кои ги доловува...Неповтролив е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Кум- зошто и 10 пати да го гледаш никогаш не е досаден. Обожавам долгометражни со мафија се соживувам со истите, уствари Кум влегува во мојата топ 10 листа филмови на сите времиња...без размислување мојот глас оди таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ниту еден од понудените, Кум е јак филм од кинематографска гледна точка, режија, глума, фотографија и тие ствари, тука нема никакви дилеми... ама темата не ветува, глорифицирање на сицилијански сељаци/продукти на долгогодишен inbreeding кои отишле во Америка и си го однеле селото со нив во Њу Јорк или каде и да беше... среќа србите немаат такви буџети инаку ќе снимеа скапи филмови со ликови од `видимо се у читуљи`...фин саундтрак иначе.

Палп фикшн одамна го имам гледано, имаше добра глума, оригинални сцени и фин саундтрак ама пак е во прашање глорификација на тешки морони, криминален полусвет.

Нерешено :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Може и од мене нефер зошто Палп Фикшн никогаш не сум го изгледала до крај, еве веќе две години се обидувам, ама Тарантино вистина не е по мој вкус, а и филмов до кај што сум го гледала не ми се допадна нешто посебно, да не кажам и цело време гледав до кај сум стигната т.е едвај чекав да заврши.
А Кум од друга страна. т.е сите три дела ги изгледав во еден здив, успеа да ми го привлече вниманието, ми се допадна и мојот глас оди кај него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Altaïr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ниту еден филм од Тарантино неам до крај изгледано. Тоа не значи дека типот не го бива, туку едноставно не праи филмови што се по мој вкус.
А тоа што неговите филмови изобилуваат со насилство и пцовки и на тоа што се доделува многу поени на публицитет е веќе сосема различна тема за дискусија.
Кумот го гледав целосно (иако не во еден здив пошто ќе утепав сигурно 1 ипол ден :zelen: ) но имам мала замерка а тиа е како се отклопчува приказната така филмот оди надолу. Третиот дел мислам е ради реда правен. Кецот и двојката ја сочинуваат целината.
Гласот оди за Џими од Good fellas.... овај де Дон Корлеоне у млаѓи дани као Роберт Де Ниро и неговиот син Мајкл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr