Најдобри филмови, серии, актери, филмски ликови...

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Прво да кажам браво за сите што гласавте, јас мислев темава ќе си стои празна. Се надевам ќе ни се приклучат и други членови. :)
Има мала промена иначе. Нема да додаваме нов филм на победничкиот туку ќе ставаме нов дуел, значи победникот од дуелот што помина ќе биде во дуел со победникот од дуелот што следува, и така додека не останат само 2 филмови. Нешто како натпревар значи, и на крај ќе видиме кои 2 филмови ќе се во финалето. :)

Во првиот дуел резултатот е овој:
The Godfather 6
Pulp Fiction 1
Убедлива победа на Кум што значи Pulp Fiction нема да го гледаме повеќе.
Следниот дуел верувам ќе биде понеизвесен. Два филмови од кои ќе гласате за еден.


Schindler's List vs The Pianist

Имате 5 дена за гласање, доволно време да ги погледнете филмовите ако не сте ги гледале. Може да почнеме со гласање. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ех ако во претходниот дуел се двоумев малце повеќе, сега не толку.
Сум ги гледал и двата но Пијанистот некако не ми се допадна, не знам зашто. Шиндлеровата листа го засакав уште од првото гледање, многу добар филм, Бен Кингсли кога глуми филмот е ремек дело.
Крајот. :(
Така да без многу двоумење гласам за Schindler's List. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Иако и двата се добри филмови, кај Пијанист има поголема длабочина на ликовите и освртот е на страдалник во ситуацијата, сета таа атмосфера на осаменост и монотонија во обидот да се преживее. Епик сцените со конзервата краставици и кога сојузнички војници за малку ќе го упукаа откако го ослободија градот се незаборавни. Нормално и изведбата на Едриен Броди, ја има таа страдалничка аура. Значи глас за Пијанист :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Иако и двата филма ми се ептен по вкус, ќе го одберам Пијанист. Тешко е да бирам помеѓу два филма со потресна приказна ама ете.
Гласот ваљда го давам заради триумфалната сцена каде се изведува Шопеновата Grand Polonaise Brillante. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
:( Ќе видите вие што гласате за Пијанист. Се зезам. :)

Јас само да потсетам за да не се заборави темата. Уште 2 дена имате за гласање. :)
 
Последна промена од модератор:

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас доцна се вклучувам, не приметив дека сте ги започнале дуелите. За првиот дуел иако е завршен, ќе дадам одговор - Кум.

Од вториот дел ќе го изберам Schindler's List. Не сум некој преголем обожавател на филмови со теми поврзани со ВСВ, но ете овој е еден од ретките посериозни филмови на Спилберг. Ми се допаѓа пред се поради Нисон, мислам дека е една од неговите подобро одиграни улоги. Ми се допаѓа и тоа што филмот е црно-бел, па оној момент со девојчето во црвено се издвојува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Altaïr

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Од мене вака на негледано глас за Шиндлер и неговата листа. Го изнајмив оригинал филмов и го ѕирнав 10тина минути, убаво изгледа.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Човек не може да се реши за подобар во овој дуел, па само поради уникатноста на филмот (и затоа што е нерешено, а поминаа 5 дена) мојот глас оди кај Шиндлеровата листа и со тоа Пијанистот го напушта дуелот, а Шиндлер оди понатаму.

Следниот дуел во жанрот драма е меѓу овие два филма:
The Shawshank Redemption vs. The Green Mile