веќе 4 години свирам гитара, неам земано никакви часови едноставно си земав и си седнав да проучувам музика. Сеа за сеа добро ми иде, имам и по нешто авторско напраено ама има време со еден другар треба да го допраиме и да го склопиме. Претежно слушам прогресивни правци и инструментална музика и тоа е најголема причина зошто ја почнав да билдам техника, да вежбам по 7-8 саати дневно, да го тренирам слухот и сл. У последно време поради факултетов гитарите ми се дома и апстинирам по малку, ама коа се враќам душата им ја вадам
Сеа глеам некоја можност да си ја земам барем акустичната со мене, зашто додека слушам музика ме фаќаат кризи да си посвирам.