Муабети на дијалекти

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ја ме : ) чакум ги другаровете хахаха Ча се напијаме, џоа топкта на Рамос ча бидам : )
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Љољ брат користи си кумановски, валандовски и гевгелиски ме ептен нервира. Секој збор им содрже ум. Сакум, плакум, нејќум :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
33
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Литературно: Што ти е ?
Охридски: Шчо те коматит?

Литературно: Каде одиш?
Охридски: Кј се шлајш море!?

Литературно: Ништо не знаеш!
Охридски: Три чисти немаш!

Литературно: Каде оди девојката со големите гради?
Охридски: К’ј ојт онаа со цицкине, 5 минути понапрет?

Литературно: Те молам тргни се на страна.
Охридски: Ој мо мафни се!

Литературно: Надвор е многу ладно!
Охридски: Надвор ладно, мадиња пукет!

Литературно: Ај ако може еден тост со шунка.
Охридски: Дај еден тос со шунка !

Литературно: Бев до продавница.
Охридски: Имам бидено до на продавница.

Литературно: Ме боцкаат камењава.
Охридски: Ме дупет камењава.


Е нешчо од мене :zelen
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
ОВА Е КАЖАНО ОД МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ ОД БИТОЛА

Многупати ми имаат кажувано дека најубавите девојки живеат во Битола. Па, морам да признам дека во Битола има стварно многу убави цурици, па тоа кога ќе се прицнат, абе шо да ти расправам, нешто феноменално. Ќе си речиш во себе „Леле да му правам грев на она чупенцево„ а таа уствари веќе одамна е грешна (некаде од 13 години па нагоре). Е сега што е штосот со нив? Па ништо.Тие многу убаво си прават.Ќе ти дојди, ќе ти земи бројче ќе излезиш со неа ќе ја почастиш, ќе ја најадиш, ќе ја напиеш, ќе ти мани корпа (во некои случаи и цел контејнер или камион за ѓубре), ќе ја однесиш дома и утре не се знаете (т.е. не ти прај муабет).Ова беше за слободните девојќи.
OdpozadinataTheCityOfBitolaIsCit-1.jpg

Девојките во врска прават нешто слично.Доаѓа дечкото дома кај неа да ја земе со колата. Колата мора да биде некоја убава, да не биде некоја да те остај на пат (не дај боже да ти се дупни гума оти ако ти се дупни треба да ја креваш колата на дизалица, а женската не слегва од кола, па ќе вража внатре ко да има црвја во газот, така да треба да се отепаш од пазење да не ти падни колата од дизалица да ти ги скини рацете), потоа да биде чиста, внатре да има елчиња за убава миризба........ ОК доста за колата. Значи ја земаш со колата и одите негде в кафич или пицерија.....Порачувате за јадење и за пиење. Женската јади половина од порачаното јадење и останатото му го дава на дечкото.Доаѓа сметката за плаќање, се разбира дечкото вади пари за плаќање, ја подмирува сметката. Девојката вели дека му е мака и дека сака да си оди дома. Дечкото ја носи дома. По полсат девојката ѕрцка кај другиот факер, доаѓа тој со колата ја зема и одат негде на тивко место да манат една партија шах. Потоа факерот ја враќа назад девојката и таа му звони на дечкото и му кажува дека многу му недостигал бла бла бла......................................................................................бла бла бла (едно 10-15 минути) и се договараат утредента да одат на кафе. Изутрината одат на кафе девојката постојано го гушка дечкото, го милува, му шепнува слатки зборови на увце и..........................дечкото пак го платил кафето.

Искусни девојки.Тоа се девојки кои во рок од 5 минути ќе ти го свртат паметот за 360 степени (а можи и повеќе), во исто време ќе те направат и будала и паметен, и слатко момче и гробар, ќе те купи ќе те продај за без пари........

Ова беше за работите поврзани со љубовта (ма каква љубов, само колку да се речи за тие работи)

Девојќите се спремат 3 саати за кафе, седнуваат на видно место, и коментираат............ „види го онај ропаков„ „види го онај, прав лиот е„ „види ја кучкава како е облечена, ова не му чини, она не му чини.......... „ и ваквите муабети немаат крај кај нив.

И најинтересното кај нив ми е кога ќе одат низ корзо како да има послано црвен тепих за нив, чукаат со штиклите, демек, кои сме ние, ќе застанат пред трафика, ќе ја пикнат главата внатре за да не ги слушне некој и прашуваат „Давате цигари на парче ? “
cigarette.jpg

И најтрагичната вистина е што многу парови ќе бидат во врска едно 5-6 години, за тоа време девојката ќе игра шах со други без да знае тој, ќе раскинат и таа ќе се мажи за некој од странство, обично од Австралија, некое мирно човече кој таму во тугината цел живот рмбал ко будала, и сега решил да си земи некоја женичка, да се прибери малце, да се одомакини. И мое кажано, пиши му крст него.

ОК ова беше малку подолго ама сепак најкратко извадено со оглед на тоа дека има многу работи за кажување бла бла бла за жените.

Овој блог беше планиран за подоцна, ама ај го напишав побрзо за да знае Благица пред да почни да иди БТ секој ден :))))))))))))))))
23BITOLA.jpg

ПОЗДРАВ ОД БИТОЛА ВЕ САКАМЕ СИТЕ (Да нема грешка) :)))))))))))))
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Се започнува со утрински повик на мобилниот.Ќе окараш мајче шајче и ќе одговориш на повикот „Кај си братче, ајде бегаме на кафе„ „ОК бегаме договорено„. И така, се спремаш, се „шминкаш„ малце, излегваш, седнуваш во некое кафуле.
coffee.jpg

Доаѓа келнер и те прашува „Здраво, за пиење? – Па макијато, нормално.Поминуваат две девојќи убаво дотерани (нашминкани, разголени гради, прицнато газе) низ корзо и коментираш „Море брат види ги овие пуфливе колку се јаки бо бо бо човече„ . Други батиња исто така коментираат нешто „Види ги курвите, мислат Fashion TV е ова во живо„ трети батиња говорат „Еј брат види ги оние двете.Брат да го земам мерцедесот и вечер ќе ги имам двете.Па и да потрошам 2000 шо се 2000 за онакви кукли„ А уствари в џеб сите носат точно пари за кафето и за 5 цигари на парче (мене ми останва кусур оти јас не пушам цигари :D ) И така ќе дремиш едно 3-4 саати ќе го лигавиш едно кафе
800px-Dutch_coffe.jpg

ZaNaProfilot018.jpg

и во меѓувреме низ корзо ќе поминуваат секакви луѓе: некои ќе се „шират„ и ќе се прават главни, некои го вадат новчаникот, вадат дебитна картичка и се „шират пред банкомат„ и се прашуваат самите на глас „Колку пари да извадам п***а му матер? „(Е ова мене ми е најглупо ко ќе се пуфкаат со дебитна картичка.На западот тоа е сосема нормална работа да користиш платежнна картичка, а кај нас се пуфкариме, боо јакиот к*р што сме имале). И така како што кажав, после 3-4 саати стануваат од на кафе во газот и во грбот испотени и си одат дома.
OdpozadinataTheCityOfBitolaIsCit-1.jpg

Истото се случува и во период од 17-19 часот.
Потоа излегваш кај 10 часот правиш еден круг низ корзо (колку да те видат дека си излезен) и нормално, се наоѓаш со познаници и прашваш „Каде брат вечерва?
ZaNaProfilot019.jpg

– Па расчекор или инфинити бате „ а уствари нив нема да ги пуштат на врата, ама битен е муабетот да се рече. ОК, влегуваш во кафич или ноќен бар било каде не е битно и си порачваш пијачка и како и обично, ја лигавиш цела вечер.Некој ќе си порача уште една или две пијачки, и одма ќе се рече за него „Види го селанецот, цел ден гној фрлал и сега сака да ги поеби парите „
Ќе заборавев да кажам за „камерите на ВПШ (вашата последна шанса) „ За тие што не знаат ВПШ се клупи на широк сокак каде ќе седнат младите, тие што нема да влезат в кафич, или нема место в кафич, или не ги пуштиле да влезат. (едно е сигурно од овие трите можности). Е тука навечер на ВПШ се случува „снимањето„ тука најмногу се коментира, пријатно и непријатно.
И пред бегање уште еднаш правиш круг низ корзо и ќе ги најдиш повторно оние со кои си се видел првиот пат и ќе ги прашаш како било и ќе ти речи „Бооооо брат лудица беше.Една ја најдов брат ја зедов в кола, ја испотискав ја однесов дома и му реков ај сега кој те е*а. И ти ќе му речиш браво, алал да ти е, уба работа си направил.
И цело време така секој ден.


BitolaBabamBitola005C.jpg

Ова е колку да се покажиме пред другите како „арни луѓе„ (а уствари блага веза нема - пајтони „драпај се кај што не те чеша„

АЈ ПОЗДРАВ
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
нуму да почнам ја на мојот дијалект да лафам,сите че избегате,иначе ни у нашиот град ногу си лафиме на дијалект,се заебаваме на секој чекор,излегујме на кафе у центарот у сити кафе и цел ден скапујме таму каа да неаме куќа дома.:rofl