Моментално читам...

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Бидејќи премногу ми се допадна "Никогаш не оставај ме", се двоумев што да читам следно. По Препорака на Саладин да продолжам со дистописки роман, ја почнав "1984" од Џорџ Орвел. Морам да признаам и претходно ја имав започнато па ја оставив, некако ми беше премногу напорна. Се надевам дека овој пат ќе ја прочитам. Инаку изданието што го имам е на Икона издадено во 2013 год (инаку имаат попуст на три негови книги).
poster_1984_lrg.jpg
search
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас моментално читам 2 книги (стандард, една на англиски, една на македонски): "The Mysterious Island" на Jules Verne, која верувам дека ќе ја читам можеби 2-3 месеца (ваљда до НГ ќе ја завршам :zelen), има 519 страни, ситен фонт на англиски, моментално сум до 93; "Долг пат на дното" на Ник Хорнби, вчера ја започнав, интересна е, веројатно викендов ќе ја дочитам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Гаргара - Игор Станојоски.
Совршен микс на Зафонова мистериозност и стил сличен на оној на Лидија Димковска, со реален призвук на човечките судбини.
Осеќам ќе страдам од книжевен мамурлак после толку време.
 

Elizzi

Нов член
21 февруари 2017
1
0
1
24
Случајно пазарував во Тоббако и погледот ми западна, во "Хирамовиот клуч од Кристофер Најт и Роберт Ломас".. ме привлече мистеријата на масонството...
еве некои извадени белешки од оваа книга:
* Масонството е особен морален систем, прикажан низ алегории и илустриран со симболли

*Трите основни принципи врз кои почива масонството се:
-братската љубов
-спасението
-вистината


* "Во рослинското светилиште откривме натпис на латински што ни се стори многу содржаен и духовит. Претпоставуваме дека е земен од назаренските свитоци:
ВИНОТО СЕ СИЛНО, ЦАРОТ ПОСИЛЕН,
А ЖЕНИТЕ СЕ УШТЕ ПОСИЛНИ
НО НАЈСИЛНА Е ВИСТИНАТА"


*
Масонството посебно го нагласува поттикнувањто на вискои морални стандарди кај своето членство.
Но штом ова друштво користи тајни ракувања, тајни знаци, и таен јазик за меѓусебно препознавање на членството, луѓето се сомневаат дека шири негативно, а не позитивно влјание. Зошто инако би користеле такви методи, ако не за да ја скријат вистината? Зошто се кријат ако нема што да скријат. Оние што не му припаѓаат на масонството сметаат дека сета таа идеја за посебна облека, за рецитирање езотерични текстови и за извршување на чудни ритуали е толку глупава што се наклонети да веруваат дека мора да постои некоја друга, веројатно позлокобна привлечност. Моежеби и нема... ама негирањето секогаш тешко се докажува...
Што вие моментално читате?
Ana Karenina - Leon Tolstoy
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Atonement - Ian McEwan
Иако книгата изобилува со деталести описи на материјалното и духовното, сепак описната мисла на писателот е чиста, без никакви претензии да се докаже дека е некој и нешто. Ова го имам забележано кај „новава“ генерација на швајцарско-германската школа како Шлинк и Мерсие, едноставно се губат во поим при раскажувањето, додека кај Иан целата книга има хируршка прецизност на опишување на човековата психа, без одвишни зборови а сепак богат фонд.
Се` уште сум на при крај на првата третина, но книгата ме вовлекува во животите на тројцата протагонисти, Роби и Сесилија како потенцијален пар, и Бриони (помалата сестра на Сесилија) како индиректен спектатор во нивните животи. Со право би рекол дека ова е една од оние книги со која созреваш, или англичаните имаат подобар израз - coming of age.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky