Моментално читам...

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
,,Прва брачна ноќ,,-Софи Кинсела.Една жена(Лоти) мисли дека го нашла вистинскиот човек во нејзиниот живот,ама не било така.Мислела дека со него ќе се омажи,ама не испаднало тоа.Покасно-по некое кратко време го сретнала тој што го сакала пред 15 години,и наеднаш се случува да се венчаат,ама таа не знае ништо за него,а ни тој за неа...Нејзината сестра Флис скоро се развела и потешко се бори со таа ситуација и тешко е да заборави така брзо на тоа.Таа сака нејзината сестра да не доживее разочарување и ја спречува да продолжи со бракот додека е на меден месец...Уште малку ми остана до крајот..че ви ја дораскажам ко че ја дочитам..:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Време љубави и време смрти - Е.М.Ремарк (види аватар)
Воен роман (очигледно нели) овој пат за 2ра светска војна, некаде за време после Стаљинградската битка (значи не им е лесно на немциве). Главниот протагонист по некоја среќна случајност добива отпуст да се врати дома. При самото пристигнување, се судрува со реалноста со тоа колку војната всушност е погубен фактор во човештвото. Сентиментален како и секогаш, со доза на пацифистички идеи, Ремарк умее одлично да ја прикаже изгубеноста-за-нечии-идеали на својот народ. Се` уште сум на почетокот, но како што тонам подлабоко во книгата, така и желбата не ме напушта да ја оставам. Буквално до сега што му имам прочитано (4-5 романи), не постои лоша книга од Ремарк.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Крај на светот во Бреслау - Марек Крајевски

Дури сега фатив да ја читам, два и пол месеца после Саем. Штета.

Низа убиства се случуваат во Вроцлав/Бреслау, а убиецот зад себе остава парчиња календар, давајќи шанса на детективите т.е. инспекторите (во тоа време, 1927) да го пронајдат, па може и запрат. Велам може затоа што можеби тоа е и само психо игра која не води никаде. Не знам, допрва следи заплетот.
Еберхард Мок е главниот и најпрониклив криминалист кој работи на случајот, но истовремено е потиснат и со низа лични проблеми, кои му го поматуваат размислувањето, а со тоа го отежнуваат и напредокот на случајот. Како (и дали) ќе го фатат убиецот, ќе видиме...
Засега 50ина странички прочитав и многу ми се допаѓа како се одвива дејството. Големка е книгата, но е убаво поделена и точно се знае кое дејство, кога и каде се одвива. Плус, нема непотребни тупења, туку описите, дали на ликовите, настаните или околината, се ептен on point и сметам дека откриваат баш онолку колку што треба засега да се знае. Солидно. (nod)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Играта на Де Ниро - Рави Хаж.
Либан (ваљда онаа 1982 г. војна) двајца добри другари, едниот преживува од ситен криминал, другиот работи за паравоена формација. Класична „скорсезе“ сторија за пријателство, љубов, животна мизерија. Едноставен стил, збогатен со многу горчина и презир кон војната општо. Баш тоа што ми треба после претходно прочитаната од Ремарк.
 

Продиџи

Нов член
30 јули 2015
17
6
3
Ракописот од Акра- Пауло Коелјо
Се работи за еден вид филозофска книга, подучување како да се справуваме со секодневните (да кажеме) проблеми и еден вид начини за подобрување на животот...
Интерсна книга али бара многу концентрација и тишина во спротивно џабе читаш ништо нема да разбереш :/
 

D2M2m.f

Истакнат Член
4 август 2015
7
0
101
Преку вулгарноста,сарказмот,црниот хумор и меланхолијата,Буковски во свој стил ја опишува својата неподнослива дванаесетгодишна служба во една калифорниска пошта,како и голем број сцени од сопствениот живот каде што неизбежни се жените,алкохолот и бројните бесмислици! Самиот наслов на книгата е "Пошта"
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По пауза од речиси година дена, повторно се здружив со Кундера, овој пат со неговата најпозната „Неподнослива леснотија на постоењето“. На почетокот сум, но сметам дека не за џабе кигава ја ужива толкавата популарност. И со секое право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon, Lena and Luckky

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Даблинци на Џејмс Џојс. Веќе подолго време сакав да читнам нешто од него и оваа ми се најде вчера. Уште малку сум и до крајот, сепак не е многу голема книга. Таа е всушност збирка на раскази, сите со посебна приказна, но секоја поврзана со жители на градот Даблин. Вечерва конечно дојде 1984 на Орвер во моите раце и сум тотално возбудена! Едвај чекам да ја започнам утре!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Големиот Гатсби
од Фрицџералд..
Не сум нешто одушевена од книгава иако е едно од најголемите дела на денешницава.Дури Мураками преку своите ликови раскажува со некаков восхит за Гатсби.
Ме заморува начинот на кој Фрицџералд ги опишува сите детали,сосем небитни(бар за мене).
Не ја дочитав до крај.
Следната(утре ќе ми стигне ја порачав) е
"Неподнослива леснотија на постоењето" од Кундера.Ми се допаѓа неговиот стил на пишување и верувам дека ќе уживам во книгата.