Самарканд - Амин Малуф
Интересна историска фикција поделена на два дела, првиот за животот и делото на Омар Хајам, познат математичар и еден од главните научници во Арапскиот век во 11тиот век. Интересно е што во таа сторија, писателот пробува да навлече доста историски факти, посебно за формирање на Асасинскиот одред кој реално и постоел во тоа време. Поентата на книгата е сите тие факти да бидат лесно соџвакливи за пошироката публика, иако не се сомневам во поголемиот дел на нивната веродостојност. Иако типот (инаку католик од Бејрут), пишува малку пристрасно за арапскиот свет (што е очекувано), сепак сметам дека се труди што повеќе да ја опфати реалната слика на истиот тој свет кој блескал во тој средовековен период, за разлика од европскиот кој дури во почетокот на 14ти век почнал да ги бере плодовите.