Моментално читам...

sara-1

Полноправен Член
23 декември 2014
14
31
13
„Мапа од коски“ од Џејмс Ролинс
Високонапонска авантура која започнува со една кражба на антиквитети од Катедралата во Келн.
Тим на интелигентни, образовани и пред се вешти луѓе ја следи трагата низ скриените и загубени места во Медитеранот каде што се вкрстуваат религијата и науката , под земја и под вода. Последната трага ќе ја најдат кај гробот на Александар Македонски.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ѕвонарот на богородичната црква - Виктор Иго; extended version.
Разликата од стандардната е што оваа е вметнат подоцна, пишаниот пролог и опис/компарација на Париз во 15ти век со оној во 19ти. Ако сте љубител и имате шљив за историја на уметност/архитектура, проширената верзија ќе ви биде одлично четиво да се запознаете за одредени периоди во француската историја општо. Во принцип Иго опишува субјективно особено ставајќи акцент на револтот дека Париз никогаш немал континуитет и секогаш трпел драстични промени. Затоа и посветил еден роман за Богородинчната црква како траен паметник на некогашниот Париз во преодот од среден век во ренесанса (иако е изградена во готски стил во 13ти век). Се` уште сум на почетокот, хумористичниот и помалку циничен опис ми оди под рака, така да имам високо мислење за книгава засега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and JaMi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Game of Thrones: A Dance With Dragons, дека не се издржува. Уствари почнав пред некој ден и сега следува најдоброто. :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Venus in Furs - Leopold von Sacher-Masoch

Одамна ѝ се мислев, па сум ја поздаборавила. Пред некој ден начекав дигитална копија и си ја симнав.
Премногу метафори и хиперболизирање, дури и за мој вкус, ама тоа е и целата поента - да се види колку е смешно за трезвениот ум кога човек (маж, во случајов) ќе се заљуби и тера до граници на очај, потиснувајќи и деградирајќи се себе, додека ја возвишува секоја фалинка и ја оправдува секоја постапка на избраникот, колку и да е истата долна.
До пола сум некаде и засега ми се допаѓа скриениот хумор што го има во себе. Би требало да ми задржи внимание до крај. (nod)
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
"Пиратот"- Харолд Робинс(Топер)
Никогаш не би ја купил книгава, ниту би ја зел од библиотека, но овој пат книгата ја добив на подарок. А јас не оставам книга дома да биде непрочитана. На мое изненадување, не е воопшто лоша. Сè уште сум на почеток.
Бајдр Ал Фај има сè, и пари, и моќ, и жени. Но, не сфаќа дека нешто му недостасува во животот, нешто кое е од витално значење. Најлошото е тоа што тој не знае дека тоа нешто му недостасува.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Исповедни финеси од Влатко Галевски од издание на Или-или.
Кратки автобиографски раскази, доста лесен стил но многу сликовито прикажан еден рандом живот во Македонија. Кој го знае/интересира Скопје во 80тите/90тите книгава ќе му се допадне. @Redhead @Aristokrat @MissChievous мислам ќе ви направи ќеф.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Update пошо книгата на Лале ја „собрав“ во еден здив...
Мојот маж од Румена Бужаровска издание на Или-или.
Кратки прикаски раскажани во прво лице неповрзани една со друга, со малку поголема нишка на огорченост и подрзок јазик. За сега е добра.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ја прочитав Кодот на Да Винчи, па откако ми остави добар впечаток, решив да ја купам книгата Ангели и демони, ама сеуште не ми е почната. Планирам во скоро време да ја почнам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sofija...

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Фотосинтеза“ од Игор Ангелков (Филмополис). Лесна литература, еден адолесцент со панк школа, го живее скопското секојдневие правејќи урбана фотографија. Симпатична синтеза на сликовитост со доза на бунтовност како и опис на едно нетака одамна панк време веќе згаснато.
Се консумира во еден здив. @MissChievous гарант ќе те свиѓа пошо Керуак.