Сум слушнала дека колку повеќе лекови пиеме поради болната менструација, толку поголеми болки ке имаме. Јас имам големи болки пред и за време на циклусот, но пред неколку години престанав со лековите затоа што и не ми помагаа многу. Ми беше потребно да испијам поголема количина на лекарства за да можам да ја намалам болката, а лекарствата кои ги пиев ми создадоа други здравствени проблеми, претежно проблеми со желудникот и бубрезите, затоа ви препорачувам, особено на помладите девојки, да пробаат без лекарства. Малку болка неколку дена не е ништо во споредба со проблемите кои можат да ги предизвикаат лекарствата, но ако болката е неиздржлива, тогаш до некаде е во ред.
Сега со болката се справувам на многу поздрав но и ефикасен начин.
Мојот рецепт е чај од стапчиња од цимет. Колку е по концентриран, толку подобро. Можете и да го мешате со нане. Циметот и нанено ке ви ја ублажат болката и ке ви намалат напнатоста во стомакот, но и психичката напнатост која ја чувствувате тој период.