Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Јас не смеам да земам никакви апчиња ,па така кога ќе ми дојде мензисот мака мачам понекогаш имам ептен неподносливи болки во долниот дел на стомакот и тоа обично ме фаќа вториот ден . Иначе ми помага колку толку чајот од камилица обавезно и тахебо чајот , само гдедам што повеќе течности ми се намалуваат болките кога можам да пијам ,обично за време на циклусот почетните денови ,нити ми се јаде ,нити пие
И кај мене е секогаш различно.Ама во последно време имам преголеми болки.Дефинитивно кетонал и само кетонал,друго не ми помага ама ич.Симптоми имам две недели однапред и полудувам.
Се случува некогаш да имам неподносливи болки, проследени со повраќање, вртоглавици, завивање од плачење. А некогаш воопшто да немам болки. Кетонал или кафетин менструал (2 таблети одеднаш) и веднаш е подобро. Имав тетка која секој месец кога ќе добиеше, обавезно на лекар ќе оди на инекција, затоа што од големи болки редовно се онесвестуваше... женски ... мака мачиме... за се Ева е крива