1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Менструални болки

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од efederer, 9 март 2012.

  1. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    Ме интересира од кога ти дојде менструација...
    Дали од почеток имаше болки?
    Или од секогаш ти е така со болки?
    Прашувам бидејки мене на почеток ништо не ме болеше...
    А сега понекогаш ме боли стомак,гради глава...
     
    На Stance му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Ах колку ги мразам тие денови од месецот...не знам што повеќе ме боли ...дали главата или стомакот...а најтрагично е што тоа трае 7 дена пред циклус и плус 7 дена за време на циклус...крај нема...а згора на тоа во тие 7 дена пред имам таков страшен апетит што на моменти ми се чини дека ожам вол да изедам....:)
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. devil4e

    devil4e Староседелец

    Зачленет на:
    15 октомври 2012
    Мислења:
    51
    Допаѓања:
    31
    За среќа ги немам. Рајат сум од таа работа, само тие денови во месецот ги мразам сакам шо побро да помина.
     
  4. emzzy

    emzzy Староседелец

    Зачленет на:
    25 февруари 2012
    Мислења:
    1,374
    Допаѓања:
    1,871
    Имам скоро 3 години добиено и првата година ич немав болки, ама сега се повеќе и повеќе ги имам... Прв, втор ден имам болки ама не ссекогаш големи, а некогаш и немам.. После трет, четврт веќе ми се чисти и немам болки.
    Мене градите никогаш не ме болеле, имам тахикардија обавезно, под стрес сум, главоболки, нервозна сум многу, само јадам, ме болат нозете, јајниците, стомакот, желудникот имам дури и нагон на повраќање. Ама ако пијам апчиња, уште полошо е, затоа трпам..
     
  5. Stance

    Stance Нов член

    Зачленет на:
    7 декември 2013
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    16
    Темава ме потсети... Болна тема, нема што (puke) Кај мене имаше навистина многу болки- од стомак (и тоа два-три дена пред да добијам), болки во гради -десетина дена пред да добијам, а кога имав, и стомак боли и половина боли па да не знајш дали да се свиткаш или да се исправиш... Главоболки напати а многу често и нагони за повраќање...ужас!!!
    Пиев Кафетин Менструал по препорака на матичната, ама само кога имав работа, кога не можев да полежам и да трпам ;)
    ...Среќа сега во бременоста тие болки ги немам, хаххахахааа...
     
    На Prashina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,196
    Допаѓања:
    2,270
    Си имам болки е не секогаш ама си имам. :) Порано ги трпев но сега пошто малку сум разлабавена со нервите си пијам или аналгин или кафетин или што најдам дома. Не можам да ги трпам т.е немам сили да ги трпам уште и тие болки.
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,460
    Допаѓања:
    14,377
    Во последно време Вентор пијам и ми помага.Првите два дена ми се болни и не можам да ги истрпам без апче.
    Осудени на болки цел живот :banghead
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Јас немам болки, ама за апетит да не зборувам.
    Исто така, седум дена пред можам без престан да јадам и јадам и јадам... И навечер станувам гладна, сабајле пак. Секој момент сум гладна без разлика што сум јадела пред минута.
    Чаре? :D
     
  9. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Леле...нема чаре...:)
    Обавезно ставам 3-4 кила пред да добијам...
    А сега почнав да водам сметка...ако ми се јаде (а ми се јаде нон стоп во тие денови) јадам нешто ниско калорично (многу овошје)...и пијам многу течности...
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,324
    Допаѓања:
    3,009
    И јас како девојка имав болни циклуси, но со породувањето скоро да немам воопшто болки.
    Сега ги разбирам старите кога ми велеа, кога ќе родиш , поинаку е.
    Термофор, спазмекс, кафетин менструал, утоплување и одмор би помогнало.
     
    На JaMi му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: