Менструални болки

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
155
256
1,063
Како се справувате со менструалните болки? Затоплување или со кетонал, кафетин менструал...? Што ви помага најмногу?
 
  • Like
Реакции: Minella

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Кафетин менструал две апчиња одеднадеш, знам дека не е многу здраво ама болките се едноставно неиздржливи.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
680
1,288
1,093
your nightmares....
Јас ги имам... Скрос сум обратна, не ме боли само стомакот туку и грбот. :unsure Не користам ништо. Ги поднесувам, до душа кај мене не се којзнае колку големи болки, освен ако ми подрани гостинката, е тогаш се стварно неподносливи. :ladno
 
  • Like
Реакции: cece17

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
155
256
1,063
Ај кичма, него во последно време и вртоглавици опасни...хаос!
 
  • Like
Реакции: cece17

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
јас се навикнав на кетонал, па кафетин менстурал веќе не ми помага :confused:
иначе ставам и шише со топла вода на долниот дел на стомакот.
 
  • Like
Реакции: Minella

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,125
1,845
423
Еден досаден град
Јас приметив дека во последно време болките ми се намалија па се издржуваат а до пред 4 5 месеци имав ооогромни болки и ништо не ми ги смируваше само малку ми ги поднамалуваше кетонал и парацетомол...Кафетин менструал можев и цело пакетче да испијам и ништо да не ми помогне ;) :)
 
  • Like
Реакции: efederer

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Ова е многу болна тема :)

Кај мене е различно, не ме боли секогаш. :confused: Некој месец имам болки до степен на неподносливост, дури и до плачење сум дошла, а некогаш пак се издржуваат. Менструацијата ми е пропратена со болки во долниот дел на стомакот. Не се седи, не се стои, не се лежи, не се оди, ама само првиот ден. Не се жалам зашто кај некои девојки болките се многу пати поголеми од моите. Избегнувам да пијам апчиња, ама кога стварно не можам да издржам пијам парацетомол.

Дали во овие менструални болки спаѓа и ПМС? Зашто периодот пред циклусот мене ми е пострашен од самата физичка болка кога ќе настапи истиот. Таа психичката болка мислам десет пати повеќе ме боли од онаа во стомак.
ПМС кај мене е ужас, катастрофа да не кажам.

А кафетин менструал се најлоши апчиња против менструални болки. Ако ви помагаат кафетин менструал е тогаш сте размазени и не сте виделе какви се болки трпат некои девојки.
 
  • Like
Реакции: cece17