Македонија и проблемот со мигрантите

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Совршен пример за тоа што го зборам. Алжирците уште во 50-тите години мигрирале во Франција со цел да избегаат од војна и денес прво нешто кога помислуваш на Франција се алжирци. Познато сценарио?
Дали тоа им ја загрози некому државноста во денешна франција? Или тоа беше либералниот капитализам straight outta глумецон Реган и Taчерка?
Сакале или не, денес веќе не можеш да правиш идентитет според оној кој ти има избегано во твојата држава освен ако си у старт недефинирана земја според граници и име и презиме. Ако гледаме така колку латино има нис САД па ником ништо.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали тоа им ја загрози некому државноста во денешна франција? Или тоа беше либералниот капитализам straight outta глумецон Реган и Taчерка?
Сакале или не, денес веќе не можеш да правиш идентитет според оној кој ти има избегано во твојата држава освен ако си у старт недефинирана земја според граници и име и презиме. Ако гледаме така колку латино има нис САД па ником ништо.

САД е недефинирана "држава" (барем во мои очи). Дали би можел да ја споредиш со на пример, Италија, во поглед на идентитетот?
Можеби алжирците на ја имаат загрозено, но замисли доколку илјадници и илјадници сиријци сега се населат во Франција, што би било. Можеби тоа ќе биде доволно за да бидат загрозени.
Не можам да кажам дека имам непроменливо мислење околу работава. Имам сочувство и често си викам, fck it, можеме сите заедно да живееме во мир и слога. Но, нешто не ми дава целосно да ја прифатам оваа миграција...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
САД е недефинирана "држава" (барем во мои очи). Дали би можел да ја споредиш со на пример, Италија, во поглед на идентитетот?
Можеби алжирците на ја имаат загрозено, но замисли доколку илјадници и илјадници сиријци сега се населат во Франција, што би било. Можеби тоа ќе биде доволно за да бидат загрозени.
Не можам да кажам дека имам непроменливо мислење околу работава. Имам сочувство и често си викам, fck it, можеме сите заедно да живееме во мир и слога. Но, нешто не ми дава целосно да ја прифатам оваа миграција...
Никој не вика да ја прифатиш миграцијата целосно од една страна.
САД е дефинирана со устав уште од 1778ма чинам. Со тек на време се шири, the states are joining дури до крајот на втората светска војна кога се етаблира до 50 држави.
Миграциите се продукт дали по вештачки или природен пат, но никогаш не се со претходна умисла да се уништи нечив идентитет. Иако историски миграциите направиле големи измени посебно на евроазиското поднебје, денес (во последниве 100 години) идентитетот е многу повеќе од бојата на кожата, јазикот кој го зборат, дефиниција на граници, име и презиме на држава. Посебно ако покрај себе имаш медиуми кои не можеш тек така едноставно да ги исфалсификуваш за да избришат нечив идентитет - посебно не идентитет на западноевропска држава со поламилениумска традиција зад себе. Ако на крај краева по таа логика Франција би се викала Нова Сирија, тогаш се` што граничи би требало да го возврати ударот. А сепак цела западна европа е далеку пописмена од една Сирија... Требало да помине 1000 години за да се свртат коцките. А историскиот тек на настаните денес вртоглаво се менува од час во час, така да апсолутно е невозможно преку асимилација да се промени нештото. Треба многу многу време.

Мала моја грешка кај оноа вештачкиот пат, имало такви испробувања да се уништат идентитети. На мали држави секако.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Тешко човек да каже нешто а да не погреши. Во едно сум сигурен, вистината е помеѓу „бездушната полиција“ и паранојата од мигрантите „терористи“.

Прво, јас не би плукал по полицијата затоа што нивна основна задача е да ги заштитат граѓаните кои ги плаќаат. Тие се обидоа да евидентираат кој влегува во државата (што е апсолутно најважна работа во целиот овој циркус, затоа што утре ако бидне нешто пак ќе плукаат по нив). Очигледно не успеаја до крај во тоа. Сега можеме само да се надеваме дека целата оваа маса на луѓе ќе биде пропуштена во Србија и дека се ќе помине без проблеми. Проблемите од евентуално останување на 20-30000 бегалци кои евентуално не би биле пропуштени во иднина (кога ЕУ ќе и списка на Србија и овие ќе кренат рампа) ќе ни направи дополнителен проблем: ќе мора да кратиме од парите за споменици.

Бегалците треба да се пропуштат натаму до запад, што е праведно затоа што немаше да бидат бегалци да не беше политиката на западот таква каква што е. Сега нека си ги соберат плодовите од сулудите потфати. Никој на крајот нема да признае дека интервенцијата на западот во Сирија беше грешка од епски пропорции. Катастрофа на векот. Резултатот е тој што е: стотици илјади мртви и раселени. Следен пат нека размислат. Иако мислам дека политичар способен за критичко размислување е митско суштество.

Повеќето од овие луѓе се навистина бегалци. Сега, има некоја дискусија дали се бегалци или мигранти, дека бегалците би останале било каде итн... со тоа не се согласувам баш. И јас да имам прилика да заминам во Германија и да останам таму, наместо на некој Грчки остров, ќе направам се што можам некако да стасам таму. Тоа е човечки. Се сеќавам на една ситуација за време на војната во Босна. Имаше бегалци кај нас во касабата и на радио од Црвен Крст бараа луѓе кои би ги вдомиле привремено. Моите родители се јавија и кажаа дека имаме место дома и можеме да примиме едно семејство па и повеќе ако е неопходно. Тоа што се случи беше малку разочарувачки: дојде едно семејство, жената влезе да разгледа, заклучи дека кај соседот е поубаво, си ја собра фамилијата и замина :)

Вистина, соседот имаше нова куќа тукушто направена, луѓето си одбраа каде им е поубаво. Делуваше доста неблагодарно но зошто да не, кога веќе имаат избор.

Наивно е да се верува дека нема инфилтрирани терористи, повртници од војна итн... ваква идеална прилика не знам кој би ја пропуштил. Тие пак ќе бидат (се надевам) нечиј друг проблем. Лошото е што мора да се надеваме, бидејќи изгубивме контрола врз ситуацијата.

За крај, единствено една изјава ме вознемири, од некој ЕУ бирократ од некоја комисија за броење закачалки или слично: човекот рече дека требало ЕУ да инвестира 10 милијарди евра во изградба на бегалски кампови на Балканот. И Миле ми текна: никој нема да инвестира 10 милијарди евра за привремен камп кој ќе се испразни за неколку месеци. 10 милијарди е трајна инвестиција.

А ние сме наивни, неверојатно наивни...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не мислев само буквално на тие држави со кои се граничи Сирија, туку општо поблиските, општо во нивна околина.



Не им е примарно да шират религија, знам дека бегаат од војна. Но, сакал-нејќел тоа ќе се случи. Замисли што ќе биде за 10-20 години доколку милиони од нив се преселат во Европа во која повеќето држави имаат толку силен идентитет со богата историја. Во никој случај не велам дека се терористи, тоа е стереотип. Едноставно, преголем бран надоаѓаат кој само ќе се зголемува.

Нема други, Израел е блиску :^) така да ништо од тоа, да имаа граница со Иран сигурно ќе бегаа таму пошто тие се шиити/непријатели на исламска држаа ама ете немале среќа да имаат граница со нив, треба да го поминат Ирак за да стигнат таму...

Може ќе осамне еден ден полумесечина на ајфелова кула и на бранденбург капијата :zelen
Знаеш колку бомби истури Француската авијација во Либија како поддршка на исламистите?
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Колку треба да си (пот)платен, колку треба да си уценет со слики како се дрогираш или како го примаш во анусот, за да МОРА со години да си ја мразиш државата, народот, културното и историско наследство, безбедносните сили, регуларно избраните политичари, колеги !?
Едноставно ЕУ и таа Америката нека си ја гледа чергата и нека си пијат кафенце тамо кај што си се затоа што КЛОЗЕТОТ што беше на железничката станица е постар од целата нивната држава, нека не мислат дека Македонија секогаш ке биде градинка со целодневна настава , нормално и тие се луѓе и треба да им се помогне на некој начин само не на тој што ЕУ и Америка го наметнуваат ,ако толку сакаат така нека си ги приберат кај нив !!
Се надевам дека ке бидат испратени без инциденти и се ке се заврши како што треба !!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од друга страна пак, ова што се случува во Сирија (и Ирак), како места со најстари континуирани државни апарати на планетата (во разни форми) кои датираат до 6 а можеби и 6.500 години - е показател за трагедијата на етатизмот, потсетник на злото кое го симболизира државата и тотална иронија на етатистите како поединци и група, слепи фанатични верници во исправноста на државата која на овој или оној начин ги сотира илјадиници години, за да во 2015.лето господово, тргнат на пат од 5.000км за да стигнат во едни други држави кои се помало зло од нивната, за воља на вистината со многу помлада етатистичка традиција - каде што никој не ги сака и чии политичари и нивни бирачи се замешани во срањето кое се дешава на левантот.

Наводно, Дамаск бил град со најдолг континуиран `стаж` на планетава, пошто Урук бил напуштен и тие ствари...
Кога човек ќе погледне од ваква перспектива, одеднаш спласнува секаков хуманистички порив кон милиони слепи верници во етатизмот (верата во алах е бакшиш), останува само оној вродениот, хомо-сапиенс не треба да убива друг хомо-сапиенс...
Некој да те е*е 6000 години и да не ти текне дека тоа не е на арно, па уште и да се обожава пенетраторот... something is not right...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мора да е тоа причината, не ќе бегаат ваљда од бомби, масакри, групњаци на забрадени манијаци, масовни егзекуции, разрушени домови...
А од кај ќе знаеш кој бега стварно а кој не? Овде кај нас ни ги проверуваат кој влегува ни ништо, само пуштај нека одат.
Убаво им прават во Италија и Грција, само ние глумиме нешто, како Германија ама и таму почнаа да се бунат. Штом ги пуштиш одма на воз и истоварај кај Србите а не тука ми ги пуштиле да се шетаат низ градот. А и секако на крај ќе ни останат неколку и нас.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А од кај ќе знаеш кој бега стварно а кој не? Овде кај нас ни ги проверуваат кој влегува ни ништо, само пуштај нека одат.
Убаво им прават во Италија и Грција, само ние глумиме нешто, како Германија ама и таму почнаа да се бунат. Штом ги пуштиш одма на воз и истоварај кај Србите а не тука ми ги пуштиле да се шетаат низ градот. А и секако на крај ќе ни останат неколку и нас.

Ако некој тргнал на пат од 5000км логиката кажува дека бега од нешто.
Ваљда од ова -

syria-rubble.jpg

girl-stands-by-building-damaged-by-syrian-forces-data.jpg

image.jpg

syrian-civil-war2.jpg

s_s23_RTR31M1K.jpg

_78732243_2_man_child_getty_976.jpg

Mideast-Syria-Brutal-_Horo1.jpg


Убаво им прават во Италија и Грција, само ние глумиме нешто, како Германија ама и таму почнаа да се бунат. Штом ги пуштиш одма на воз и истоварај кај Србите а не тука ми ги пуштиле да се шетаат низ градот. А и секако на крај ќе ни останат неколку и нас.

Не сум информиран што им прават во Италија и Грција или Германија, за ова `нас` ќе ни останат не те разбирам, кој се тоа `нас`, а доколку во сета таа гужва се кријат и сомнителни ликови со исламистички цели, ондак си имате држаа, полиција, гранична служба, армија, специјалци, разузнавачки и контраразузнавачки агенции, дипломатија, си имате државен апарат од 200К раја, плаќате пола од се шо ќе заработите на вашата си држаа - нека ве заштитат од тие неколку исламисти кои теоретски ќе ви се населат во вашата држаа, нека ве избават од опасноста, од пред пред прагот на амбисот, from the jaws of hell :frantic

Италија нека ги пази талијаните, а држаата Сирија како што гледаме, јако ги `заштити` своите граѓани...и тоа после 6000 години постоечко државствување на таа територија.