Македонија и проблемот со мигрантите

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако бегаат само за да спасат глава, зошто не бегаат во нивните соседни држави? Било каде во Азија. Зошто мораат во Европа или поточно, во западна Европа? Значи, станува збор за повеќе од преживување, станува збор за населување на веќе добро ситуирана држава. Нескромност, much?
Башка, едно е да дојдеш со причина и да бараш азил, а друго е нелегално да навлезеш во туѓа држава. Ако можат они, зошто да не можеме и ние? Ајде да се спакуваме и фаќаме патот за Германија или Франција, штом тие можат нелегално да навлезат, можеме и ние. И ние сакаме да живееме во подобра држава, зошто да не.

Има едно правило кое го применувам а тоа е дека немам никаков став за еден куп работи. Сериозно, има куп работи за кои не сум информиран и затоа не се осудувам да имам став.:)
Според мене, така треба сите да постапуваат. :showoff
Ете имаш став а не верувам дека имаш видено географска карта одамна, да видиш со кои земји граничи Сирија.:zelen Сигурно нема да одат во Ирак, посебно во делот кој граничи со нив и кој е под контрола на исламистите. Во Турција влегуваат, благодарејќи на курдите кои држат некакви коридори а курдите поради некоја причина иако муслимани никогаш не го прифатиле исламизмот, напротив претежно има комунисти и такви ствари, чудна раја уште од времето на легендарниот Салахудин (@Saladin ) кој и самиот бил од курдистан некаде...(војсководецот, не форумџијата:zelen
Најмногу бегалци имало во нивниот комшиски Либан засега.

Вие можете и правите, десетици илјади овдешна раја има на црно, што по италија, по немачка, швајцарија, по америка каде со децении се без документи. Чак и јас имам работено на црно на запад...

Искурназени се, не им се останува во турски избеглички кампови (конц-логори) и споро, сигурно пропаѓање смрт од болештини, глад и очај...ваљда логиката им е ако веќе ризикуваат - ризикуваат да одат на запад.

За тоа дека западните земји се виновни за се се сложувам, нека им одат таму и нека прават што сакаат. Финтата е што нема сите да ги примат, тоа ми беше зборот. Кога ќе затворат се и ќе почнат да ги враќаат назад, кај кого ќе останат? Во Грција нема да можат да се вратат, значи или ние или Србија. А тогаш не знам што ќе биде, можеби и ќе се разнесе некој од кај знаеш.

Добро де ете зошто не одат во Катар да речеме? Богата земја, нема војна, нема ништо. Што не одат таму?

Не одат во Катар пошто се алавити/шиити и остали муслимански деноминации и секти кои се забранети во катар и сауди арабија. Како да бегаат во земјите кои ги финансираат и опремуваат оние кои им убиваат деца дома?!

Раштракани во Европа. Ќе останат во Европа.

Можеби ќе звучам расистички и дискриминативно, но намерно доаѓаат наваму за да го донесат муслиманството.

Мора да е тоа причината, не ќе бегаат ваљда од бомби, масакри, групњаци на забрадени манијаци, масовни егзекуции, разрушени домови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marijaaa

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Јас сум против мигрантите, затоа што човечки да се помогне да им се даде вода и лекарска грижа, но каде е таа помош за бездомниците во нашата држава????
Криза е во нивната држава и нормално е да бегаат за да спасат глава, но да бегаш во најразвиените европски земји е ризик. Тој што сака да спаси глава ќе бега во некоја држава која е поблиску а е сигурна а не во најбогатите земји во Европа.
А и не се до толку за жалење. Пред неколку ден гледав видео каде ја напаѓаат нашата полиција со нож а ние рака им подаваме.
Ужас!!
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Искрено, преморен сум да дискутирам за оваа тема. Има мал милион согледувања и донекаде точни претпоставки, но никој не може да биде целосно во право.
Ќе кажам едно нешто - недај боже да си во нивна кожа. Ќе кажете, абе дааа македонците ние крпиме крај со крај па пак овие добиваат повеќе.
Добиваат повеќе што? И кој тоа добива повеќе? Сите ли? Или само поединци?
Тоа што ме нервира е што власта од ова вади огромни политички поени, и и` доаѓа као кец на 10ка додека народот слепо и` верува на фактите кои само таа ги пласира (пошо реално немаме слободни медиуми). 30% биле терористи, овие биле онакви прљави смрдени.... чекај чекај полека. Каде си ти да прекинеш со идиотштината од проект и да почнеш барем еднаш во животот потрезвено да го решаваш овој проблем кој е од светски размери? Проблемов не е од вчера да постои, го има веќе година дена. Нит еднаш не видов претседателот не па премиерот да ги посети овие кампови, да се консултира со целиот државен апарат, не па со неговите балкански колеги како полесно да го протуркаат целиов проблем. Должност му е ако ништо друго. А не, секој втор да го слушам екпертиза да ми дели за тоа како се решаваат вакви проблеми, кога кутриот од кладилница и маалски кафиќ не мрднал никаде подалеку.
Тоа што се случува сега во моментот е нуспојава од недоволната ангажираност и неподготвеноста на нашите што побрзо да ги пренесат понатаму избеглиците, не е факинг заговор за да се насадат тука терористи и да почнат „маќедонштината“ да ја истребуваат. Што ќе им е тоа, што ќар добиваат?
Какви све не глупости изначитав низ фејсбуков искрено не ни очекував толкава ксенофобичност од нашиов народ, покрај толкава мака што има пројдено.
 
Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Македонија треба да превземи многу сериозни мерки, живеам во пограничен град 10км од граница со јужниот сосед и секој ден гледам бегалци по Битола и околината, зарем некој не се запрашал дека 10 од 100 бегалци се всушност лица на ИСИС да тој што не видол не знаел јас сум видол многу бегалци некои биле само луѓе што сакаат да транзитираат низ Македонија да стигнат до запад, но сум видол и знаме на ИСИС среде Пелагонија така да Републикава треба сериозно да си ја сфати работата со бегалската криза.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Има едно правило кое го применувам а тоа е дека немам никаков став за еден куп работи. Сериозно, има куп работи за кои не сум информиран и затоа не се осудувам да имам став.:)
Според мене, така треба сите да постапуваат. :showoff
Ете имаш став а не верувам дека имаш видено географска карта одамна, да видиш со кои земји граничи Сирија.:zelen Сигурно нема да одат во Ирак, посебно во делот кој граничи со нив и кој е под контрола на исламистите. Во Турција влегуваат, благодарејќи на курдите кои држат некакви коридори а курдите поради некоја причина иако муслимани никогаш не го прифатиле исламизмот, напротив претежно има комунисти и такви ствари, чудна раја уште од времето на легендарниот Салахудин (@Saladin ) кој и самиот бил од курдистан некаде...(војсководецот, не форумџијата:zelen
Најмногу бегалци имало во нивниот комшиски Либан засега.

Не мислев само буквално на тие држави со кои се граничи Сирија, туку општо поблиските, општо во нивна околина.

Мора да е тоа причината, не ќе бегаат ваљда од бомби, масакри, групњаци на забрадени манијаци, масовни егзекуции, разрушени домови...

Не им е примарно да шират религија, знам дека бегаат од војна. Но, сакал-нејќел тоа ќе се случи. Замисли што ќе биде за 10-20 години доколку милиони од нив се преселат во Европа во која повеќето држави имаат толку силен идентитет со богата историја. Во никој случај не велам дека се терористи, тоа е стереотип. Едноставно, преголем бран надоаѓаат кој само ќе се зголемува.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Жити мајка кој идентитет? Францускиот идентитет со алжирци, сенегалци, слонови косковци и што ли уште не или пак шведскиот мулти-култи ултра либерал а.к.а. циганска торба идентитет? Во Англија врие индијци, египќани, руси, Немците се изгубиле некаде помеѓу балканските арбајтен-друштва, Норвешка и Финска примаат сешто за да се населат ненаселените делови.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Жити мајка кој идентитет? Францускиот идентитет со алжирци, сенегалци, слонови косковци и што ли уште не или пак шведскиот мулти-култи ултра либерал а.к.а. циганска торба идентитет? Во Англија врие индијци, египќани, руси, Немците се изгубиле некаде помеѓу балканските арбајтен-друштва, Норвешка и Финска примаат сешто за да се населат ненаселените делови.

Па никоја држава не е 100% "чиста". Но сепак кога ќе помислиш на Франција или Шпанија, ти доаѓаат многу работи кои се поврзани со нив и те асоцираат на нив. Ако се зголеми мешањето, тие работи ќе почнат да се забораваат, идентитетот да се губи се повеќе.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па никоја држава не е 100% "чиста". Но сепак кога ќе помислиш на Франција или Шпанија, ти доаѓаат многу работи кои се поврзани со нив и те асоцираат на нив. Ако се зголеми мешањето, тие работи ќе почнат да се забораваат, идентитетот да се губи се повеќе.
Прво нешто кога помислувам на Франција се алжирци, а на Шпанија баскијци. Швајцарија на планинари.

Кога тераа транзит на почеток на летото и спиеле по бензински, еднаш уз муабет некој го прашал тој вработениот на бензинска колку е платата во Македонија. Кога му кажал 200-250 европејки овој му се изнасмеал и го прашал „И уште седите тука?“.

Малку ми се невероватни тие терористички теории на заговор. Не е дека нема причина за сомнеж, ама ако има припадници на ИСИС со бегалците што мајка би оделе по потешкиот пат кога може фино да се инфилтрираат ко господа и да киднапираат авиони или да експлодираат додека се во огромна гужва ко на пример деновиве што има на југ? Демек во Европа си имаат јатаци па од таму ќе може да делуваат сите координирано? А уз пат овие што бегаат од ИСИС кои што им ги користат фамилиите за да вежбаат деца на нив и им ги силуваат жените случајно да дознаат дека има некој од тие инфилтриран кај нив ќе го остават да си се шетка со нив?
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Прво нешто кога помислувам на Франција се алжирци.

Совршен пример за тоа што го зборам. Алжирците уште во 50-тите години мигрирале во Франција со цел да избегаат од војна и денес прво нешто кога помислуваш на Франција се алжирци. Познато сценарио?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Совршен пример за тоа што го зборам. Алжирците уште во 50-тите години мигрирале во Франција со цел да избегаат од војна и денес прво нешто кога помислуваш на Франција се алжирци. Познато сценарио?
Демек следно што ќе мислам е сиријци?

Дека проблемот со војната некому е од корист тоа е факт. Ако ЕУ и Нато беа толку загрижени наместо да спречуваа имигранти можеа да спречат војна. Ова што сега им се дешава и ќе им се дешава е производ на нивната загриженост. Оние кои што секогаш го влечат подебелиот крај се балканците. Ако не ги спречуваат еу скока дека требало да се спречуваат, ако направат нешто за да се спречат имигрантите да транзитираат тогаш тоа било спротивно човечките права.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Makedonec