Ако бегаат само за да спасат глава, зошто не бегаат во нивните соседни држави? Било каде во Азија. Зошто мораат во Европа или поточно, во западна Европа? Значи, станува збор за повеќе од преживување, станува збор за населување на веќе добро ситуирана држава. Нескромност, much?
Башка, едно е да дојдеш со причина и да бараш азил, а друго е нелегално да навлезеш во туѓа држава. Ако можат они, зошто да не можеме и ние? Ајде да се спакуваме и фаќаме патот за Германија или Франција, штом тие можат нелегално да навлезат, можеме и ние. И ние сакаме да живееме во подобра држава, зошто да не.
Има едно правило кое го применувам а тоа е дека немам никаков став за еден куп работи. Сериозно, има куп работи за кои не сум информиран и затоа не се осудувам да имам став.
Според мене, така треба сите да постапуваат.
Ете имаш став а не верувам дека имаш видено географска карта одамна, да видиш со кои земји граничи Сирија. Сигурно нема да одат во Ирак, посебно во делот кој граничи со нив и кој е под контрола на исламистите. Во Турција влегуваат, благодарејќи на курдите кои држат некакви коридори а курдите поради некоја причина иако муслимани никогаш не го прифатиле исламизмот, напротив претежно има комунисти и такви ствари, чудна раја уште од времето на легендарниот Салахудин (@Saladin ) кој и самиот бил од курдистан некаде...(војсководецот, не форумџијата
Најмногу бегалци имало во нивниот комшиски Либан засега.
Вие можете и правите, десетици илјади овдешна раја има на црно, што по италија, по немачка, швајцарија, по америка каде со децении се без документи. Чак и јас имам работено на црно на запад...
Искурназени се, не им се останува во турски избеглички кампови (конц-логори) и споро, сигурно пропаѓање смрт од болештини, глад и очај...ваљда логиката им е ако веќе ризикуваат - ризикуваат да одат на запад.
За тоа дека западните земји се виновни за се се сложувам, нека им одат таму и нека прават што сакаат. Финтата е што нема сите да ги примат, тоа ми беше зборот. Кога ќе затворат се и ќе почнат да ги враќаат назад, кај кого ќе останат? Во Грција нема да можат да се вратат, значи или ние или Србија. А тогаш не знам што ќе биде, можеби и ќе се разнесе некој од кај знаеш.
Добро де ете зошто не одат во Катар да речеме? Богата земја, нема војна, нема ништо. Што не одат таму?
Не одат во Катар пошто се алавити/шиити и остали муслимански деноминации и секти кои се забранети во катар и сауди арабија. Како да бегаат во земјите кои ги финансираат и опремуваат оние кои им убиваат деца дома?!
Раштракани во Европа. Ќе останат во Европа.
Можеби ќе звучам расистички и дискриминативно, но намерно доаѓаат наваму за да го донесат муслиманството.
Мора да е тоа причината, не ќе бегаат ваљда од бомби, масакри, групњаци на забрадени манијаци, масовни егзекуции, разрушени домови...