- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Незнам ајде како и да е Секој свое мислење.
Не станува збор за мислење, туку за факт, без разлика дали ќе го прифатиш или не. Луциден сон не е обичен сон.
Луциден сон е секој сон во кој човекот е свесен дека сонува. Поимот го создал Фредерик (Вилм) ван Ајден (1860-1932), холандски психијатар и писател. Во луцидниот сон, сонувачите може да поседуваат способност за применување некој степен на контрола вез нивното учество во сонот или можат да управуваат со нивните имагинативни искуства во сонот. Луцидните соништа можат да бидат реалистични и јасни. Докажано е дека кај луцидните сонувачи постои висока фрекфенција на бета-1 бранова должина (16-19Hz) поради тоа што постои сголемена активност во париеталниот лобус правејќи го луцидното сонување свесен процес. Луцидниот сон може да започне на два начина. Луцидниот сон предизвикан од сон (dream-initiated lucid dream-DILD) започнува како нормалне сон и оној што сонува на крај заклучува дека е сон, додека пак луцидниот сон предизвикан од будност (wake-initiated lucid dream-WILD) се случува кога сонувачот од нормална будна состојба преминува во сон без видливо исклучување на свеста. Луцидното сонување е научно истражување и неговото постоењее добро утврдено.
До луциден сон најчесто се доаѓа на следен начин: легни на кревет со рацете исправени до телото, со затворени очи но одржувај се буден, не мрдај, значи, ни милиметар, ќе те чеша цело тело и ќе имаш потреба да смениш позиција и да мрднеш барем едно прсте, но остани целосно неподвижен. Во првите 10ина минути ќе почнеш да чувствуваш како "ти лазат мравки" насекаде и за 15ина минути нема да го чувствуваш телото. Со самото тоа што не мрдаш, ниту еднаш ниту еден милиметар, до мозокот стига сигнал дека телото е подготвено да спие. Поради тоа, пополека ќе почнеш да влагаш во сон (јас до тука имам стигнато). Така, "влагаш" во сон, а си целосно свесен. Можеш да измислуваш светови, суштества, случки итн. А сето тоа да биде тотално реално, а ти всушност лежиш на кревет. Луциден сон не е обичен сон, факт.