Луцидно сонување

bonboonka

Полноправен Член
21 февруари 2015
38
12
8
Луциден сон е секој сон кој свесно го сонуваш, т.е. дур сонуваш (дур се случуваат настани во сонот) свесен си дека е тоа сон. Сон во сон е нешто друго.
А да прашам сеа пак извини ако сум досадна ми се случува значи често да сонувам како ме напага некоjа сенка или нешто зло свесна сум дека сонувам и сакам да се разбудам ама ни очи неможам да отворам ни да мрднам со прст цело тело ми е укочено се мачам да викнам а немам глас прочитав на нет тоа го викале парализа на сонот има ли врска ова со тоа чудно ми е толку сонувам триста на саат а да незнам за ова а па и да не ми се десило

Или чекаjте сега се сетив ми се има случувано да сонувам нешто многу убаво и се будам во момент и од што ми е убав сонот свесно си продолжувам да си сонувам како сакам си сонувам ама штознам првпат слушам дека ова нели дека е различно од обичниот сон и дека е истражувано за тоа
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,405
9,110
1,683
Кушкундалево
А да прашам сеа пак извини ако сум досадна ми се случува значи често да сонувам како ме напага некоjа сенка или нешто зло свесна сум дека сонувам и сакам да се разбудам ама ни очи неможам да отворам ни да мрднам со прст цело тело ми е укочено се мачам да викнам а немам глас прочитав на нет тоа го викале парализа на сонот има ли врска ова со тоа чудно ми е толку сонувам триста на саат а да незнам за ова а па и да не ми се десило

Или чекаjте сега се сетив ми се има случувано да сонувам нешто многу убаво и се будам во момент и од што ми е убав сонот свесно си продолжувам да си сонувам како сакам си сонувам ама штознам првпат слушам дека ова нели дека е различно од обичниот сон и дека е истражувано за тоа
Велат дека sleeping paralysis e предфаза на луцидниот сон, ама тоа парализа кога заспиваш. Кога се будиш со парализа обично е од кошмари и затоа што се будиш одеднаш телото не е спремно да реагира затоа што обично кога сонуваш значи дека си во REM, а тоа значи дека мускулите се лаички кажано заспани за да не почнеш да го правиш со телото она што го сонуваш.

Чекаме : ) Луцидно сонување значи дека си свесен дека сонуваш. Штом си свесен дека си во сон тоа значи дека можеш да го контролираш сонот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and bonboonka

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Ми се случи пред 2 дена. Сум се мажела за некој ама се одложила свадбата :/
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Му се има случено на другарка ми, таа ми вика знаела дека сонува и сакала да се разбуди од сон ама не можела, чувствувала дека некоја црна сенка онака вуквално висела над неа и не и давала да помрдне, викала со затворена уста па добро што сестра ѝ ја разбудила, лошо чувство.
 

Teresa

Староседелец
15 јануари 2016
31
5
1,008
Скопје
мене пред некој ден ми се случи да имам луциден сон и многу лошо беше..
Свесна бев дека сонувам и одеднаш осетив како од позади некој косата како да ми ја врти као во реп да е али ја врти и дури малце ме здоболе.. и знам дека као сум се свртила малце да видам кој е али не сум можела многу да се помрднувам.. и после тоа се разбудив али ми беше страв неколку секунди да отворам очи и да се помрднам од место.. :(:(:(
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,217
6,861
1,153
Big Sur
Многу често ми се случува да сум свесна дека сонувам.
Единствената позитивна разлика што ја гледам е што порано им се плашев на луцидните соништа, а сега не.
Најчесто ми се случуваше кога ќе имав кошмар или сон кој веќе сум го сонувала, па при самиот крај ќе си речам епа океј, ако тргне на лошо ко претходно, ќе се разбудам и се будев. Најчесто тоа ми се случува кога сонувам дека сум во лифт кој не запира на спратот кајшто треба туку неконтролирано и со огромна брзина се движи нагоре или пред да влезам во некоја врата зад која сум свесна дека има нешто неубаво. :D
Звучам ко лудак, но такви ми се и соништата.
Сега некако не се плашам, напротив, се убедувам дека е само сон и дека сакам да видам што ќе се случи. Некогаш и успевам да го превртам како што сакам. Кога не е некаков кошмар, туку само обичен сон, некогаш се фаќам како си го раскажувам сонот или како си кажувам како би сакала да биде, па е малку чудно бидејќи „гледам“ едно, а го размислувам како би било да е малку поинаку, па тука се мешаат сензации.
Пример, сонувам дека седам на некое столче и недалеку има книга која сакам да ја дофатам, но не станувам во сонот, туку си викам еј, да можев сега да видам што има во книгана, па паралелно гледам дека книгата уште стои на маса, но и чувствувам ко да вртам страници и/или читам нешто од истата.
Мрднато чувство е.