Луцидно сонување

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Незнам ајде како и да е :D Секој свое мислење.

Не станува збор за мислење, туку за факт, без разлика дали ќе го прифатиш или не. Луциден сон не е обичен сон.

Луциден сон е секој сон во кој човекот е свесен дека сонува. Поимот го создал Фредерик (Вилм) ван Ајден (1860-1932), холандски психијатар и писател. Во луцидниот сон, сонувачите може да поседуваат способност за применување некој степен на контрола вез нивното учество во сонот или можат да управуваат со нивните имагинативни искуства во сонот. Луцидните соништа можат да бидат реалистични и јасни. Докажано е дека кај луцидните сонувачи постои висока фрекфенција на бета-1 бранова должина (16-19Hz) поради тоа што постои сголемена активност во париеталниот лобус правејќи го луцидното сонување свесен процес. Луцидниот сон може да започне на два начина. Луцидниот сон предизвикан од сон (dream-initiated lucid dream-DILD) започнува како нормалне сон и оној што сонува на крај заклучува дека е сон, додека пак луцидниот сон предизвикан од будност (wake-initiated lucid dream-WILD) се случува кога сонувачот од нормална будна состојба преминува во сон без видливо исклучување на свеста. Луцидното сонување е научно истражување и неговото постоењее добро утврдено.

До луциден сон најчесто се доаѓа на следен начин: легни на кревет со рацете исправени до телото, со затворени очи но одржувај се буден, не мрдај, значи, ни милиметар, ќе те чеша цело тело и ќе имаш потреба да смениш позиција и да мрднеш барем едно прсте, но остани целосно неподвижен. Во првите 10ина минути ќе почнеш да чувствуваш како "ти лазат мравки" насекаде и за 15ина минути нема да го чувствуваш телото. Со самото тоа што не мрдаш, ниту еднаш ниту еден милиметар, до мозокот стига сигнал дека телото е подготвено да спие. Поради тоа, пополека ќе почнеш да влагаш во сон (јас до тука имам стигнато). Така, "влагаш" во сон, а си целосно свесен. Можеш да измислуваш светови, суштества, случки итн. А сето тоа да биде тотално реално, а ти всушност лежиш на кревет. Луциден сон не е обичен сон, факт.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
па воа повише ми личи коа идев на јога...лежиш долго време на под не се мрдаш ги ослободуваш сите мускули на телото...и слушаш...целосно се внесуваш во приказната што ти ја кажува претпоставениот...ти вика пример замисли си дека таму на тоа место има тоа и тоа...и си прајш филм...благо кажано...буден си ама и ко да спиеш :)
 

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Ако е обичен сон зошто тогаш сите сонови не се такви туку има сонови кога знаеш дека сонуваш и има сонови кога тоа што го сонуваш мислиш дека е реалност ..?
и јас сето ова се обидував да и го објаснам ... благодарам на помоштаа.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Многупати сум имала луцидни соништа. И најинтересно ми е што знам дека е само сон и си велам, добро е, не е ништо страшно, само сон е, и ќе продолжам да сонувам знаејќи дека не е реалност. :D
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Ми се нема случено ( и обични сонови ретко сонувам ) и не се замарам многу со оваа тема, или цврсто спијам или сум полузаспан. Некогаш си мотам филмови, ама не би нарекол тоа класичен сон бидејќи јас си ја креирам фантазијата по моја желба.

јас вака пошо незнам шо значат тие соништа...да каеж 2-3 збора за темава? нема воведче

До луциден сон најчесто се доаѓа на следен начин: легни на кревет со рацете исправени до телото, со затворени очи но одржувај се буден, не мрдај, значи, ни милиметар, ќе те чеша цело тело и ќе имаш потреба да смениш позиција и да мрднеш барем едно прсте, но остани целосно неподвижен. Во првите 10ина минути ќе почнеш да чувствуваш како "ти лазат мравки" насекаде и за 15ина минути нема да го чувствуваш телото. Со самото тоа што не мрдаш, ниту еднаш ниту еден милиметар, до мозокот стига сигнал дека телото е подготвено да спие. Поради тоа, пополека ќе почнеш да влагаш во сон (јас до тука имам стигнато). Така, "влагаш" во сон, а си целосно свесен. Можеш да измислуваш светови, суштества, случки итн. А сето тоа да биде тотално реално, а ти всушност лежиш на кревет. Лувиден сон не е обичен сон, факт.

ова повеќе ми личи на обичен сон кој самите го креираме, а ќе биде онолку реален колку шо е силна и развиена твојата имагинација.

Јас колку шо разбрав луциден сон не е сонот кој ти си го креираш, т.е додаваш и одземаш работи, туку сон во кој наводно ти излегува духот од тело и си тотално свесен на пример шо има во соседната соба (каде стои чашата или чоколадото ) иако предходно не си бил во неа и не си ги видел тие работи. Е тоа е тој класичен луциден сон и ми се чини малку неверојатен да го голтнам.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Мислам дека не ми се има случено (yawn)...
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
-ама баш би сакал ... :zelen
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Досега никогаш не сум имала Луцидни сни ...
Прв пат слушам за ова ..(wasntme)
Ќе се цитирам да си го поправам мислењето бидејќи вчера ми се случи и мене по прв пат да сонувам вакви сни..
Накратко-Сонував дека сум лежела во болница не паметам зошто но знам дека не сакав да седам и избегав ама ме виде некоја сестра и почна по мене да трча но јас во момент сватив дека не е реалност и тогаш си реков да бидам невидлива и тоа се случи никој не ме забележа а јас си отидов дома и после не знам што се случи..
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
па воа повише ми личи коа идев на јога...лежиш долго време на под не се мрдаш ги ослободуваш сите мускули на телото...и слушаш...целосно се внесуваш во приказната што ти ја кажува претпоставениот...ти вика пример замисли си дека таму на тоа место има тоа и тоа...и си прајш филм...благо кажано...буден си ама и ко да спиеш :)

Не е како на јога. :) И јас одев, но ти не спиеш на јога, овде вушност спиеш, но си сепак пполусвесна, свесна си дека сонуваш и си го контролираш сонот.
Мене ми се има случено да се разбудам и презаспивам, секогаш сонувам, но некогаш сум свесна дека е сон и го контролирам правам што сакам во сонот, зборувам што сакам итн, но ако заспијам поцврсто веќе немам контрола на сонот и не се случува се јас како што сакам. :D