Личен дневник

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не знам што правам моментално. Имам толку за учење што слободното време кое треба да го посветам на љубов, хоби, другари го немам. Ја држам книгата и читам но мислам нешто друго. Напнато ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Да имам добри колоквиуми, за да имам што да славам за Нова година.
А дотогаш, по малку учење и вежбање, до Нова година с'рча да се напрам!
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Кога губиш пријател губиш дел од себе. Но не можеш ништо да менуваш, тоа се чувствува, се одалечувате полека неприметно. Се трудиш да го доближиш со мислите кон себе, но тој си оди по својот пат. На момент се чувствувам ко кондом, обострано задоволство и канта...
И свесна сум никогаш нема да биде како порано, долги разговори, се чувствувате кога некој од вас е тажен...се слушате во секое слободно време, се смеете , плачете заедно, си шепкате тајни кои никој не ги знае...Те познава повеќе од самата што се познаваш, го знае секој магичен збор за да се насмееш
И не ти е ниту маж, ниту љубовник, само една машка половина од тебе која одсекогаш си ја барала, си ја спознала и си ја изгубила тивко, нечујно...
Стојам немо, нечујно , не те препознавам. Ти го чувствувам студенилото кое ме заледува, ме боли. Ме болиш. Поминуваат флешови на се што беше наше и сфаќам се беше убав сон, само сон и ништо повеќе од тоа.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Не знам што правам моментално. Имам толку за учење што слободното време кое треба да го посветам на љубов, хоби, другари го немам. Ја држам книгата и читам но мислам нешто друго. Напнато ми е.

Истата сум и ја. Κолκу се неρвиρам κо κе ми е ваκа. Се κинам од плачење се чувствувам неспособна, губитниκ...
И паκ се вρаќам да го пρочиташ истото уште 10 пати.. Не оди, палиш цигаρа демеκ пауза и..
Κоа κе земеш да читаш ти се пρиспало. . Глупости!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Додеκа твоето тело се ρаспаѓа под земја јас тρеба пρва издотеρана на оρо да игρам а!? Не можам .. Тебе сеκој ден се повеќе и повеќе земјата те впива а јас да игρам... не можаааммм!! :mad:place
И уште луѓево ми се чудат зошто не сум одела таму на неκоја е:cenzura пρослава.. живот не ми остави бато.. со сеκоја ρадост и ти κе пρодолжеше да се ρадуваш..
Еден ден паκ заедно κе се ρадуваме, знам.
На сон не ми доаѓаш да не те гледам за да ми фалиш повеќе, за κога κе дојдам да ти се изρадувам.. и ти мене
Овие солзи цел живот κо паρчиња жаρ κе се тρκалаат по лицево....
Неκогаш и негде κе те сρетнам паκ!
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Една награда за идиот ми треба, онака.
Некоја папуча со кал, опинок, можда опаш од магаре...
Се правам манга, ставам оловни рогови дури не ги истерам до крај погрешните работи.
А, зошто? За да си докажам себе дека можам да се справам со ќорсокак ситуации и луѓе. Е, цврц.
Ама затоа сум експерт бесконечно да ги пролонгирам и игнорирам работите кои, со голема веројатност, би ми помогнале да напреднам ко што сакам.
Зошто? Пошто гордоста не ми дозволува да се помирам со првиве и мозокот ми е преокупиран со истите.
И сега што? Ако ми е.
Will I ever learn? (worried) |-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Драг дневнику, можеби на песнава местото не и е тука, ама животот е прекраток за да се каам за работи што сум ги испуштила.
I'm finally letting go.
Maybe I'll burn in the fire, but I'm igniting it and letting go.
Cause we never promised forever and nothing good lasts, so just enjoy it while you can.

P.S. Ебате работата, пак нема да спијам.
Whatever. Навикнав.
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Цел ФДУ може вода да ми носи!
Вечерва беше врвот и кулминацијата на мојата способност за глумење.
Цел живот ќе го памтам ова ... просто незаборавно и неповторливо, али не сум јас крива што вечерва совршено изглумив, имав совршен учител ;)

А токму учителот вечерва се увери во тоа колку одличен ученик сум била ... едноставно остана без зборови.

Фала ти за се' што ме научи ... само пази, вечерва ученикот го надмина учителот ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BadBoy007

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
16
42
1,013
Дневниче,

На прстите од едната рака можам да ги избројам луѓето пред кои се имам расплачано во животот. Не дека не сум плачка, ама едноставно не можам да плачам пред луѓе, не можам. А сепак, во моментов мислам дека некој тотален странец да ми дојде и да ме праша како сум, ќе прснам во плач и ќе исфрлам од мене се што некогаш сум премолчела, простила, „заборавила“. Веќе неколку дена имам страшна потреба да плачам, а очиве не ми пуштаат ни солза. Да ме праша некој зошто, не би знаела што да му одговорам. Едноставно, премногу ми се насобра во кратко време. Се изнаслучуваа толку работи, што не стигнувам да си го испроцесирам сопствениот живот. Последнава недела постојано сум меѓу луѓе, не смеам ни за секунда да останам сама... се плашам да останам сама... Се плашам од самата себе, од сопствените мисли. Се плашам од идеите кои ми доаѓаат, се плашам од иднината, од неизвесноста.. од се се плашам.

Почнав да верувам во карма. Ми се врати за лошите работи што ги имам направено. А им се врати и на оние кои ми имаа згрешено. Чудно тркало е животот. И не знам зашто, ама не чувствувам сатисфакција кога пати некој што ме повредил. Можеби баш поради таа моја емпатија истите тие што ме повредиле си земаат за право да ме користат како рамо за плачење, без да се свесни (или можеби и се свесни ама не им е гајле) дека на тој начин само го брцаат ножот подлабоко во моето срце. Би сакала да знаев да мразам. Би сакала да знаев да се одмаздувам. Или бар да кажам „Ок, доста е, одјебете.“. But that's just not me. Јас сум таа што е секогаш тука да ги ислуша и советува сите, а на крај заспива носејќи ги своите тежини длабоко во душата.

Како шлаг на се, кријам страшна тајна. А единствената личност на која смеам да ја доверам, на која треба да ја доверам, не смее да ја чуе. Не знам веќе што да правам. Знам дека се ова е само период, ама нека помине веќе еднаш, аман. Пред да се замразам самата себеси.
Тонам. Тонам се подлабоко. Нека помине веќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Beauty&Beast

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не ми се верува ама стварно не ми се верува, цела недела немам ни 5 минути застанато, цело време трчам по нив, чистам по нив, готвам за нив и на крај што не успеав да отидам да купам еден парфем што утре секако ќе го купам ми викаат "ти ако сакаше можеше да најдеш време имаше ЦЕЛА НЕДЕЛА"
Може грев ќе ме фати ама едвај чекам да дојде сабота ако останат уште една недела нема да преживеам. :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio