Личен дневник

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Верувам дека копнежот е само плод на темната страна,
и под својата корупка не крие ништо освен гнила душа..
И сите ние кои наоѓаме комотна непријатност во тоа исчекување нечие срце да не прими,
всушност ја уселуваме таа црвојадина во сопственото.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дневниче..
Ах бе мило дневниче . Очи да плачеш со мене имаш ли, уши да ме слушаш..?
Дневниче, полеκа губам тρпение и неρви.
Нагло сум се сменила 360°. . Чувствувам. Се плашам..
Дневниче κажи ми κаκо да го тρгнам влијанието од луѓето вρз мене.
Сите знаат (изгледа не сум свесна деκа поκажувам) κолκава совест имам и κолκава и да ми е гоρдоста, κолκу и да не пρизнавам.. Се менувам дневниκу!
Несаκајќи, ладноκρвно однадвоρ... а во мене буρа..
Мислам деκа ми тρеба психијатаρ, психолог.. нели...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Се е лекција, секој ден е лекција. Убаво е човек да сонува соништа со затворени очи, но будењето е болно и долго. И покрај мојата наводна мудрост, посакувам некогаш да сонувам. Некои соништа траат кратко , некои подолго и многу долго. И одеднаш се будам ги отворам очите широко отворени и како на филмска лента излегуваат ситуации, зборови , постапки...Јас секогаш се знаев, само на луѓето кои безконечно ги сакав им ја спострирав душата пред нивните нозе за малку човечка топлина. Се беше илузија. Илузијата секогаш ве води во погрешни насоки. Не се сменија тие кон мене само јас се разбудив и погледнав пред нив и зад нив. Сфатив дека барањето по човекот се загубив себе си. Веќе никого не барам, потајно се молам некој мене да ме пронајде со својата исконска светлина, кој по прашањето како сум нема да побара лична желба или егзибиција. Некои ќе се зачудат на мојата малодушност , но кога таксиметарот на животот врти со брзина на светлината, сфаќам дека и немам многу време за губење.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Диар,

Него му е лесно да ја скрие вистина, а јас не можам да престанам да очекувам искреност...И да, секогаш искреноста најважна ќе ми биде, вистината можам да ја поднесам, каква и да е. Секоја лага ми претставува навреда кон мене.

Ај,
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Денов ми е лудница цел ден, ама буквално, незнам дал да плачам, дал да се смеам.
Се договарам со екипата да се собереме во парк, а бев на гости кај другар ми, и идеме заедно двајцата накај колата за да идеме накај парк, и стигам кај што ми беше колата паркирана, и ОП нема кола.
Мене спајање жици у секунда, пред нецели 2 месеца ми ја дигнаа на друго место, и сега денес пак ... а на тоа место нема ни табла ни бутур, увек таму паркирам и колата не ми била никад чепната.
Идеме кај пајак службата си ја гледам колата внатре ... и шта чеш, опет 2.500 се опрчив, тоест другар ми плати со картичка, немав у моментот со мене ни картичка, ни толку кеш.
И влагаме внатре у тоа паркингот да си ја земам колата, му ги давам клучевите, и му викам вози, вријам, се' ќе испогазам пред мене, или ќе погиниме некаде 200 ќе дигнам у нервоза ќе соберам некоја бандера.
Стигаме у парк, шетаме со екипата, малце да ми се олади мозокот, ама џабе.

И ајде седнуваме на пијачка после прошетката ... јас коњак нормално си нарачав, за у вакви ситуации само тоа ме смируе.
И само што седиме, срипуе другаров, ејјј џандари ... тоа ти се вика кој си ја има мувата на капата си ја ишка :D стануе и другиот другар по него, јас ги фрлам клучевите на другаров, нека спасуваат ситуација ... не ми треба и втора казна у еден исти е**н ден.
Се враќаат се смеат како забегани, тоа да ти било нарачка од Доминос пица ми се чини, али така у светлечко облечени, ко џандари им се присторило.
А јас пиздам у себе, ми идеше некој да заколам буквално.

После ајде продужуваме сите дома на кафе, ставени нескафињата на маса, цигари, телефони и се со ред, и БАМ цела маса се сруши буквално како кула од карти, нестабилна беше, и ојде се на земја, тоа поплава доле 5 нескафиња, потоп, се' лом, телефоните лом, цигарите лом, утоп ... :rofl
Си го истестирав Галаксито под вода, на чешма го миев од нескафето, и стварно бил водоотпорен, гајле нема :zelen

И после еден куп заебанции за денов забеган, сигурно нешто испуштив да напишам ...
И така ... битно забавно ни е, да се дешава нешто, си се глупираме и никој не ни е рамен :D
А башка и цел ден сум само на кафиња, коњак, и 2 кутии цигари ... и то ... живот :zelen
Битно ми пројде нервозата со мојата луда екипа ... пак сум си екстра ;)

 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Не пишувам дневник, пошто не се чувствувам безбедно.. Порано можам да кажам дека почнав, али мала, глупава, школо ми го прочитаа :frantic:rofl али добро што немав ништо посебно напишано. Но од друга страна ретко можеш да најдеш личност кај која би се исповедала би си олеснила, така да дневникот е добар пријател за тоа, како и да е, јас сепак не планирам да пишувам, научена сум да ја задржам тежината што ми е внатре и да живеам со неа, барем тоа ми е добар благослов(wasntme)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Напишав цел текст во кој опишав се што моментално ми се случува и ми се избриша.Fuck.
Од поново се,нема шанси да пишувам.Ај само најбитното.
Ми се оствари уште еден сон,дофатив уште една цел и задоволна сум.
Друго..дека сум заљубена не е ништо ново нели?
Ок.Нека остане на тоа.И тој е во мене.Само околностите не се баш нај нај да би биле заедно.Како и да е сеуште сме пријатели, заљубени еден во друг.Хаха ова напишаново ко да е пишувано од 13 год.девојче.А може и сум понекогаш се однесувам така,многу често.
Трето.Луѓето на кои им помагав ми постанаа пријатели.Мy Ghetto Crew.Не споија судбините и животните приказни.
Повторно во животов имам некој период каде се чувствувам загубена,каде зацртувам нови цели каде сфаќам,дефинирам,анализирам итн,а тие ме мотивираат и тераат понатака без да знаат што ми се случува.Некогаш мислев дека сум сама,дека не припаѓам никаде,дека...се некои црни мисли имав,сега сфаќам дека правите луѓе доаѓаат во право време.My Ghetto Crew.
Четврто..Малиот е супер,најдобар е во школо и прав кулер е.
Петто..ми се спие.
Шестто...Ве сакам.
Седмо..се пишува шестто со две т???
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Рано рано во бус.Три дена одмор па иде понеделник...ајмо још мало.
Сакам коа имам време после работа да си прошетам на кафе,пица...сеедно.
Ме исполнуваат само моментите кога има дружење неприсилено туку искулирано и ненаметливо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Хелоу дневнику.
Нема ама баш ништо ново и интересно од кога пишав последниот пат тука.
Празници идат а расположение под нула кај мене. Ниту ми се оди по оние ручеци на кои морам да одам, ниту ми се отвара уста да зборувам со некого.
Само самотијата си ја сакам периодов, а ко за беља мир немам од луѓе кои ненајавено ми доаѓаат.
Друга работа е што пред некое време се жалев на рамнодушноста, ме полудуваше тоа чувство на празнина, а сега...сега само тага на претек. И почнува да ми фали баш таа рамнодушност, од неа барем окото не солзи.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Еј диар,
Која е и каде е таа еуфорија што треба да ја осеќам деновиве? Се ми е испомешано во мозоков, не знам кај терам. Од најрасположена, наеднаш знае да ми падне енергијата и станувам нервозна. Не знам дали е до планетиве и шо ќе да е, ама нека помине побрзо. Желудникот од вчера ме боли и никако да ми помине. Вчера цел ден слушавме со ќеркичката музика на слушалки. Најтопли се нејзината прегратка и насмевка и секој ден кога ја гледам и’ се заблагодарувам што постои. Не сакам да бидам нервозна во нејзина близина и само ја гушкам...Таквата љубов ми дава надеж. Чистата и искрената.

Ај,
 
Последна промена: