Личен дневник

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хеј дневник.

Убав ден имав денес. Се видов со друштво, прошетав низ град па излегов пак. Ми пуштија некои џезови кои што самите ти ја креваат раката со румот. Убаво ми беше, хормонски коктели со благи отрови во пријатно друштво доволно за да се почувствувам убаво. Што знам му запнав на румот деновиве, секоја вечер откако си дојдов румот ми е во рака.
Инаку добар јас, ете пробувам да променам по нешто од мене... некоја девијација не ќе дојде лошо. Премногу долго одложував некои работи и жал ми е поради тоа што ги одложував, ама што е - тоа е назад нема.

И пак го дрвам јас со островјаните, ама ова ми е во последно време опсесија. Келти пусти, земете ме таму да уживаме во румовите и морето, во планините и дождовите. :/ Се надевам некогаш ќе стапнам на островото.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Таман си помислив дека сум доволно силна, дека времето изградило некоја бариера во мене непробивна и наеднаш бум, се срушив, исто како кула од карти кога ќе извадиш една. Сфатив дека малку било доволно за да ја скрши неа, да ме скрши мене, сфатив дека времето на кое се надевав овојпат било само залажување. Заборавот некаде го изгубил својот пат, а и јас својот. И никој никого не пронаоѓа, ниту некој некаде припаѓа.....ништо не поминува и не се менува. Само е се потешко и потешко...

 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Lady*

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Лежам будна со раце широко отворени, како да лебдам над облаци, а сонувам кошмари.
Погледни ме онака како што посакувам да се гледам себеси..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden and violetmoon

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Гадно чувство.
Како да не сум во своите чевли.
Како некоја виша сила да ме има фрлено во темен лавиринт.
Немам дефиниција за својата празнина, а свесна сум дека нешто недостига.
Очајно, патетично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Dear diary,
F**k it. Like seriously, f**k it. I'm so sick and tired and angry... Effing angry at me and him and my parents and life and the effing universe and just... Aaarghhh!!!
I hate feelings so effing much and I was doing alright being a sneaky vindictive, c...-teasing b...h until he effing decided to effing appear in my life and f***ing flip it around.
f***ing a-hole.
Look the f**k at him. He's clearly a specimen I ain't used to and he said I'm full of f***ing bulls**t because he sees right through my act and he is right and i really don't wanna admit it but he does. And i can't f***ing sleep and study and do s**t that I'm supposed to do and I feel frustrated because I did something I said I would not. It ain't bad but i said i was gonna stay away from s**t like that for the rest of my life and I clearly didn't. But I look at him and I can't think at all and all I wanna do is kill him and lay in his arms AND I NEVER F***ING WANTED THAT S**T.
God, I screwed up...
I don't wanna admit it, but he was right and i'm afraid I am falling in love with him.
There, I said it out loud (not really, but this is a kinda public space... U get what i mean, right?)
And I miss him at night.
And i f**king love it when he thinks I'm sleeping and he kisses my nape or my forehead and snuggles closer to me or hugs me tighter.
It wasn't supposed to be like this!
We were supposed to be friends who make out and occasionally go get coffee or walk along the bank of the river and not have those all-night kinds of conversations that don't end until one of us falls asleep.
S**t, all I wanted was to have fun and someone to relieve all the stress with.
I hate that I'm doing this...
I really f***ing miss u, D. I really do.
We've got some past and our own deal of bad cards and pain. But I really hate you now for forcing my stupid shattered heart to feel again.
F**k you.
F**k you so f***ing much.
There, I said it all.
I don't wanna love ya, but i kinda miss ya, and i don't like to text you and days go by and I get angry at you for not texting me, but I kinda always wanna be with you and that's so pathetic, and I know you are going to just hurt me, and I can't let that happen, so I'm just gonna continue treating you cold until you've had enough.
S**t. This is so f***ed up.
I f***ing fell for you a**hole.
So f**k you.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Нервозен сум. Сепак постојат личности кои знаат да те викнат на кафе и да го смират бесот во тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Не можам диар, ми се смачи од чекање вести и од лоши вести. Само напната сум, само во исчекување и неизвесност. До душа за поголем дел се знае дека е лоша веста, а сепак се надевам дека очигледното не е очигледно ... хм..
Ај,
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Овие денови сум безгрешна...навистина не ми е јасно што ми би...ауууууууу..да не сум болна!?
-недостаток на идеи и објекти за флерт
-немам воља за било каква комуникација со светов
-намерно ги занемарувам туѓите потреби за моја корист
-попладневна дремка наместо дружење
хммммммм..гревови ни во коров....ја губам оштрината дефинитивно...
-нема некој форумаш свесно да го експлоатирам
А да си појдам јас на лекар?
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Проблемот во нашето општество е што постојано сакаме да си ги лечиме сопствените комплекси со туѓите маани. Не знаела англиски. Леле колку е мутава, леле каква е, ја мрзе да отвори интернет и да научи нешто. Зошто да, интернетот е тука, сите треба да знаеме се, и математика и англиски и француски и шпански... Ако нешто не знаеме, глупи сме, зошто нели, има некои совршени ликови кои знаат се и можат се. Не можам, стварно не можам да се помирам со фактот дека некои луѓе живеат само за тоа да омаловажуват некого. Ќе се издушат на нив и како да им дава некоја енергија, некоја свежина, ги гледаш по пет минути како нови, со насмевка на лицето, расположени до бескрај, си мислиш фатиле седмица на лото. Зошто еднаш не застанеме пред огледало и не размислуваме да го подобриме нашиот живот, нашиот речник, да се соочиме со нашите проблеми наместо да ги исмејуваме останатите за нивните проблеми и недостатоци? И не, не сум изнервиран. Бесен сум. Гневен сум. Е, на тие таквите децата во школо ако не бидат најголеми насилници, незнам чии...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo