Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
3 недели без луѓето кои ги сакам.Некој ќе помисли пишувам за фамилијата.Не.Пишувам за колегите и колешките на работа.Пишувам за мојот втор дом.3 недели без местото на кое се најдов себе.
Вчера случајно некој ми постави прашање кое одамна го заборавив.
Се најде ли себе?
Замолчив затоа што немав одговор.Морав да размислам,да направам фацит на збиднувањата,да го дефинирам сопсвениот статус да би дошла до заклучок дека се најдов.Таму на местото на кое некогаш одев со страв и со панични напади.Место на кое луѓето ме прифатија таква каква што сум.Место на кое успеав да си ја вратам сигурноста и самодовербата.Делче по делче.Ден за ден.
Место на кое незнам како успеаа моите вредности да излезат на површина(за кои не верував дека ги имам).
Таму го најдов и него.Најверојатно преку него и самата себе.
3 недели без нив...оје..
Денеска го држев првото предавање пред новите соработници.Пред некој ден напишав комедија за фирмата која ете ја стои запакована во фини рамови и ги краси ѕидовите на фирмата.Направивме и мала театарска претстава..Во фирмата.
Идеи кои не мислев никогаш дека ќе бидат вреднувани и спроведени..
Додека ја читав приказната,тој стоеше и ме гледаше таму некаде измеѓу останатите.Ми се тресеа нозете и гласот ми трепереше,знаејќи дека ме гледа,дека ме анализира,дека....но продолжив понатака...
Ракоплескање и насмеани лица.
Вчера се охрабрив и му реков дека е за мене најдобриот.Некој од кого можам да учам..
Ми потекоа солзи денеска кога колегите ме испратија со прегратки и тажни очи..
3 недели како 3 векови.Без нив,без него..
Време кое ќе го искористам за себе.За еден нов почеток.
Конечно да затворам една врата која ме влече надоле.
Крај!!!
Животот смислува необични сценарија за нас за да не натера да го сфатиме она битното.
За да не потсети кои сме и зошто сме,која е нашата улога во сето тоа.
.Не тера да погледнеме на сопствените стравови во очи да би го пронашле она што го сакаме.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Priroden

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Драги дневниче,

два збора денеска за мене - е:cenzuraе оФцата.
Овца со Ф. Само тоа, и плус текстов шо го најдов прееска несакајќи на почетна.
Е тоа.
И ако уште некој ми спомне колку само личам на оној изрод од човек ќе му ја залепам една жешка три дена да го боли.
П.С. :cenzura офцата



Let’s be honest here –
I am not the girl men fall in love with.
I am the girl that men want to fuck.
I am a conquest. A prize. A show.
I could count on five hundred fingers
the number of people that have professed,
“I like you. You’re different. You’re an interesting girl.”
Apparently I’m not fascinating enough for you
to want to hold for more than a one-night stand.

Once
as I finished swimming a sea of blankets
and got left stranded on the shore,
I asked myself:
What’s wrong with me?
What am I doing?
Am I not good enough for anybody?

And right before I could drown again,
the sun woke up and said,
“You are.
You are enough.
Forget the men whose hands have groped your hips
in search for answers to questions
you’ve never even heard of.
Do not settle for people who do not appreciate you,
who do not know how lucky they are.
Remember it is a privilege to be loved by you,
or even just
to be touched by you, and
the warmth of another body does not define your worth.
These men –
they think that they can own you
with their drunken stares and roughened arms, but
I have circled the earth
a thousand times
to feed the light flowing inside your skin.
Do not waste it by illuminating those who
can not even be bothered
to learn your last name.”
So that night when
the moon tried once more to pin me down,
I told him:
I am made of sunlight, crashing waves, and fireworks.
You think you can tame me
and cool my flesh?
I am the girl who plays with matches,
and trust me I play it well.
Lord knows I’ve walked through villages leaving
a pile of destruction in my wake.
My heart is a bushfire
and the next time you try to control me,
darling, make no mistake –
I will burst out and ravage you in flames.
I’ll
burn
you
to
the
ground.


(This isn’t a test.) ― Sade Andria Zabala Poetry

‪#‎GoodNightStory‬
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Koga sred pekolni gorestini gradite ti se rasporuvaat od nepodnosliva kaslica koja ti go odzema I posledniot atom na sila,,..koga vo glavata nedopira dovolno kislorod od tvojata malaksanoat ..kako da as iapravis da izgledas ubavo I prijarno bez nikoj da ja primeti tvojata borba Razmisluvaj pozitivno povtoruvaj iljada pati jas sum dobro,...MoZebi I ke uspees da ke se obidam:):)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми се чини ние луѓето сме проколнати да бидеме вечно незадоволни.
Да бидеме гонети од сопствените желби и идеали.Очекувања и сакања.
Проклетство можеби со кое мораме да живееме.
Вчера незнам зошто сфатив дека колку повеќе имаме толку повеќе сакаме.Толку понезадоволни сме.
Јас сум самата таква иако
не сум материјалистка по природа.Ме гони успехот,ме гони идеата на љубовта,ме гонат соништата и копнежите.Ме гонат идеалите кои ги создавам повторно и повторно.
Не ме прави среќна она материјалното.Можеби за саат време.Ама толку.
Среќна сум кога сум со луѓе со кои можам да зборувам.Да зборувам за се она што ми се врти низ глава,за сите мои сфаќања и несфаќања,среќна ме прават луѓе со кои може да си правам филмчиња и да се смеам до несвест.Среќна ме прави добра храна,добра музика.Времето поминато читајќи добра книга.Среќна сум кога ќе уловам момент во фотографија.
Среќна ме прават непроценливите моменти со малиот.Уживам да се изгубам во неговите сјајни очи со боја на есента.Понекогаш се прашувам што се крие во нив а пробувам да го замислам неговиот свет.Да го гледам светот со очите на детето.
Едноставно е.Без комплицирани мисли,целта..среќа,смеа,креативност,играње,бонбони,цртани,друштво,сладолед на кило.
Вчера се возев со точак два саати.Ми беше потребно време за самата себе.Залутав низ шумата следејќи го патот кој некогаш бил пруга.Се чувствував слободно и таа слобода ми создаваше страв.Напуштањето на комфорната за мене зона ме правеше несигурна.
И така е во секое друго поле во животов.Непознатото ме прави несигурна.А несигурноста ме прави претпазлива,ми создава страв.Не можам да одредам од каде доаѓа сето тоа,но секогаш се трудам да го совладам стравот.Предизвик ми е,па додека почуствувам во себе дека ја губам,навлегувам подлабоко во чувството се додека не се изгубам сосем,па така изгубена се пронаоѓам повторно и повторно.Додека не исчезне тоа чувство ширејќи ја комфорната зона.Којзнае може ќе успеам да ја проширам до крајот на светот.До не-границите на универзумот.Хи,хи,хи.
Се трудам да бидам задоволна,да бидам благодарна за она што го имам,а не да чезнеам за она што го немам.
И така би било проклетството претворено во благослов(кога би било така едноставно).

Доста беше размислување(во последно време се кочам себе кога приметувам дека се губам во мислите залудно инвестирано време..понекогаш,не секогаш).


Врне ситен дожд.
Одам да се спремам па сакав да одам на second hand пазар,можеби ќе најдам некоја интересна книга за ниска цена и некој старински ретро ранец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Lady* and cakar_ulav

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
И пак јас со акустична гитара на слушалки. Пак ме обзема она чувство, онаа потреба на акустична музика. Повторно почнав да го гледам Тhat 70s show, по веќе не знам кој пат. Колку и да е хумористична серијата, ги има оние romantic moments. Колку и да звучи Lame and everything, ама мене ми се добри. Предобри. Ме потсеќаат на нешто што се случи пред 2 години. Нешто, што ни на мојот најдобар другар не сум го кажал, а и немам намера никој да го знае тоа. Мислам дека додека сум жив, ако ја гледам серијава, тие моменти нема да испаднат. Прекрасни се, и толку ми е мило што се потсеќам на нив. Ама мразам кога ќе заврши, а не ми се почнува пак додека не помине некое време. Па затоа, на нејзино место доаѓа акустичната гитара, пуштено на Youtube како свири некој тип, пуштено со ебани 2 мегабита интернет, и ти се спие, ама не сакаш да легнеш затоа што не сакаш да заврши музиката, бидејќи те потсеќа на нешто.
Ама не, колку и да е чудно, утре кога ќе се разбудам, ќе ги немам овие чувства. Now that's some fucked up ѕhit dude, I know.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Тавтабита

Староседелец
2 јануари 2013
15
12
1,003
Го поминувам најтешкиот период од животот, тонам во мизерија, безнадежност и очај и неман никаква надеж за подобри денови.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сретнав една другарка која ја немам видено со години, којзнае колку 7-8 отприлика. И онака вечерта ништо посебно не ми беше т.е. ми беше ептен досадно ама не мораше па баш другаркава да ја сретнам истава вечер, ама Марфи убаво рекол дека ако нешто тргне на лошо ќе тргне и на полошо. Цела вечер се досадувам, мислите ми летаа сосема на друг крај и конечно дојде време за накај дома и... тадааам. И онака на кратко муабет ми ги врати спомените од времињата кога се дружев со нив иако бев најмал од сите таму и сме седеле до рани зори и цели вечери и утра ни поминуваа во пезење. Паѓаа и тешки филозофски муабети, паѓаа и купишта паметни мисли... само што сега ништо не е исто од тогаш. Таа фати странство, кој се ожени, кој веќе деца има, друг стана доенче на државна цицка и се изгуби некаде во поимите кои што ги осудуваше, кој ја врти главата додека ме поминува затоа што сега е угледен граѓанин послушник на системот, друг пак се врати на џаначките жолти патишта и никој очи му нема видено добри 3 години. И така ме подзамисли еден момент и почнав да размислувам дали и колку сум се променил од тогаш, дал сум созреал барем малку или уште врие во мене желбата за дивеење.
Пред некој ден којзнае што ни текна со друштво почнавме да се луламе на лулашки и се смеевме ко мали деца. Да дојдеше полиција без да праша ќе не спопикаа во марица оти делувавме како надувани. И после којзнае колку време се смеев гласно и изгубив ориентација за време... воопшто и не ми беше грижа што е 3 сабајле и што не личи на мене. Единствено што ми беше грижа беше да се вивнам нагоре повисоко од другите.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Здраво!
И среќна сум и тажна. Се ми е испомешано. Никогаш не сум била во ваков хаос.
Да почнам со убавото :)
Ми се оствари желбата да живеам на село. Во околината на Скопје е, ама сепак е село. Мала куќичка, двор, бавча, изворска вода, органска храна, мачиња, кучиња, птици... а богами и многу комарци.
Тука ми е убаво и тука ке останам уште многу, многу време. Мирот и тишината која ја имам тука е незаменлива, утрата не се напорни, ноките не се тешки, деновите не се празни.
А децата пак... неописливо е. Поголемиот сега слободно чука на се што ке стигне и може да вика колку сака без некој да го опоменува дека пречи (си создава своја музика и се што ке најде при рака му е тапан), а помалиот собира инсекти во кутивчиња, им прави куќи, болници за повредените... од мравки до бумбари, се имаме дома :)
Почнав повторно да цртам и како повторно да се разбуди некој дел од мене, нешто што беше сриено и потиснато со години. Цртав цел ден и цела ноќ. Тој ден не готвев, не миев садови, не излегував... само цртав и цртав. Тој ден јадев само една шака ореви и еден домат (тоа можев набрзина да најдам)... неописливо ... Цела сум сега, се излезе на површина и среќна сум со себе, многу, многу среќна!
Лошото :(
Мислам дека повеќе не ме сака. Многу нешта почнаа да укажуваат на тоа, можеби претерувам, ама кога нешто интуитивно ке насетам, тогаш има нешто, можеби не е како што мислам, ама нешто има. Во последно време не можам да направам нормален муабет со него. Секој негов збор ме боли. Почнав дури и да претерувам, да правам драми... Не сакам да сум таква. Јас не сум таква, тоа мое однесување не е навистина мое, но почнав да губам контрола бидејки сум очајна. Знам дека е сменет. Можеби не ја пронаоѓа својата среќа покрај мене, не повеќе. Јас без проблем би го пуштила да оди и да биде среќен, но тој не ми дозволува да го пуштам... комплицирано е. Можеби само си замислувам, збунета сум... незнам...
Лошо е и тоа што овде неможам да си приклучам интернет, па морам преку телефон, па нема мрежа...
И најлошо од се - неколку дена по ред ме фаќа стрв за кашкавал, леб, јајца, чоколадо, кафе и цигари (нешта што веке неколку месеци не ги конзумирам, а и не би сакала повторно да почнам)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
На летниот фестивал на фирмата имав можност за подолги разговори со моите агенти.
Нормално под дејство на алкохол секој раскажува за себе па и повеќе од она што би се рекло во нормални услови.Седев со секој посебно и слушав,без да коментирам многу.
Сфатив дека работам на место каде постојат многу луѓе чија втора животна шанса им е таа работа.Криминалци кои лежеле во затвор,дилери,деликвенти,тепачи,асоцијални,самохрани мајки,студенти,млади луѓе без завршено школо,пензионери кои ја убиваат монотонијата на нивниот живот.
Да.Тоа се моите агенти.
Пред некој ден имав доволно време да размислам за се нешто,па дојде и прашањето дали таа работа која ја работам е вистинско нешто за мене..
Ја прифатив тогаш за да стекнам искуство како лидер на тимот,да придонесам нешто за моето лично развивање на професионален план и да би им пружила на луѓето парче самодоверба која ќе ги натера понатаму во животот.
Јасно ми е дека сум на право место во право време.
Работам со луѓе одфрлени од мноштвото,работам со луѓе кои...мхм, ме болат сите тие нивни стории.Ме боли неправдата.Ме боли суровоста на реалноста.
Начинот на кој раскажуваат за минатото,навидум досадни стории со длабока содржина.Осамени луѓе кои се желни за внимание,за разговор,за љубов,за топлина.
И јас таму измеѓу нив,им нудам втора шанса,да се вратат и успеат во општеството.
Највеќе ме боли кога добиваат отказ.Кога не дале се од себе и сум приморана да им дадам отказ.Го избегнувам тоа.Оставам на партнерите да го прават.
Затоа што цврсто сум убедена дека можат.
Една девојка со која интензивно работев пред одморот,дојде и ми рече:
Ти благодарам имаше право кога ми рече дека можам поинаку и дека веруваш во мене...колку убаво.
Верувам во нив и кога самите не веруваат во себе.
Само шефовите немаат толку големо трпение како јас.За нив се важни бројки и факти,не се заинтересираи да веруваат во идилични замисли за светот и човештвото како јас.
Понекогаш ми се чини дека фирмата е како железничка станица.Луѓето доаѓаат и одат.Некои порано некои подоцна.А јас ги пречекувам и испраќам,останувајќи на истото место.
Се прашувам каква е неговата приказна.Бил ли и тој во густи каши?
Убил ли човек,па лежел во затвор?
Ја преварил ли државата за милиони?
Имал ли некој недостаток?
Или пак и тој како јас почнал таму додека не најде нешто друго,па останал со години да работи,сакајќи да им ја даде таа втора шанса на луѓето?
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
We can believe in what we cannot see
Love someone we cannot touch
We can accept the things we don't understand
And forgive without question or condition
We can love from a far as we do face to face and give ourselves
We can cry and smile in a blink of an eye,
heal our wounds without leaving a scar,
extend our hand in uncertain night,
and stare unflinchingly into the suns light
We can clear ourselves from the past and never ask why
and laugh out loud when our hearts beat us cry,
we can love from a distance without seeing or touching,
and be sustained a lifetime by just one brief of lingering kiss.

and goes on and on ...