Личен дневник

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дневниче,

врти - сучи, јас пак кај тебе. Знам дека би требало да спијам и да се одморам, ама не можам. Толку многу работи ми се вртат низ главата. Дали да се соочам? Да прекинам се? Или да продолжам вака?
Но, не оди! Не оди, дневниче! Не оди вака!
Ако сум фер кон еден, не треба ли да сум фер кон сите!?
И ако е така, не треба ли да кажам се? Да бидам на чисто?
Вистината е тоа што се плашам. Се плашам да не си го уништам животот и животот на тие околу мене.
Една грешка и се што градев, се што создавав, ќе се сруши. Ете само така.
А преземав ризици кои не требаше. Сепак, таква сум.
Можеби, можеби и овој пат ќе се извлечам од кашата која ја зготвив.
Сакам да се извлечам.
Морам. Нема друг избор.
И дневниче ветувам сега и овде, нема повеќе да се повтори додека не пораснам.
Нема веќе да ги изговорам тие зборови и да збркам се.
Нема. Жими се најмило.
Ај, отидов да барам нешто за јадење.
Ах, да. И утре ќе ја чекам тетка ми да дојде, ми рече дека носела пријатно изненадување.
Едвај чекам да ја видам.

Лека ноќ.

П.С. Ја сам сретни волонтер, док имам где да радим.
пак аплицирав, ама ти на никого не кажувај. веројатно нема ни да ме изберат. јебига. то ти је живот.
А утре ќе се навратам да елаборирам на една тема. Ако не ме мрзи.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зарем има поголем луксуз од каучот,топло ќебе и добра книга после ден каде не си застанал ни секунда?
И сето тоа додека надвор врне.
Убавина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Изгубив нешто кое ми замина на другата страна, толку брзо што не бев и самиот свесен и сеуште не можам да се помирам со тоа и едноставно да заклучам дека е вистина. Веќе 3 дена чекам, но никако да се појави ми се чини дека цела вечност е тоа, иако пополека сваќам дека е бесконечна. Твојата позитивна енергија и твоето добро срце никогаш нема да го заборавам и се пронаогам во него и ке го продолжам твојот пат оној кој е со тебе секогаш да биде среќен позитивен и насмеан. Охххх мој втор татко никогаш не сакав да заминеш на другата страна...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
АХ диар дарлинг,

Едниот го вади најошото од мене, другиот најдоброто. Првиот е Тој , засекогаш, вториот е Тој - никогаш! Ох, ај следниот пат повеќе....

Ај.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
А можеби и редно време е да сфатам дека се што се случува се случува со причина...
Денес се чувствувам како за ништо да не ми е гајле.Можеби и не ми е.
Смирена сум и чувствувам олеснување а незнам зошто.
Си ја исчистив собата и направив нов распоред.Можеби потсвесно,незнам.Можеби сакам нов почеток...
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
сакам да се пронајдам себеси.мислам дека кога конечно ќе сфатам што сакам од себе и со себе ,ќе имам и храброст да тргнам кон целта.само да си ја зацртам,потоа лесно е..^_^
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DisturbeD and *V******

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Искористи го максимумот од себе, барем моето мото. Иако сум во веќе завидно сјебана ситуација ке се потрудам да ја изодам до крај па ако треба неке испадне уште посјебана или пак можеби ке се сврти во подобро. Подобро до крај отколку на една средина во која секако пагаш. Главата едноставно ми е преполна со работи и позитивни и негативни на моменти и се исклучувам, но едно сваќам морам да ги исфрлам негативните работи некаде можеби на парче хартија отколку некој да страда, ми го уништуваат животот на толку позитивна личност 24/7 негативни работи е исто како сол во кафе. Луда комбинација...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Диар дарлинг,
е вакви денови како сега веќе вчерашниот,ме враќаат во живот. Во вакви денови паѓаат во вода сите ладни муабети дека го нервирам со тоа што го сакам. Епа сега нека пукни од нервози,ама денес полудев од желба да го допирам,бакнувам..ммм..полудев од копнеж!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Пријателче!
Добро ли си ми? Знам дека долго време не сум се сетил да ти пишам. Ниту тука, ниту пак во тефтерот. Прости ми.
Имаш ли ти забележано колку пати се извинувам? Па досаден станав веќе со тоа... сам на себе си станав досаден, секој ден по 20 пати го кажувам... Што да сменам пријателче кажи ми? Што, за да не морам да се извинувам кај сите што ми значат сѐ, затоа што претходно мојата усна кажала зборови...што ги урнале...?