Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нешто што цел ден ме прати е добрината на луѓето.
Некако дури и изненадена сум од љубезноста која постои во секој еден кој денес го сретнав низ денов.
Ќе го земам за пример секогаш намрштениот продавач на списанија.
Секогаш кога ќе влезев внатре да прашам дали списанието кое го купувам секои два месеци е тука,едвај отвараше уста да ми одговори.
Денес влагам ми правеше и некои копии и нормално како и секогаш го прашувам дали списанието ми е тука.
Типов вика:Не не е тука сеуште,но ќе се јавам во редакцијата да прашам кога ќе го донесат овде,причекајте една секунда...
Се изненадив.
Зборува на тел.ми кажува кога ќе дојде списанието и уште на сето тоа ми вика:
Да ви тргнам едно на страна???
Wooow,си викам.
Што е со човеков?

Во банка требаше некој чек да сменам за пари,
сум требала да чекам недела дена да ми стигнат парите на конто бла-бла..Љубезно прашувам дали може денес да ги добијам пошто ми требаат.
Девојкава не знае што да ми одговори..
Доаѓа шефот и вика има можност и одма да ги добиете парите ако ви се брза..
Финтава??
Финтава е,како се однесуваш ти со луѓето така и тие ќе се однесуваат со тебе без разлика колку лошо се расположени.
Она што го даваш тоа ти се враќа.Како бумеранг.

Што значи..типот во трафиката,се однесувал така затоа што воопшто не сум му дала повод да биде љубезен.
Нешто како наше огледало, се нашите соговорници.Во нив се гледаме себе со сите наши фасети.
Бил тоа нашиот партнер,дете,шеф или било која друга единка која ја сретнуваме на улица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Dear friend...

Оноа чувство кога блиска личност ќе заврши една битна етапа во животот, кога те маваат флешови на времето кога истата си ја видел како го запишува факсот. И кога си викаш - многу работи се сменија од тогаш, повеќето кон подобро. И останува едно пријатно чувство на среќа дека некои работи не се сменија. А тоа не се ликовите кои бевме пред 4 години, туку пријателскиот однос. И моментот на среќа и гордост што имаш толку вреден пријател.

Love always

Saladin
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Што да напишам освен:
Животот е шарен.
Обоен во сите бои и нијанси на виножитото.
Понекогаш се сивите облаци тука,оние кои го сокриваат спектарот на бои,но..
Високо над облаците е сината чиста боја.
Високо над облаците е жолтата боја на сонцето кое свети
и високо над облаците е темносиното ѕвездено небо,млечниот пат,искрите од небото во вид на комети кои нудат нови идеи и нови желби..
И со таа помисла сивите облаци добиваат нијанси на живот.
Насмевка на задоволство,нацртана на моето лице и желба за откривање на нови бои и нијанси.
И то..
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Dear darling,

Се чудам како во недела кога можам да спијам до 12, јас се разбудив уште во 7:30..Сега пијам кафе без шеќер и се прашувам зошто истото ми е некогаш горко , некогаш слатко. Ах, тие мои талкања во илузии, секогаш ме водат до конфузии..Ама ај, се тешам, заради нив се чувтвувам удобно со него. Само кога ќе дојде денот и ќе сфатам дека се илузии, се молам помалку да боли трескањето на г’з. Знам дека ништо не ме разбра, ама твоја работа е да ме слушаш само, ништо друго...

Aj...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Повторно си играте бесмислени игри, со кои си тапкате во место се до моментот кога сите поминати моменти ви биле залудно фрлени во канта. Зошто толку време, зошто толку места. Себичност и дволичност најмногу одмазда. До кога животот ке го трошите на безвредни нешта до кога...
Whatever we put out in the Universe is what comes back to us.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ако недела е денот кога боговите одмориле - сит сум. Доста е! :)
И не ми е интересно веќе да оставам мои размисли на форумов... дали е до денот,не знам.
Радувај се Сине, ќе имаш смрт каква што никогаш не си ни сонувал дека ќе ја видеш кај оние што ги љубиш. :)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Се сеќаваш на тој септември од пред 5 години? Толку безопасен месец, толку безопасен ден, толку безопасен час,а баш во тој момент се отвори ново сокаче во твојот живот. Предолго одеше по автопат и обиколници, секогаш заштитена секогаш сигурна. Сокачето отвори една нова ти, едно ново чувство, едно ново скокоткање во твојот стомак, нови и чудни пеперутки.Цело ова време ти чекаш сокаков да заврши како слепа уличка, те слушам кога навечер го молиш бог тоа да не ти се случи, сетисе дека еднаш веруваше во среќни краеви и дека тие им се случуваат на луѓето и во реалниот живот...
Чувствуваш дека полесно ми е да ти се обраќам со „Ти“, отколку да застанам пред огледало и да кажам „Јас“?... но ти добро знаеш дека јас и ти сме едно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Tantara

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Dear darling,

Подобро пеперутки во стомак, отколку гасеници. Се сеќаваш? ;)
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Ги трошам последните мирни денови.
Громовите пристигаат:).
Го молам НЕБОТО и се надевам....ке бидат само пријатни пролетни дождови.
Неколку молскавици и мирисот што го обожавам.
После дождот.

Tи благодарам.....мало мое
што мирните денови останаа мирни
што громовите го навестија само твоето пристиганје.
Ти благодарам за пријатните дождови
молскавиците што го осветлуваат мојот дух
и мирисот што го чувствувам кога ке те прегрнам
.......мало мое.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
"Љубовта е само миговно заборавање на самотијата што расте.Само допир со погледите при вечното разминување"

Дали навистина е тоа љубовта?
Копмлицирана е мислава.Уствари толку едноставна,ама па јас сакам да коплицирам.
Женско сум,тоа сме ние.Но не сите жени коплицираат.Има жени како најдобрата ми другарка,хард кор типка со милион тетоважи на себе(змијата преку целиот грб и е топ)на неа,која воопшто не комплицира.Верувам тоа лежи во машките хормони кои ги поседува.Тоа би значело машките хормони во моето тело се на минимум сведени.Ќе треба да избалансирам како гледам.
Полна со мистичност е мислата горе.
Некогаш вакви мисли читам по два-три пати за да ја допрам суштината на истата.Но некако не ја допирам суштината овојпат.
Како и да е.Цагер.Некој мисли на мене?
Кој ли ќе е?
Или пак јас мислам на некого?Верувам вторава варијанта ќе да е.
Дали тоа цагерот автоматски не асоцира на личноста на која сакаме да мислиме?
Ќе го поставам прашањето обратно.Дали цагерот всушност е нашата желба некоја личност да мисли на нас?
Да.Ништо друго освен асоцијација.Идеја што некој кој бил полн со желби ја измислил за да се утеши во моменти на осаменост.
Кој прв го измислил цагерот?
Туку зборот ми беше љубовта.
Решив да не се замарам со љубов повеќе.Не ми е потребна.
Освен што ме инспирира да пишувам,ми краде место за други работи.
Одзема простор во мене за идеи и нови мисли.
Па не е само љубовта во животот важна..
Љубов лево,љубов десно,љубов горе,љубов доле.Ми се смачи од љубовта.
И затоа што се откажав од љубовта и решив да не се замарам со неа,почнав да го читам Руми.И што се случува?
Што може да се случи со некој кој го чита Руми?
Е тоа се случува.
Колку и да се лажам себе,да се убедувам дека не е така,така е.
Таква сум и сакала не сакала морам да се прифатам како таква.Љубовта е дел од овој живот,од мојот живот,а јас како гледам сум идеалист кој се труди да живее во реалноста.Смешно е.
Колку и да сакам да ја отфрлам од себе помислата на тој поим нема да биде можно да се ослободам од тоа.Повторно и повторно навлегува во мене и ме допира.
И сакам за Индија да одам.
Луѓево околу мене почнаа да ме зезаат заради таа Индија.Ќе им пратам карти со залезот на сонцето во Индија.Или полната месечина.Мммм,колку примамлива идеја.
Полна месечина во Индија доживеана.
Магична е Индија.Земја на чудата.Се е можно таму.Се,па можеби затоа што е се можно,ќе можам да ја разберам безусловната љубов во Индија.

Пс.А дали е потребно да одам во Индија за да ја разберам безусловната љубов???
The question is now..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and Aquarius