Личен дневник

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Здраво пријателе....одамна немам пишено
па еве....денеска одлучив да ти се пофалам за нешто....
зошто баш денеска ?? Затоа што на денешен ден се случи нешто....нешто што остана во мене...
на денешен ден кажав едно ( ЗДРАВО ) кое никогаш нема да го заборавам
тој збор и многуте други....но сакав да ти се пофалам зошто денов ми е драг и мил :)
и ќе продолжам понатаму но тоа ( ЗДРАВО ) ќе е во мене.....тоа го знам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Неверојатно.
Сите околу мене на изглед се така полни со себе,
а направиш ли асален моабет со секој од нив ќе сфатиш колку се празни во душа.
Би сакала..да можам да го променам тоа,па макар се нарекла поради оваа желба сонувач.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Драг мој дневнику,

наместо да седнам и да повторувам линеарна алгебра за писмената утре, наместо да го читам Вертерот на Гете и заедно со него да страдам, наместо да завршувам уште милиони работи, јас упорно пред ПЦ како демек нешто ќе добијам од тоа. Јебига.
И замисли, на мене памет во глава не ми доаѓа.
Морам добро да размислам за многу работи, ама немам време.
Онаа работата, шо ти кажував за неа, се среди! Триста тони тежок товар од грбот ми падна :)
Среќна сум.

До следното читање.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се стивна.Мирно е и без големи промени,иако нон-стоп се менува нешто.Повторно контрадикции,ама така е јбг.
На работа е ок.Ми се допаѓа работата со непознати луѓе.
Тимот ми е супер.Шефовите ми се hard core,можности за поголема позиција колку сакаш,поубав нов почеток-здравје.Задоволна сум и нема на што да се жалам.
Работата на самата себе продолжува понатака.
Чинам никогаш нема ни да престане.Секој ден нешто ново излегува,секој ден го менува она што било вчера.
Никогаш крај.Само што си помислил крај доаѓа следното невреме.Но тоа е.
Враќање назад нема.Никогаш нема да биде она што некогаш било,а и не треба да биде тоа.
Единствено што ми фали е еден прекрасен добар пријател.Многу ми фали.Ми фалат моабетите со него.
Единствениот кој има одговор на сите мои прашања и заклучоци,дефиниции и што ти знам што уште не.
Се навикнав на неговото присуство.
Но..да не постанувам меланхолична.
Животот е како воз во кој се среќаваат случајни минувачи,се пишуваат приказни и секој се симнува на својата станица да би продолжил понатаму.


Ќе биде се како треба да биде,зар не?
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Не знам зошто секогаш ми текнува на тебе и најдува време да наминам кај тебе дневнику кога се чуствувам нерасположено од Х причини, банални работи........и денеска ми е еден од тие денови, не постои некоја посебна причина која би ме натажила, но ете има и такви денови кога не ти е за смеење, мислисш дека светот ти се урива, но тоа е само еден лош ден т.е. лоша вечер, како и да е сепак утре е нов ден. Утре ќе се разбудам во ново утро :) Ех само колку би сакала кога ќе ги отворам очите да видам надвор се да биди бело, да има снег, би се радувала како мало дете :sreken
п.с. ветувам другиот пат ќе те посетам драго дневниче за убава вест, не само да ти се жалам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Aquarius

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Драго дневниче,
денес така самата си се прашувам дали можеш во еден ден да љубиш колку што си љубел десет години.
Или ти се погодил денот или си ги утнал годините. Но. нема врска, сон или јаве,било поминало, поминал денот, поминале годините, а вкусот на усните ти останал.
Колку телото старее, толку умот ти е помлад...Некако контрадикторно, и тоа се случува.
Се навиканав на неговото неприсуство, и на своето посакување.Несоницата повторно ме мачи, а ме мачат и многу други работи, ме мачат многу неодговорени прашања. Во животов многу прашања поставувам и барам одговори. Зошто не се задоволувам со нецелосните работи? Едноставно се сакам да е потполно и цело. Но, таква сум јас, или имам или немам. Не сакам да имам малку, не сакам да собирам трошки радост,не сакам непотполно. А, кој пак мене ме прашува што сакам?
Таксиметарот на животот се побрзо одбројува...
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Диар дарлинг,

Уморна сум. Ми тежи душава и мисливе ми претекуваат...
Ај,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Читаја сам неколко постови у Личен дневник, како књигу да пишуете еј : )

Eве мене како би ми изгледаја дневник за од сабајле па до ск:
Аларм ѕвони ли ѕвони, здосади ми тај мелодија сфе си викам ке гу мењам и сфе забрављам да се деси тој.Викам си рано е ке спију још некои пет до десет минута тмн да с'нују још некој кратак дигнат сн.Тт т т т т оооо па дали е тој опет мој досадан аларммм и станују иду мију греју се сс фен зшто греалка ми прегоре, деси се некоја електрична инвазија на црн и дугачак кабел. Мију зуби и си вукам леј братче спие ми се јебе ми се кој киде на овој ладно. Таксис брчи нешто за време ја дрему стонирам падаф ми капаци, а муда ташаци ала цитрони што викаф од таксисту. Кафе јако сс две лажице, на гладно пију вруќ нес, а кд сам наеден кратко еспресо.
Играње к*р сс персонал од маркет и малце фрц фрц сс крпче по шанк и спремни смо за работу. Али неам работу малце људи улазаф на некој чај или кафе и еве штракам гу тастатуру, развртују сајтови и форуми
толко