Личен дневник

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
драго дневниче добар ти ден
и на мене исто
јас да ти се пожалам и да ти се пофалам
цела недела дома се изнашетав и изналежав
кога ми дојде јајцето на газот
во понеделник и вторник се мрднав купувајќи ташни,марами накити депилација
закажување шминка и фризура
се шекнаааав
дојде и среда јас на интервју за работа во 1 час
ваууууууууу се шекнав
се до среда вечерта
се почна со чаша виски-никогаш виски немав пробано ама колегите прво се собравме
па ајде по една, специјално татко на колешката отвори за нас
потоа стигнавме во тој фамозниот холидеј ин и прекрасна атмосфера
уште на старт сликарите не сликаа и ни лапнаа по 200 ден-уште не бевме ни влезени хаха
потоа почна се
прекрасна атмосфера(y)
ама менито за јадење беше катастрофа-ништо не зачинето,се живо направено недопечено
ражничи со колбаси,месо свинско и домати ајдееее-првпат видов и такво нешто
но не е битно тоа битно се изнаигравме и се изнапивме
една колешка како да сакаше да не напие
кога и да се свртев чашата со бело вино ми беше полна хахха
помина целата вечер како за 15 мин-се некако набрзина
појдовме во дискотека бивша 69 и прекрасности
тие од градежен веќе беа таму и беа се се само трезни не аххах
и ние не бевме поарни по 2-3 сечени водки веќе се уморив и од играње и од пиење
тркнавме до жу жу бургер и лапнавме по пола хамбургер-кој ми беше врв неможев да го изедам-беше преголем
од таму во 6 утрото се прибравме дома со двајца мои колеги (од куманово двојка која преспа кај мене)
го разбудивме дечко ми и уште еден саат разговаравме.се смеевме
легнав а целата соба мирисаше на комиње аууууу апсолвентскава закон била
станав со андол и 2-3 ми помогнаа за главоболката која ја имав
и неколку литри кисела вода добро ми дојдоа сабајлето
се на се сума сумарум беше феноменоменално:ninja(party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Повторно јас и повторно тој во иста реченица. Исто место, различно време, различна ситуација, јас сама - тој којзнае со која. Не ли требаше досега да го заборавам? Нели требаше досега да исчезне од моите мисли и од моите сеќавања? Дневник, не ми е јасно. Денеска барем пет пати доживеав дежа - ву. Покрај тоа, слики од времето кога бевме заедно на тие места, повторно се вратија. Боли... многу... Делфинот уште стоеше на своето место. Се мислев дали да го земам или не, ама на крај одлучив да го оставам таму каде што е. Нешто малку повеќе од двеста километри подалеку од мене. Ете, си дозволив да се вратам во минатото. И која е ползата? Уште поголема болка и дупка во градите. Да :cenzura метафорите.
И да, сонцето изгрева и заоѓа и без него. Ама боите не се исти.
Деновите се сончеви, ама мене ми се исти, безлични. Се здосадувам брзо. Ми недостига тој зелен поглед.
Морам да престанам со ова. Готово е.
Ако се биде во ред со М, заминувам за Америка во септември. Враќање нема. А и не сакам да се вратам. Подобро е да бидам на другата страна на светот каде никој не ме знае, отколку овде, каде секој сака секому да наштети. Не дека таму е многу подобро де.
Ми треба нов почеток. Приказнава завршува тука. Не ми останаа ниту солзи да исплачам, ниту сила за да продолжам да се борам.
Од понеделник нова авантура. Ахихии.... Уште ми фали да ја изгубам стипендијата и се ќе биде ОК.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мразам што е се вака.
Се се трудам да акцептирам ама доаѓаат вечери како оваа каде едноставно боли сето тоа.
Каква е ова игра на судбината?
Кој филм ми го прави?
Не е хумано. Се е супер додека е убаво. Ама кога ќе почне да боли,боли.
И не сакам да прифатам дека е така како е.
Знам дека може и поинаку.
И не прифаќам ништо.Затоа што ме боли и ми се плаче дури колку боли.
Ми се вришти.
Не можеше поинаку да биде?
Вака морало?
Морало.
На некој му се морало да ме зеза мене.
На животов му се морало,не на некој. Ги мрзам овие вакви моменти.
Баш ми се грррррр.
"Финти на животот".
Ќе отворам тема на тема.
Мисливе не запираат чинам до сабајле можам да наоѓам критики на животот.
Се будиш среќен,цел ден се мотивираш со среќа и на крај доаѓа ноќта да ти замеша прсти и да те чепне таму кај што боли.
Баш таму.
И так,ко на копче те допира и те носи.
Во еден сосем друг свет него оној кој се трудиш да го направиш.
Светот на емоциите.
Па,да не е ни чудо што Љ.Исповедувачница се полни навечер.
Чинам не сум единствената со овој проблем.
Ја мразам и сакам ноќта.
Ја сакам зашто можам да сонувам.
Ја мразам затоа што тие сонови болат,затоа што не се реални.
Но,велат:
Соновите можат да станат реалност ако се потрудиме.
А ако неможам да направам ништо колку и да се трудам?
Пак мора значи да акцептирам.
И на крајот???
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дневник,
ми недостига времето кога бев безгрижна. Сега ни на небо ни на земја. Лебдам некаде измеѓу. Го изгубив тлото под нозете.
Некогаш едноставно мора да се соочи човек со реалноста, нели?
Го мразам тоа што сум метеопат. Лекарствата не помагаат. Алтернативни начини за смирување болка сеуште немам пронајдено.
Доцна е.
Отидов јас на спиење пред да почнам да филозофирам.
Ае, воздра.

П.С. Дај боже да спијам мирно барем оваа вечер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Ги трошам последните мирни денови.
Громовите пристигаат:).
Го молам НЕБОТО и се надевам....ке бидат само пријатни пролетни дождови.
Неколку молскавици и мирисот што го обожавам.
После дождот.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Драго Дневниче...

Велат после дождот доага сонцето...
А кај мене дојде и сега на ред е и виножитото :)
Преубав период...Си се смешкам со него...
Убаво ми е со него :)
Знае дека ми значи,знам дека му значам.
Пеам,играм се радувам...
Што друго да кажам?

Ајде чао.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Дождот не престанува.
Среќна бев некогаш уживајќи
во сончевите зраци,
капејќи се во светлината на месечината,
замислувајќи безброј желби на ѕвездите кои
паѓаа.
Дожд и сиво небо надвиснале над мене.
Го чекам виножитото.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Секогаш одев со парола дека сум човек кој јасно може да ги увиди своите чувства.
Секогаш кажував дека никогаш нема да се најдам во некоја збунувачка ситуација затоа што цврсто стојам зад своите ставови.
Каде се тие пароли и кажувања сега?
Во дел од секундата се претворив во некој друг...
Како во приказната која мајка ми секоја вечер ни ја раскажуваше мене и на сестра ми, дека во човекот се борат два волка, едниот бел(добар) другиот црн(лош). Овој пат кај мене победи лошиот...
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику

Тој е толку многу совршен...
Убав.Од внатре и од надвор.
Прекрасен...
Кај беше до сега?
Кај гледав до сега?
Зошто не се појави порано во мојот живот?
Дали ке бев исто така срекна како сега?
Многу прашања имам во себе...
Не можам да ги одговорам.
А сакам да ги знам одговорите.
Кај да ги барам?
Кај него?
Во себе?
Околината околу мене да ја прашам?
Дали го губам разумот по него?
Убаво ми е...Тој прави да се чувствувам како кралица...
Иако е неколку часа одалечен..
Но сепак е во срцето мое.
Таму кај што заслужува.
И слушај будалче мое...
Ме потсекаш на овој.

liam-court-profile.jpg


Koга го гледам него
Исто ко тебе да те гледам...
Совршенство еееееј.