Лажење за бројот на партнери?

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Ама прашување на број на партнери ми е толку бедно, тоа си е индивидуална интима и нешто кое човекот си го има само за себе.
Се согласувам со се што кажа освен со цитираново. Глупо ми е кога се залетувате со тврдења во стил, воопшто не ми е битно што правел/а пред мене, интересирање за бивши партнери е малограѓанштина (пак, не зборам за тебе, зборам за муабети што сум ги слушал во живо). Како не е битно, запознаваш девојка и ти изгледа супер, фина, примерна, насмеана, но се распрашуваш и дознаваш дека рецимо претходните три партнера ги изневерила. Тоа е чист показател дека типката е змија. Ова му се случи на мој другар, девојката ја биеше глас дека е дроља и кучка, тој тоа го отфрли како малограѓански муабети од чиста љубомора и завист, не она била супер, не знаеш брат колку добро ни оди муабетот дрн дрн јариња... И го заеба, нормално. И не е единствениот, баш напротив. Колнеше после цел женски род, сите се исти, сите се курви бла бла - му го кажав истото што го напишав во првиот пост. Не, не се, ти свесно се впушти во (сериозна) врска со неа, ти си глупиот. Не мора да прашуваш директно, и онака ретко кога ќе добиеш искрен одговор ако сме реални, но никогаш не штети да се распрашаш со кого си имаш работа.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Муабети за партнерот се една работа и не треба да се земат здраво за готово. Точно, тој што е женкар, таков ќе остане (евентуално освен ако не се затреска во некое големо кучкиште што ќе му даде taste of his own medicine). Таа што е "меракливка" ќе биде со тебе се дури не најде подобра прилика.

Ама ако дечкото што ми се допаѓа е фин, не спие со се што носи сукња и ми е убаво кога сум во негова близина не гледам причина зошто да го лажам. Впроочем нема да кажам, пак ќе речам тоа си е мое. Ни невиност кога сум изгубила, ни со кого, ништо. Не сакам ни тој да ми каже. Тоа било, поминало. Битно е дека сум со него сега.

А тоа дека некој го бие репутација сам/а си е виновен и ќе си се сноси со тој печат цел живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: crvenkapa

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
Ах да лажиш за бројот на партнери ми е многу глупаво, просто.......Шо најчесто го прават машките демек се мисли фраер дека е ако кажи дупли број со девојчина со кои се мувал или спијал.........псссс мене па ако ми каже дека бил со кизне колку без разлика лага виситна ќе го нејќам таков зш ми е ако го свртил пола град бил со секакви. Но има и девојчина кои лажат најчесто за бројот на машки со кои спијале и најчесто секој му е "втор" :giggle
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Глупости.Никогаш не сум лажела за број на партнери оти и не сум ги имала многу. А за години еднаш да и тоа скапо го платив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl

georgi

Нов член
30 септември 2012
16
3
3
Најголемата работа и најголемата глупост која девојка или дечко може да те праша е тоа колку партнери до сега си имал/а (facepalm)
Има доста кои лажат за тоа колку партнери на пр. ако имала девојката 7 до сега таа ќе каже дека имала 4 ... а ако машкото имало 4 тој ќе каже 7 ... од едноставна причина машкото ги зголемува а девојката ги намалува ...
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Е ова ми е најголема глупост. Никогаш не сум лажела за бројот на партнери, а и не гледам некаква причина или пак можи ќе добијаш пофалба ако излажеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
викаат(не викам и јас) бројот што женското ќе го каже, помножи го со три, а бројот што ќе го каже машкото, подели го со три и ќе ги добиеш вистинските бројки :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Aquarius

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Подели го бројот кој ти го кажал машкиот партнер за колку партнерки имал со 3... така ќе го добиеш вистинскиот број.
Помногжи го бројо кој ти го кажал женскиот партнер за колку партнери имал со 3... така ќе го добиеш вистинскиот број.

- Извадок од филмот "Американска-Пита" во едно... јас искрено верувам дека жените се поголеми шмекерки иако тоа е индивидуално... сепак... они се победници во секоја љубовна игра. :ninja
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секое девојче бира со кого ќе излезе, верувај. Тие што излегуваат со женкари се со некоја идиотска логика дека го уловиле најјакиот фраер и им е за куропецање а не за она вистинското. Дури и да сум запознала некој странец, не се впуштам во интимност веднаш со него, прво следат дејтови, па запознавање, па зближување и сето тоа. Тој што е сељак, женкар, веднаш се познава по тоа што ќе се проба да се пикне во кревет одма после првото кафе.

Куропецање?
Не баш, туку тоа се должи на вечната потреба на одреден број жени да го скротат, променат, стават под контрола фраерот. Да успеат онаму каде многу други жени не успеале. Да излезе глас `Мори, ја глеаш Митранка како го среди онај Митре до вчера шо се пушташе на секоја сукња, сега и јади од рака`...Да направат од него битие по свој образ, да ја парафразирам збирката еврејски народни легенди... :D

Брак, деца, правење ајвар, семејна слава, одмор во Бечичи или Дојран... така да дистопичниот е во право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and melpomena