Ама прашување на број на партнери ми е толку бедно, тоа си е индивидуална интима и нешто кое човекот си го има само за себе.
Се согласувам со се што кажа освен со цитираново. Глупо ми е кога се залетувате со тврдења во стил, воопшто не ми е битно што правел/а пред мене, интересирање за бивши партнери е малограѓанштина (пак, не зборам за тебе, зборам за муабети што сум ги слушал во живо). Како не е битно, запознаваш девојка и ти изгледа супер, фина, примерна, насмеана, но се распрашуваш и дознаваш дека рецимо претходните три партнера ги изневерила. Тоа е чист показател дека типката е змија. Ова му се случи на мој другар, девојката ја биеше глас дека е дроља и кучка, тој тоа го отфрли како малограѓански муабети од чиста љубомора и завист, не она била супер, не знаеш брат колку добро ни оди муабетот дрн дрн јариња... И го заеба, нормално. И не е единствениот, баш напротив. Колнеше после цел женски род, сите се исти, сите се курви бла бла - му го кажав истото што го напишав во првиот пост. Не, не се, ти свесно се впушти во (сериозна) врска со неа, ти си глупиот. Не мора да прашуваш директно, и онака ретко кога ќе добиеш искрен одговор ако сме реални, но никогаш не штети да се распрашаш со кого си имаш работа.