Не постои маж, млад или стар, на кој не му е битен бројот на партнери. Такви глупости има само во серии како Сексот и Градот. Многу е интересно што оние либералните кои тврдат дека не се замараат со такви работи, кога станува збор за девојка со која сакаат сериозна врска, најчесто бираат некоја што немала многу партнери.Секој зрел човек не треба со тоа да се замара. Љубовта би цветала повеќе ако сите се трудат да гледаат кон иднината на врската, а не кон минатото.
Тhe past is always with us, where we come from, what we go through, how we go through it, all that shit matters (од The Wire, улична мудрост од Дианџело Барксдејл ). Бројот на партнери зборува за критериумите, а критериумите многу кажуваат за карактерот на личноста. Ако некоја стално ширела нозе на ропаци (или нагалено bad boys) по 15 минути муабет, што мислиш што кажува тоа за нејзиниот карактер?
Замисли ситуација, запознаваш дечко и ти изгледа супер, едноставно ви се погодува муабетот. Но дознаваш дека има репутација на женкар и сите претходни девојки ги изневерил. Ама ти "се трудиш да гледаш кон иднината, а не кон минатото" и се впушташ во врска со него. Што се случува најчесто? Епа женкарот ќе испадне женкар и ќе те превари, се разбира. Потоа ти ќе кукаш како немаш среќа во љубовта, како сите те заебуваат а ти си срцка со добра душа, мажите били свињи итн... Реалноста е дека штом ти СВЕСНО си се впуштила во врска со кретен со надеж дека тој ќе се промени само ради тебе као у Холивудските романтични лимонади, немаш право да се жалиш зошто кретенот испаднал кретен. Не, ти си била глупава зошто си немала доволно добри критериуми. И не се навредувај, не зборувам лично за тебе зошто не те ни познавам, зборувам општо за многу девојки што упорно ги прават истите грешки. Минатото е многу важно, тоа е тоа што не дефинира како личности.