Тешко е да се каже дали мажите или жените повеќе лажат.Тоа зависи од културните разлики, личниот морал и многу други нешта.Во нашето општество жените мора повеќе да лажат затоа што во сета маскулиност на балканското поимање, мажот наводно има повеќе право на слободен живот од жената,помалку е општествено дискриминиран и неговите лаги полесно поминуваат.
Затоа жената мора да развива поделикатни форми на лажење со кои ќе ја задржи леснонарушливата слика за себе,а во исто време ќе ја протурка својата скриена агенда.Овде мажите почесто лажат за ситници,а жените за крупни нешта.На пример мажот секогаш ќе излаже колку партнерки имал,обично ќе каже повеќе...Жената ќе го стори истото ама во обратна насока,ќе прикаже помалку партнери а сето тоа заради споменатите причини
Љубовта е сочинета од мали слатки лагички.Таа и не би била воопшто скокотлива ако се се открива.Но дали и за лажењето на бројот на партнери?Што воопшто се добива со тоа?