Куќа или стан?

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Во стан живеам ама копнеам по куќа , може не толку по куќа колку што дворче да имам, цвеќиња еден тон , дрвца, животинчиња ,црви , бубачки, се да има , да биде една мала џунгла .) имам едно куќиче надвор од цивилизација ама за жал одам многу ретко бидејки е многу далеку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ~ Скарлетка ~

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Сум живеела и во стан и во куќа. Двете имаат предности и маани. Сепак малку повеќе предност давам на куќа, не треба да објаснувам зошто така? Сите знаете што е поубаво во станот а што во куќа така да... Тоа е
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
јас живеам во кука и имам стварно голем двор и посебно летно време ама баш уживам(nod) .се е до навика јас не би се навикнала на стан да треба да одам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас живеам во стан и премногу е глупо,ќе стане некој рано сабајле и ќе почне да тропа,ќе оди да моча и се слуша се у пичку матер,а у куќа голем простор ни ќе ти тропа некој од комшии ни ништо,имам мачка една и им смета на ненормлниве а во куќа крокодил можам да чувам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Обично ние што живееме во стан, сакаме да живееме во куќа, па така да и јас сум за таа варијанта :D
сакам убава куќа, што не значи да биде голема, сакам малечка, складна куќичка со спуштени плафони..на некое тивко место со прекрасен поглед (прозорци огромни, цела една страна од куќата да биде само со прозорци)...
и секако да има многу убава градина, не мора многу цвеќиња ама зеленило во изобилство : )
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Дигам рака за куќа.
Јас живеам во куќа, но знам како е да се живее и во стан. Баба ми беше во стан, а јас викендите ги минував кај неа. И знам дека постојано велеше: Не скокај, биди потивка, не прави вака, не прави така..се’ затоа што им сметав на тие што живееја на спратот под неа. А јас дете со црвје во г*зот, не можев да стојам на едно место. Морав да пеам, да скокам, да танцувам :giggle
Е, навечер сфаќав зошто ми велела така. Над неа живееше една баба што преку денот спиеше, а навечер беше активна. Се движеше со помош на бастун и кога ќе почнеше да гази по подот ми се чинеше зградата почнала да се распаѓа и никако не можев да заспијам.
Тоа е прво и основно. Да не ги спомнувам тие некои смешни правила што ги имаа во куќниот ред. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Живеам во куќа од како сум родена,нема многу голема градина но сепак е убава.А незнам дали би можела да живеам во стан,мислам не (shake)