Кој влијае при изборот на факултетот?

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Живееме во Македонија. Тука официјален јазик е Македонскиот. Тој е оној јазик што треба да се негува, и тоа е оној јазик за кој треба да се залагаме. Од неговиот континуитет зависи нашата иднина. Затоа што...ако во иднина наместо Македонски јазик се зборува Англиски, која би била поентата воопшто оваа држава да се вика Македонија? Во тој случај слободно можеме ова парче земја да го наречеме колонија на Англија.
Но, доста е филозофирање, доста е вртења, мојата поента беше тоа што пред некое време прочитав нешто...

Извадок од страницата на Сител телевизија​
Значи...
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?

На друго место прочитав дека бројот на бруцоши по физика е 4.
Навистина се запрепастив...

Без да ја читам цела тема ќе ти одговорам.
Факултет се учи со цел утре леб да се вади од таа диплома. Очигледно, нема леб во таа струка. Немој да го едначиш она патриотското сакање на јазикот и нацијата со економски просперитот на единката, нема да ти успее. Никој нема да се осуди на сиромаштија зошто некој мора да изучува македонски јазик, инаку срамота е, ќе се затвори катедрата за македонски.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaltNPepa

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?
На друго место прочитав дека бројот на бруцоши по физика е 4.
Навистина се запрепастив...

според мене виновни пред се се професорите, зошто? затоа што јас тргнувам лично од мене, професорот воопшто не се замараше со нас и со тоа дали ние сме прочитале некоја книга или не, битно сите поминавме, никој не беше оставен на полагање... па од каде да се роди таа љубов кон јазикот или кон потешките природни науки, како што ја спомна физиката, пред се профеосорот треба да те заинтересира со неговиот предмет, да те натера да го засакаш, учиш со љубов, а не само за една двојка, колку да поминеш... е сега не секој е надарен за тие науки... од друга страна тука се и камањите на владата само за техничките факултети, мислиш кога ќе завршиш на овој факс ќе најдеш работа право, тебе те чекаат, патем така е и на сите факултети... е затоа нашава македонија ќе има повеќе кадар за оние струки каде може да просперира и како индивидуа, а не таму каде што работата му е знак прашалник
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Живееме во Македонија. Тука официјален јазик е Македонскиот. Тој е оној јазик што треба да се негува, и тоа е оној јазик за кој треба да се залагаме. Од неговиот континуитет зависи нашата иднина. Затоа што...ако во иднина наместо Македонски јазик се зборува Англиски, која би била поентата воопшто оваа држава да се вика Македонија? Во тој случај слободно можеме ова парче земја да го наречеме колонија на Англија.
Но, доста е филозофирање, доста е вртења, мојата поента беше тоа што пред некое време прочитав нешто...

Извадок од страницата на Сител телевизија​
Значи...
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?
На друго место прочитав дека бројот на бруцоши по физика е 4.
Навистина се запрепастив...

Па и не било толку лошо РМ да стане британска колонија....]:) сите нивни денешни колонии имаат неспоредливо поголем животен стандард од РМ. Фокландите, Бермуда, Ангиља...
И во Индија е официјален англиски а се бореа да го истераат Раџот од таму....

Глобализација, изумираат јазици, нема враќање...
Освен тоа најголем дел од новопечените студенти се надеваат на карта во еден правец надвор од тука а надвор од тука нема валидност филолошки отсек македонски така да...и тоа е дел од причините.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Caci

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
според мене виновни пред се се професорите, зошто? затоа што јас тргнувам лично од мене, професорот воопшто не се замараше со нас и со тоа дали ние сме прочитале некоја книга или не, битно сите поминавме, никој не беше оставен на полагање... па од каде да се роди таа љубов кон јазикот или кон потешките природни науки, како што ја спомна физиката, пред се профеосорот треба да те заинтересира со неговиот предмет, да те натера да го засакаш, учиш со љубов, а не само за една двојка, колку да поминеш... е сега не секој е надарен за тие науки... од друга страна тука се и камањите на владата само за техничките факултети, мислиш кога ќе завршиш на овој факс ќе најдеш работа право, тебе те чекаат, патем така е и на сите факултети... е затоа нашава македонија ќе има повеќе кадар за оние струки каде може да просперира и како индивидуа, а не таму каде што работата му е знак прашалник

Ако нешто те интересира, нема воопшто да ти биде гајле за како предавал професорот. Еве јас има личен пример. Јас до 3та средно имав професорка по физика која ништо не кажуваше и ги тераше учениците да идат кај неа на часови за да имаат петки. Тоа мене воопшто не ме спречи јас да си соберам знаење за она што мене ме интересира од физиката. На факултет такоѓе, имав асистенти што не се замараа со нас, професорката два пати ја видов во цела година колку да раздели семинарски. Сепак тоа не ми влијаело на моите интереси за физиката и во слободно време си читав она што ме интересира.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Што се однесува до мене,моите родители никогаш не ми вршеле притисок да одам на некој факултет,ми дадоа шанса да го изберам оној кој јас го сакам.
Иако завршив средно економско избрав јазик,од причина што не се пронаоаѓав премногу меѓу математиката и некои предмети ,го избрав филолошкиот факултет.
Од друга страна се совпадна изучувањето на мојата желба да биде дефицит кај нас,тоа е две муви со еден удар.А крајниот резултат ќе го видиме понатака...
 
atletiksgirl

Нов член
2 август 2013
5
5
3
29
Искрено,кога ми зборат нешто у стилот `каков нутриционизам оди на информатика,нема да работиш како нутриционист`,ми се грози.Аман бе со ФИНКИ,економски и правен.
Стварно луѓево идат од помдарство,ко што пишал некој погоре.
Крај краева како ќе има највише перспектива кога сите идат таму?
На крај тие ќе бидат без работа,не јас.
Плус најважно од се,САКАМ да го работам и учам тоа. (brokenheart)
 
SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Никој не бираше наместо мене, бирав сама и бев свесна во што се фрлам буквално. Ветерината не е баш така лесна наука, со оглед на тоа што имаш 11 семестри, а помеѓу секој семестар имаш предмети-сопки кои ти влечат цела година. Добрата работа е што повеќе од половина поминав, полека ќе почне да се гледа крајот, а јас сум задоволна со тоа што утре кога ќе излезам од факултетот ќе го работам она што навистина го сакам и нема воошто да се каам за потрошеното време и нерви.

Денес повеќе важи правилото или каде се другарите и друштвото или нешто на што сите одат, како што се општествените науки, но ретко кој размислува дека додека да заврши пазарот на трудот може да има побарувачка од други кадри, затоа што пред бруцошите има генерации кои пред нив ќе завршат. Сето тоа се сведува на лоша политика на државата. Поради тоа квантитативно сме презаситени со одредени струки(за сметка на знаењето, кое реално е на многу ниско ниво, со чест на исклучоците) а од друга страна за некои струки сме дефицитни.

Кај нас во глобала многу погрешни работи диктираат при изборот на факултетот кај младите, но додека така се свири, така ќе се игра.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Грешка е да се избере факултет поради парите...можеш да бидеш најдобар само во тоа кое го сакаш.Се' друго е погрешно вложен капитал.