Кој влијае при изборот на факултетот?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,847
1,153
Живееме во Македонија. Тука официјален јазик е Македонскиот. Тој е оној јазик што треба да се негува, и тоа е оној јазик за кој треба да се залагаме. Од неговиот континуитет зависи нашата иднина. Затоа што...ако во иднина наместо Македонски јазик се зборува Англиски, која би била поентата воопшто оваа држава да се вика Македонија? Во тој случај слободно можеме ова парче земја да го наречеме колонија на Англија.
Но, доста е филозофирање, доста е вртења, мојата поента беше тоа што пред некое време прочитав нешто...
Македонските студенти немаат интерес да го изучуваат соствениот јазик. Само 18 бруцоши се пријавиле на првиот уписен рок на филолошкиот факултет во Скопје. Пред две години квотата беше 120 студенти, а годинава по барање на раководството е преполовена, но тешко дека и таа бројка ќе се пополни. Поголем е и интересот за изучување на шпанскиот јазик а традиционално највеќе апликации има за англиски над 250
Извадок од страницата на Сител телевизија​
Значи...
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?

На друго место прочитав дека бројот на бруцоши по физика е 4.
Навистина се запрепастив...
 
  • Like
Реакции: Сара.13 and JaMi

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
Извадок од страницата на Сител телевизија​
Прашањето ми е следно...
Ако во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, нема доволно интерес за СОПСТВЕНИОТ јазик, каде треба да има?
Кој е тука виновен? Децата или ние возрасните што треба да ги воспитаме и да ги научиме да ценат и сакаат тоа што е нивно?
На друго место прочитав дека бројот на бруцоши по физика е 4.
Навистина се запрепастив...

Криви се возрасните до некој степен.
Кој ќе оди на Филолошки, некој што не знае да сврзи ни 2реченици и што цел живот мајка му и татко му му ги пишувале составите?
Нее, не ни требаат такви кадри само за да се пополни квотата.
Јас викам колку и да се, барем квалитет да се.
А тоа дека нивниот број е запрепастувачки не го оспорувам, дури и се чудам на тоа до кој степен е дојдена свеста на македонскиот граѓанин за она што навистина треба да се негува, цени и брани од другите,
А лесно се прават сите патриоти..
 
  • Like
Реакции: Arkantos

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Ех мала заинтересираност.
Нешто ново да не е тоа. Уште да имаше јаки рекламни кампањи и одлична иднина па да се чудевме зашто е тоа така...
Се знае, масовно сите економисти, правници, доктори и обожаватели на англискиот.
Не дека имам нешто против - од горенаведените некои навистинаа имаат желба и мотив за студирање баш таму, ама голем дел се во толпата зашто нели толпата е таму ( да не речам стадото ).
А и ретко кој умее физика или друга природна наука или е надарен за јазици... и има љубов кон тоа.
 
  • Like
Реакции: Aquarius, Lady* and JaMi

Абе гарантирам дека од секое средно училиште во Македонија, барем по еден или двајца се љубители на македонскиот јазик и литература...
Ама исто така гарантирам дека тие што биле љубители потпаднале под она влијание: Во денешно време само техничките факултети ти даваат загарантиран успех во иднина.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Криви се возрасните до некој степен.
Кој ќе оди на Филолошки, некој што не знае да сврзи ни 2реченици и што цел живот мајка му и татко му му ги пишувале составите?
Нее, не ни требаат такви кадри само за да се пополни квотата.
Јас викам колку и да се, барем квалитет да се.
А тоа дека нивниот број е запрепастувачки не го оспорувам, дури и се чудам на тоа до кој степен е дојдена свеста на македонскиот граѓанин за она што навистина треба да се негува, цени и брани од другите,
А лесно се прават сите патриоти..
Не тропај нешто без врска. Годинава на Филолошки има и приемен за одредени насоки. Конкретно зборам за најпосетуваните Англиска книжевност и Превод и толкување сите катедри. Не може да се запишеш ако не добиеш бар 10 поени од приемниот кој патем носи 40 поени.
За лани ако збориме, без приемен и со двојки ги запишуваа, годинава тешка работа на овие катедри што ги наведов.

А Arkantos за тоа што не се запишуваат на македонски се криви самите министри и професори. Едните со тоа што не знаат да скратат програмата и се учат по 400 страни годишно (за 4 години = 1600 стр.) од кои во двесте може да се опфати се што е најважно и најкорисно за нас, вторите затоа што не те учат уште од мали нозе да ја сакаш својата татковина, својот мајчин јазик. Ако сакаш некого нешто да научиш, треба тоа да го сториш додека детето е мало. Со турски серии, амерички филмови, српски турбофолк песници не се засакува повеќе својот мајчин јазик, македонскиот. Уште кога ќе видиш дека за 4 години (зборам за средно) читаш 20 лектири од македонски автори, а 70+ од странски се е јасно.
 
  • Like
Реакции: Lady*

А што уствари јас тропнав без врска извини ако може да знам? :^)
Ако подобро ме прочиташ, го кажав истото како и ти.
Со постваените критериуми и приемните испите се запишуваат квалитетни кадри, што го оспорува она „квантитетот е битен“
Тоа и го кажав, не одат на Филолошки оние кои не знаат да сврзат 2реченици туку одат оние кои навистина заслужуваат да се најдат таму.
Убаво читај друг пат.
 
Па и на филолошки факултет македонска книжевност не ја учиш само македонската... мора да ги опфатиш сите етапи низ кои поминала книжевноста. Почнувајќи од антиката.
Тоа што ние како Македонци сме ги скокнале повеќето од етапите не дозволува да опфатиш повеќе Македонски писатели и дела... Не се криви професорите ниту пак тие што ја осмислиле програмата :)

И второ не шири дезинформации. Немаат сите катедри на превод и толкување приемни испити. Само Англиски, Француски и Германски. А за книжевностите, само за Англиска книжевност има приемен испит.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Абе гарантирам дека од секое средно училиште во Македонија, барем по еден или двајца се љубители на македонскиот јазик и литература...
Ама исто така гарантирам дека тие што биле љубители потпаднале под она влијание: Во денешно време само техничките факултети ти даваат загарантиран успех во иднина.
Ама реално гледано, нели донекаде е така?
Дека е загарантиран успехот, не е баш, но сепак опциите за во иднина се колку-толку побројни.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,847
1,153
Ама реално гледано, нели донекаде е така?
Дека е загарантиран успехот, не е баш, но сепак опциите за во иднина се колку-толку побројни.
Реално е така.
Ама каква иднина им даваме на нашите деца ако им кажуваме дека треба да гледаат да имаат подебел паричник, а не да ги исполнат своите желби?
Ако моето дете има афинитети да биде...музичар, јас да му речам „Еј, сине...искрено во Македонија ретко кој заработил убав леб од тоа, што не си одиш ти на Економски. Нов смер е ова електронски бизнис...дефицит е...подобро ќе ти биде“
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
А што уствари јас тропнав без врска извини ако може да знам? :^)
Ако подобро ме прочиташ, го кажав истото како и ти.
Со постваените критериуми и приемните испите се запишуваат квалитетни кадри, што го оспорува она „квантитетот е битен“
Тоа и го кажав, не одат на Филолошки оние кои не знаат да сврзат 2реченици туку одат оние кои навистина заслужуваат да се најдат таму.
Убаво читај друг пат.
Го прочитав 20 пати и пак го добивам истиот впечаток, како на Филолошки се запишуваат неписмени што не знаат две реченици да сврзат.
На економски, цутат од писменост, филозофски и остали факултети. Во последно време сметам дека и сите што идат на ФИНКИ, идат од помодарство, а не дека нешто ги бивало од програмирање, него ајде. :zelen
Па и на филолошки факултет македонска книжевност не ја учиш само македонската... мора да ги опфатиш сите етапи низ кои поминала книжевноста. Почнувајќи од антиката.
Тоа што ние како Македонци сме ги скокнале повеќето од етапите не дозволува да опфатиш повеќе Македонски писатели и дела... Не се криви професорите ниту пак тие што ја осмислиле програмата :)

И второ не шири дезинформации. Немаат сите катедри на превод и толкување приемни испити. Само Англиски, Француски и Германски. А за книжевностите, само за Англиска книжевност има приемен испит.
Колку што имам познавање само англиски, француски и германски можеш да бидеш преведувач и толкувач, од останатите јазици (романски, хрватски, албански...) учиш книжевност, или не?
 
  • Like
Реакции: Lady*