Кој влијае при изборот на факултетот?

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Го прочитав 20 пати и пак го добивам истиот впечаток, како на Филолошки се запишуваат неписмени што не знаат две реченици да сврзат.
На економски, цутат од писменост, филозофски и остали факултети. Во последно време сметам дека и сите што идат на ФИНКИ, идат од помодарство, а не дека нешто ги бивало од програмирање, него ајде. :zelen

Многу си грешка ко така.
Јас се изразив со едно иронично прашање „А кој ќе оди на Филолошки факултет?Некој што не знае да сврзи 2реченици?“ како одговор на тоа што претходно беше спомнато дека многу мал бил бројот на бруцоши токму на овој факултет.
И со моето погоре наведено прашање имав за цел да кажам, иако се малку барем се квалитет и да наведам дека во случајов квантитетот не е пресуден, барем нема трупање на неписмен кадар(што е и невозможно со оглед на приемните).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Knife you mean СТИНКИ :D факултетот кој што нема своја зграда па прибира и криво и сакато само за да соберат некоја пара за да изградат барем лаборатории. Не, познавам луѓе на стинки што стварно имаат знаење но преовладуваат оние кои што мислат дека ако знаат да преинсталираат windows знаат се` од информатика.

Конкретно за филолошки, како сакаш да се запишуваат на македонски кога после не може работа да си најдат. Не е само запиши се, заврши. Ако е само за диплома да ти стои во рамка на ѕид и секој пат кога поминуваш да се гордееш што си станал македонист, а утре треба да заработуваш за живеачка како автомеханичар затоа што државава смрди, тогаш иди запиши се.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Реално е така.
Ама каква иднина им даваме на нашите деца ако им кажуваме дека треба да гледаат да имаат подебел паричник, а не да ги исполнат своите желби?
Ако моето дете има афинитети да биде...музичар, јас да му речам „Еј, сине...искрено во Македонија ретко кој заработил убав леб од тоа, што не си одиш ти на Економски. Нов смер е ова електронски бизнис...дефицит е...подобро ќе ти биде“
Абе океј, не дека не си во право.
Ама не се работи само за да гледаат да имаат подебел паричник, туку просто да се свесни какви се можностите.
Оти желбите и соништата вистина треба да се имаат и прекрасно е кога се следат. Ама треба да се има на ум дека утре-други ден ќе треба да се живее без помош од мама и тато, па некој ден и фамилија да се гледа...

Веројатно не, нема да ги убедувам да се запишат овде или онде, ама сигурно ќе седнам и ќе напраам сериозен муабет околу сето тоа.
Ако и покрај сѐ си одлучат за „поризична“ опција, барем јас ќе бидам колку-толку мирна од сознанието дека тој избор е она што навистина го сакаат и дека ќе најдат начин да се изборат со предизвиците кои им претстојат.

Децата си фантазираат некогаш отпоќе (колку и да звучи ова како глупа констатација). Ене пример ќерка ми. Досега еден куп желби си кажала и наишла на поддршка. Ама по некое време меракот поминал и толку приказната.
Последно беше дека сака да оди на тенис (а посака оти најдобрата другарка ѝ кажала дека е многу интересно таму).
Ама кога ја седнав и ѝ реков - Добро, ама ако се зафаќаш со ова, тогаш терај го како шо е ред - на тренинг редовно, незнам какви обврски други ќе имаш, ама знам дека ќе треба да си ги прифатиш, а не како до сега, по еден месец да дојдиш и да ми речиш - абе мене ми е мака сега да одам, ми се спие, ми се гледа филм, сакам да прам нешто друго....

И толку беше муабетот. Ушеднаш не го ни спомна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850

Не сакам многу да ти противречам оти сепак имаш повеќе стаж од мене на оваа тема родителство. Ама сепак... збориме за девојче малечко и збориме за 18/19 годишно...дете. Ако веќе одлучило да оди на факултет...значи знае дека тоа е она што го сака, и дека она е таа вистинската професија со која сака да заработува за живот.
Независно дали е тоа, психолог, доктор, цариник, полицаец... што и да е. Значи тој размислил и увидел дека тоа е она што го сака. И сметам дека нема потреба на 18/19 годишен човек да му се влијае врз таква одлука.
Да се навратам на примерот со ќеркичката. Според мене тоа момент кога ти како родител треба да го насочиш детето, за во иднина кога ќе дојде момент да се одлучува каде понатаму на факс, да може таа сама да резонира.

Во однос на болдираното. Тоа е правилно. Да седнеш да кажеш свое мислење, да разговараш кој му се плановите. И тоа не го оспорив јас.
Оспорив ситуација од следнава:
Некое икс дете обожава социологија. Секој ден чита нешто на интернет за социологијата, зема книги поврзани со тоа. Буквално до гуша е затрупано од тие информации.
Доаѓа четврта година и искажува „Мамо, тато, јас одлучив да одам на Филозофски факултет - Социологија“
Доаѓа таткото и вика: „Како да не. Дали си ти нормален? Што ќе правиш ти со Социологија во животот? Што не одиш на медицина, што не одиш на електро. Во иднина треба да гледаш деца. Што ќе ги гледаш со социологија? Што можеш да работиш со тоа?“
И детето ќе се исплаши... ќе се стреси. И ќе се запише на медицина. И или ќе кракира од старт или ќе заврши и секогаш ќе има огорченост во него.
И што сме создале? Жив мртовец...
Алал им вера на родителите.
А да не зборам ич колкави се шансите за вработување тука во Македонија... па уште ако после тие 6 години учење за диплома не успее да се снајде... сме свршиле работа што сме го туркале детето кај што воопшто не сакало да оди.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

Абе пази да не се спремни повеќето за одлуки или пак да знаат што сакаат да учат на 18 години. Затоа пола и повеќе се испишуваат после првите колоквиуми...добро де, еве и после прва година нека биде. Да бидеме реални но еве ај да не претерам 60% не се воопшто за на факултет, но кога државната политика е да создаде квантитет наспроти квалитет ќе имаме по 10 000 бруцоши секоја година.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Абе пази да не се спремни повеќето за одлуки или пак да знаат што сакаат да учат на 18 години. Затоа пола и повеќе се испишуваат после првите колоквиуми...добро де, еве и после прва година нека биде. Да бидеме реални но еве ај да не претерам 60% не се воопшто за на факултет, но кога државната политика е да создаде квантитет наспроти квалитет ќе имаме по 10 000 бруцоши секоја година.
Не викам дека не си во право. Затоа што си. Намалени цените за партиципација укинување на приемен испит и се со ред една добра политика за намалување нешто друго и зголемување квантитет на академски граѓани, ама не зборувам моментално за тоа.
Зборувам за...дали е според тебе подобро:
Едно неспремно дете кое мисли дека би можело да биде добар психолог, да биде сосила одвлечкано на Градежен факултет? Или кога веќе имаш можност да го пуштиш на факултет(оти искрено немаме сите можност да си го дозволиме тој луксуз) да му дозволиш да отиде кај што сака па ако не успее следната година назад дома...

И друго не ми е јасно...
Како тие родители се толку сигурни дека ако заврши Архитектура некое дете...ќе биде повеќе успешно отколку да заврши Економски...
Некои на кугла гледаат, некои на гравчиња. Како и да е...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos

Ќе навлезам малку политика. Намалени цените за партиципација, само за државна квота и барање невозможни работи само да се падне на испит и да се даваат пари пријави, да се презапишуваат предмети и сл. Така се отплаќаат намалените партиципации. Пример ќе ти кажам кај мене лани се случи еден предмет 3 сесии никој да не положи. Колку и да е тежок испитот не е сигурно дотолку од 50 души никој да не се најде цела година да научи барем за пролазна.

Околу одлуките...јас друго ти зборам. Повеќето од бруцошите избираат погрешен факултет затоа што имаат преголеми очекувања за себе и својата иднина. Не знам за другите факултети, но мојата генерација бевме околу 800 бруцоши за после прв семестар да си отидат речиси половина, а после прва година уште пола од останатите. Реално гледано повеќето не се ни за на факултет, ама им се наметнува пропаганда која вели „Учи за својата иднина“ и успат се даваат „успешни“ ликови како зборат за своето образование. Тоа води до многу голема дисторзија на реалноста. Јас не ги гледам родителите како криви освен во случаи каде што 18-годишник навистина знае што сака да биде и знае што го очекува. Родителите не сакаат да им ускратат можност за студирање, но не сакаат и децата да им останат со урамена диплома за украс па затоа сакаат да пробаат она што моментално е најбарано на пазарот на труд. Оттаму и деца кои сакаат психологија студираат електро, градежен, машински и сл.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Arkantos, моментално додека пишувам, си се фаќам сама себе колку сум почнала да наликувам на татко ми. Нешто за кое до пред некој година бев апсолутно убедена дека е невозможно и не само шо е невозможно, туку ако се случи - би било најгрдото нешто кое би си дозволила да ми се случи.
Нејсе, не било така.
Како минува времето еден куп работи поинаку ги гледам.
Ако детето е толку убедено дека нешто сака, тогаш тешко дека родителот може да влијае врз него и да му ја смени одлуката.
Ако ти како родител, можиш така едноставно да го исплашиш и стресиш, за да тоа тотално си ги смени размислувањата, тогаш шо ќе се случи кога ќе стапне на факултет? Не да ќе го стресат и потресат, ами ќе си има уплав за цел живот. Тогаш не е толку проблемот во твоето влијаење да го фати овој наместо оној пат, туку проблемот е во тоа шо ти, цели 18 години не си успеал да му помогнеш да стане личност сигурна во себе и во своите размислувања и одлуки.
Иако е примерот за помала возраст, го спомнав оти кај децата се забележуваат и афинитетите и способностите и желбите многу многу рано. Да видиш само како и колку гласно и бунтовно се спротивставуваат кога нешто навистина им значи и наспроти тоа, кога нешто им пречи. И иако би можело да се сфати дека се разгалени и неблагодарни, мене ми е ептен мерак кога јасно и гласно застануваат и велат - Е не!

Друга работа, денес се запишуваат сите на факултет оти нема шо друго да прават. А факт е дека неможе сите да бидат ни доктори, ни судии, ни професори, ни директори.
Ама кај да оди ако остане со средно? Да има кај да оди и да може да работи и да си заработува и да си живее пристојно и со достоинство, тогаш не верувам дека би бил толкав бројот на бруцоши, студенти и факлутетлии.

Зошто се смета дека техничките се посигурни од општествените?
Оти техничките се поврзани со производство (најпросто сведено). А сѐ шо е поврзано со производство носи во себе занатска основа. А тоа што е занает може да те спаси тогаш кога се нема друго чаре.
 
Јасно ми е. Тоа е ситуација која ја имало и во минатото ја има и сега и ќе ја има секогаш. Често на факултет се запишуваат оние кои што немаат капацитет да го завршат. Затоа постои терминот „вечен студент“ затоа постојат оние што се откажуваат после прв семестар, или после прво предавање. Ги има секакви.
Тука ја гледам утката во ова наше општество ама затоа што е забранета политика на форумов не сакав да спомнам, но ќе морам.
Сакајќи да се намали процентот на невработеност се направија хипер кампањи, се затру народот дека секој мора да биде со факултет, и затоа се случува ова што се случува.
А како што кажа Лејди Блу, не е дека со средно не можеш да имаш пристоен живот. На крај на краиштата во општеството се потребни и таквите. Треба некој да биде чистач. Треба некој да работи во комуналец и да ги чисти улиците. Некој треба да работи во маркет да реди производи и слични работи за кои не се потребни факултети.
Затоа е голема грешка што се тераат сите матуранти да скокнат веднаш на факултет.
Е сега... за тоа што ти го болдирав. Овој процент на деца од 18 години што знаат сигурно на кој факултет треба да се запишат е баш тој процент на деца што треба воопшто да се осудат да бидат академски граѓани. Барем според мене. Ама бидејќи времето се смени, општеството и тоа како исто се смени... овие дечиња што си одлучиле да бидат нешто друго а не градежници, итн итн се најчесто угнетувани и уценувани.
Јас знам пример на девојче што сакаше да оди на Политички науки па доби ултиматум или ќе оди на Архитектура или нема да добива пари за да оди на факултет. Денес е назад дома, работи во кладилница, затоа што приемниот го помина, ама положи само два испити во три години на факултет. - епа ајде кажете ми каде е тука праведната одлука на родителот. - за таквите влијанија зборував од прееска.

Arkantos, моментално додека пишувам, си се фаќам сама себе колку сум почнала да наликувам на татко ми. Нешто за кое до пред некој година бев апсолутно убедена дека е невозможно и не само шо е невозможно, туку ако се случи - би било најгрдото нешто кое би си дозволила да ми се случи.
Нејсе, не било така.
Како минува времето еден куп работи поинаку ги гледам.
Ако детето е толку убедено дека нешто сака, тогаш тешко дека родителот може да влијае врз него и да му ја смени одлуката.
Ако ти како родител, можиш така едноставно да го исплашиш и стресиш, за да тоа тотално си ги смени размислувањата, тогаш шо ќе се случи кога ќе стапне на факултет? Не да ќе го стресат и потресат, ами ќе си има уплав за цел живот. Тогаш не е толку проблемот во твоето влијаење да го фати овој наместо оној пат, туку проблемот е во тоа шо ти, цели 18 години не си успеал да му помогнеш да стане личност сигурна во себе и во своите размислувања и одлуки.
Иако е примерот за помала возраст, го спомнав оти кај децата се забележуваат и афинитетите и способностите и желбите многу многу рано. Да видиш само како и колку гласно и бунтовно се спротивставуваат кога нешто навистина им значи и наспроти тоа, кога нешто им пречи. И иако би можело да се сфати дека се разгалени и неблагодарни, мене ми е ептен мерак кога јасно и гласно застануваат и велат - Е не!

Друга работа, денес се запишуваат сите на факултет оти нема шо друго да прават. А факт е дека неможе сите да бидат ни доктори, ни судии, ни професори, ни директори.
Ама кај да оди ако остане со средно? Да има кај да оди и да може да работи и да си заработува и да си живее пристојно и со достоинство, тогаш не верувам дека би бил толкав бројот на бруцоши, студенти и факлутетлии.

Зошто се смета дека техничките се посигурни од општествените?
Оти техничките се поврзани со производство (најпросто сведено). А сѐ шо е поврзано со производство носи во себе занатска основа. А тоа што е занает може да те спаси тогаш кога се нема друго чаре.
Дадов пример погоре како можеш цврсто убедено дете да го натераш да оди на друг факултет.
Јасно е дека ако твоите методи на убедување се со зборување и ако детето сепак има право на избор, ако нештото навистина го сака ќе рече Е НЕ! А сама си свесна дека постојат и поинакви родители...
За ова што може да прават децата без да се запишат на некаков факултет кажав погоре...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Јас знам пример на девојче што сакаше да оди на Политички науки па доби ултиматум или ќе оди на Архитектура или нема да добива пари за да оди на факултет. Денес е назад дома, работи во кладилница, затоа што приемниот го помина, ама положи само два испити во три години на факултет. - епа ајде кажете ми каде е тука праведната одлука на родителот. - за таквите влијанија зборував од прееска.
Абе знам, јасно ми е за што зборуваш. Ама многу ми е тешко да кажам, дури и да помислам, дека родител би направил нешто намерно без да му е гајле дека ќе му наштети на детето. Дури и во вакви, крајно несфатливи случаи.
Си велам мора, просто мора да има нешто позади таквата одлука,позади таквиот начин на справување, позади таквото грубо наметнување... Можеби е страв дека нема да успее, дека ќе се изнамачи, дека тој пат е тотално погрешен... Скоро секој од нас тргнува од сопствените искуства и најчесто сопствените маки нѐ прават да се однесуваме на одреден начин, особено со децата, сакајќи да им помогнеме, да им олесниме... Ама на крај им правиме полошо наместо поарно.

А дека постојат и такви кои сакаат сопствените неостварени желби да си ги остварат преку децата, постојат, за жал сеуште постојат. Шо да кажам за нив?? Тешко на децата...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos