Која е смислата на животот?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас и твојава... :D
Смислата е да имаш за било што да живееш. Не мора да е човек. Зашто ако немаш смисла за живот или ќе се самоубиеш или ќе плачеш наоколу и ќе се жалиш како си паднал во депресија...
Имаш деца? Претходно и јас викав „било што“, е сега тоа „било што“ без нив(децата) нема смисла(поента).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Да направиш нешто, да стекнеш имот, да бидеш голем во душа, не се фаќај за ситни работи, за кое и понатаму твојте внуци ќе зборат за тебе. Како што кажа Тој (нов член) ако нема смисла или ќе се убиеш или ќе плачеш, тоа го прават кукавиците, оние кој се плашат, биди храбар и застани на нозе поднесија секоја загуба извелчи заклучок и продолжи напред. Бори се со секоја препрека, токму со таа препрека ќе стекнеш име. Да знаат другите дека неможе ништо да те срони. Прочитајте ја приказнава има смисла кога ќе ви биде пеколно тешко само сетие се !
http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/13947-mudra-prikazna-upornosta-na-edna-mravka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Борба за да умреме што постари !

Што би те мотивирало да живееш што е можно подолго?

Бесчувствителни деца кои што после 65тата година им стануваш товар дома и те праќаат во "богата" установа или ?
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Што би те мотивирало да живееш што е можно подолго?

Бесчувствителни деца кои што после 65тата година им стануваш товар дома и те праќаат во "богата" установа или ?

Задоволствата и престижот.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
за секој различно ама во најголем број сите се согласуваме со некои приоритети кои ја сочинуваат смислата на животот
најпрво убаво е да знаеш кога ќе се разбудиш дека не си сам на овој свет,дека постојат луѓе кои се покрај тебе во секој дел од животот
исто -во здраво тело здрав дух е мојата смисла на постоење,доколку внатрешноста страда немаш смисла за постоење,а доколку се е во ред можеш и најнеочекувани работи да ги направеш
насмевката-руши рекорди во разубавување на секој ден и неа би ја вброила во смислата на животот
љубовта,среќата и вниманието кое го добиваме од нашите најмили,се три нераздели работи кои ни го олеснуваат нашето постоење
и на крај ,не по некој редослед но најважно за мене е остварување на биолошкото во нас,а тоа е создавањето на потомци-дечиња
тогаш мислам дека смислата на мојот животот е целосно е исполнета:)
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
смисла на живот-да си поставиш цел и да се стремиш да ја освоиш.
за мене цел на пример е еден ден да имам своја фирма.
 

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Хмм да имаш цел во животот а? Ете да речиме поставуваш цел во животот да имаш жена/маж, здрави и паметни деца, и ете за да го зачиниме пртходното да бидеш успешен во кариерата што претходно си ја одбрал/а. Сепак, без разлика на убавината на твојот живот сепак на крајот од сите испреплеткани патишта те чека смртта. Тогаш ќе станеш само еден спомен, кој ќе избледува со текот на времето се дури еден ден не исчезне сосема. Така да мој заклучок е дека поставената цел не е смисла во животот. Токму и самиот апсурд на животот (смртта) е тоа што го прави бесмислен. А што се однесува до децата повторно го имаме тој круг на бесмисленост. Тие ќе се стремат да бидат доволно добри или подобри од своите родители, можеби ќе го постигнат тоа, но повторно наидуваат на истиот крај. Смрт, спомен, време, бледа слика, заборав. Можеби доколку би постоела бесмртноста, тогаш да, би ја барала некоја смисла (макар да и тоа е релативно), дотогаш ќе живеам бесмислено „ради реда“, како и останатите 7 билиони луѓе на светов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina