Основното прашање со кое мора да се соочи секој разумен човек е прашањето за смислата на животот-прашање што окупирало многу мисловни луге во минатото, а кое и денеска е привлечно и актуелно. Веројатно сите ние во одредени мигови, на пример, набљудувајќи го прекрасниот залез на сонцето кое во свечена тишина тоне зад живописниот пејсаж, сме се запрашале од каде потекнува таа хармонија и убавина и што е тоа што животот го прави живот и кое место ни припаѓа нам во него.
Од каде доаѓам и каде одам? Какво значење има мојот живот меѓу оние безброј милијарди луѓе кои живееле или живеат
Можно ли е по смртта да престане се, и сите мои размислувања, мојата љубов, жалоста и напорите да постигнам нешто што ќе ме краси како човек, да исчезнат во вртологот на времето и само повремено да се појавувам во сеќавањето на моите деца, на моите роднини, пријатели, а по неколку децении, кога и нивниот живот ќе се угаси, повеќе ниту таму?
Се ова може да се случи уште во следниот миг, зашто сите знаеме дека располагаме со несигурен живот. Дали тогаш се исплатува и понатаму, да живееме, да се бориме и да се мачиме, за на крај да станеме поим насочен кон заборав, празнина која засекогаш ќе остане? Зар во универзиумот настанало се така бесмислено за набргу да исчезне во бесмисла?
Која е вашата смисла на животот?