Која е смислата на животот?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Животот нема смисла.
Нема дефиниција која ќе ја опише смислата на животот.
Чинам тоа е едно од многуте сувишни прашања кои водат во ќор сокак.
Смислата тогаш би била само формула,нешто што на нашиот ум би му изгледало разумно.Смислата би ја пронашле само кога би ја поминале смислата,кога животот би го доживувале како тајна која нема смисла за појмовниот ум.

Мојата смисла на животот е да украдам што повеќе моменти од него поврзани со
среќа,авантура,љубов,болка,соочување со самиот себе,надминување на сите свои слабости,донесување одлуки и воопшто се што е поврзано со постоењето во истиот да доживеам максимално и да продолжам понатаму,се додека еден ден немам веќе каде да продолжам.
Уствари самиот живот ми е смислата,секој еден миг од него било добар или лош :)
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Смислата на животот, е она која што ние ќе му ја зададеме, дали тоа било успешна кариера,
голема фамилија, многу патување, живењее како секој ден да е последен итн. И мислам дека смртта баш му дава смисла
на животот, нешто што имало почеток има и крај, тоа го прави една комплетна целина. Затоа што ако смислата на
нашето живеење би била да го постигнеме се она што го посакуваме, да го избегнеме се она што може да не повреди, тогаш
никогаш нема да ја постигнеме, затоа што никогаш нема да дојдиме во состојба во која нема да имаме желби, ниту пак да немаме стравови..токму
ограниченото време придонесува да го дадеме најдоброто од себе и да оствариме колку што ќе успееме во еден животен век.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Животот нема смисла.
Нема дефиниција која ќе ја опише смислата на животот.
Чинам тоа е едно од многуте сувишни прашања кои водат во ќор сокак.
Смислата тогаш би била само формула,нешто што на нашиот ум би му изгледало разумно.Смислата би ја пронашле само кога би ја поминале смислата,кога животот би го доживувале како тајна која нема смисла за појмовниот ум.

Мојата смисла на животот е да украдам што повеќе моменти од него поврзани со
среќа,авантура,љубов,болка,соочување со самиот себе,надминување на сите свои слабости,донесување одлуки и воопшто се што е поврзано со постоењето во истиот да доживеам максимално и да продолжам понатаму,се додека еден ден немам веќе каде да продолжам.
Уствари самиот живот ми е смислата,секој еден миг од него било добар или лош :)
Животот нема смисла,а смислата на твојот живот е....:unsure
Има смисла или нема смисла?
Вака напишано ми се чини дека се издемантира самата себе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Животот нема смисла,а смислата на твојот живот е....:unsure
Има смисла или нема смисла?
Вака напишано ми се чини дека се издемантира самата себе си.

Животот нема смисла е општ одговор на прашањето.
Ако бараме одговор на ова филозофско прашање,дефиниција со која би го формирале истото нема да најдеме.
Второто е мојот индувидуален одговор на мојата смисла на животот.
Ние сме креатори на нашиот живот и со тоа индивидуално ја задаваме смислата на истиот.
Се надевам сега појасни се контрадикторните одговори :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Животот нема смисла е општ одговор на прашањето.
Ако бараме одговор на ова филозофско прашање,дефиниција со која би го формирале истото нема да најдеме.
Второто е мојот индувидуален одговор на мојата смисла на животот.
Ние сме креатори на нашиот живот и со тоа индивидуално ја задаваме смислата на истиот.
Се надевам сега појасни се контрадикторните одговори :)

Не.:)
Кој тоа ако бараме?
Нема општ одговор и свој.
Општиот во случајов е пак твој драга моја.
Ниту едно филозофско прашање нема дефиниција.
Не бараме дефиниција,туку секој своја смисла и гледиште на животот.

Смислата на животот...
Роди се,расни,порасни,уживај.
Уживај додека можеш.
Има смисла животот,со секое будење се рага една смисла повеќе.
Смислата е се она на што се надеваме.
Кога губиме,се губи и надежта,се губи на момент и смислата.
Но повторно се рага со некое следно будење.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не.:)
Кој тоа ако бараме?
Нема општ одговор и свој.
Општиот во случајов е пак твој драга моја.
Ниту едно филозофско прашање нема дефиниција.
Не бараме дефиниција,туку секој своја смисла и гледиште на животот.

Смислата на животот...
Роди се,расни,порасни,уживај.
Уживај додека можеш.
Има смисла животот,со секое будење се рага една смисла повеќе.
Смислата е се она на што се надеваме.
Кога губиме,се губи и надежта,се губи на момент и смислата.
Но повторно се рага со некое следно будење.
Со
општа дефиниција за смислата на животот мислам,
како што имаме општа математичка дефиниција за нешто.Тогаш точно можеш да кажеш тоа е тоа.
А ниедно филозофско прашање нема дефиниција така и ова со смислата на животот.Значи останува самите индивидуално да најдеме одговор на тоа прашање,иако и тоа барање повторно ќе не доведе до нешто што на нашиот ум му звучи реалистично,повторно нешто оформено кое ќе ни звучи задоволително и логично,значи повторно некоја дефиниција.
Затоа и напишав смислата на животот ќе ја пронајдеме кога ќе ја поминеме смислата на животот и се додека бараме ќе завршуваме во ќор сокак.
Некој бара,некој не се замара со тоа.
Нема да добиеме сервиран одговор на истото,затоа што не постои таков.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Па филозофијата е барем област каде што можеш да дадеш свое мислење (дефиниција) без некакви си формули и правила како во математиката. Тоа е целата поента - филозофирање. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and melpomena