Хмм да имаш цел во животот а? Ете да речиме поставуваш цел во животот да имаш жена/маж, здрави и паметни деца, и ете за да го зачиниме пртходното да бидеш успешен во кариерата што претходно си ја одбрал/а. Сепак, без разлика на убавината на твојот живот сепак на крајот од сите испреплеткани патишта те чека смртта. Тогаш ќе станеш само еден спомен, кој ќе избледува со текот на времето се дури еден ден не исчезне сосема. Така да мој заклучок е дека поставената цел не е смисла во животот. Токму и самиот апсурд на животот (смртта) е тоа што го прави бесмислен. А што се однесува до децата повторно го имаме тој круг на бесмисленост. Тие ќе се стремат да бидат доволно добри или подобри од своите родители, можеби ќе го постигнат тоа, но повторно наидуваат на истиот крај. Смрт, спомен, време, бледа слика, заборав. Можеби доколку би постоела бесмртноста, тогаш да, би ја барала некоја смисла (макар да и тоа е релативно), дотогаш ќе живеам бесмислено „ради реда“, како и останатите 7 билиони луѓе на светов.