Конфликти со родителите

Колку често влегувате во конфликт со родителите?


  • Вкупно гласале
    40

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
За мене нормално е тоа...посебно ако се работи за конфилкт меѓу помлади тинејџери и родители.Секаде го има...едно нешто треба сите да знаеме...родители кои и да се, какви и да се без причина не влегуваат во конфликт со совите деца...едноствано се грижат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Со мајка ми речиси никогаш не се расправам,ама за тоа со тато се расправаме 24/7.Додуше во последно време одбегнувам и да разговарам со него,ако нешто рече одговарам со 'добро,важи',ако нешто ме испровоцира-си вртам глава и си свиркам, знам дека ако речам нешто тоа ќе донесе нови нервози,расправии,главоболки...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Често се карав со мајка ми. Макар што тоа не беше карање туку учење - сега го гледам така. Ми ги кажуваше грешките и како да се вратам назад. Збореше за мое добро - а јас мислев дека не оди во чекор со моето време. Работата била што јас не сум одел во чекор со вистинската насока, ама од инаетливост на тинејџер кој мисли дека сиот свет е негов не сум знаел да ги согледам работите.
Гледам на првава страна од темава Лејди имала расправа со едно девојче кое се буни за своите родители. Ниту еден родител не мисли лошо за детето и не претерува. Прочитав информација дека до 3 часот за неа е доволно излегување. Незнам која е возраста на девојчето ама ако е до 17 години сигурен сум дека е и повеќе од доволно. Затоа што после 3 часот остануваат пијаните, издрогираните и будалите.
Јас сум возрасен човек па ретко кога останувам покасно од 3 часот...
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Хухухухух , за се' се караме ... (wasntme)
Тоа ми е секојдневие , понекогаш тие ми зборуваат мене а всушност си се караат сами , јас паѓам од смеа , значи какви се глупости тресат ... :D
 

Careforwhat

Полноправен Член
2 март 2013
41
34
18
Обично,кај мене војни се водат помеѓу мене и мајка ми,пошто стално тврдам дека сум у право за било што и така си тераме она по нејзино,јас по мое,ама на крај успеваме да си го најдеме крајот и двете,во случај јас да не го извлечам подебелиот крај....и да наебам,хахаха,уствари јас сум таа што најчесто попушта :D Често се случуваат тие конфликти,кога ќе ми кажат нешто, и јас ги убедувам дома дека вооооопшто не е така,дека јас иам право,ова она...и на крај резултатите ако покажат дека НЕсум у право,ќе ми зборат 2-3 дена,додека не заборават! Еееееееееееееј,ама тоа стварно ми иде многу на живци :nah
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Добро, ај сфаќам тинејџери, па и до 21-2 максимум. Уште студираш, зависен си од нив можеби, не ги носиш баш најпаметните одлуки... ама што е со овие на 30, 40, па и 50+ што уште имаат детски конфликти со родителите од типот каде и со кого беше, овој/оваа не чини за дружење сине, секој ден расправање дали „детето“ се облекло доволно за на работа, ми ти треба ли ручек - не бе мамо, не замарај... последново е језиво да го чуеш од особа што е над 18 години некако, а ги знам примери со 30+ начукани.
Конфликти се неизбежн секако, колку и да се сакаме и сложуваме, ама што е со потребава „детето“ да се држи во ланци за вакви ситници, посебно кога е самостојна (па дури и во брак и со друго место на живеење) личност?

Пред некој ден разговарав со мајка ми и се спречкавме за муабет што го кажа у стил дека таа не била ко други мајки, видиш како ме пуштала сегде. Пуштала бе. :zelen Среќа си ја прифати и исправи грешката.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Да, често имам конфликти со мајка ми, а и со сестра ми. Со мајка ми се караме поради финансиите (најчесто), а со сестра ми поради тоа што не сака да превземе одговорност за своите постапки и поради тоа што мајка ми за се ѝ попушта, иако сестра ми не е веќе мала.
 

Makedonka

Нов член
15 април 2022
18
3
3
Родителите се скапоценост. Ама не сите. Голем број деца растат во дисфункционални семејства, причина плус за расправија. Со мајка ми не се карам скоро никогаш, мојата најголема поддршка и засолниште во сите бури. Ценете ги и сакајте ги, ќе ве греат нивните прегратки тогаш кога ќе ги нема :( !
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Откако ме отпуштија од работа, мајка ми не ме остава на раат, секој ден ми префрла за тоа што ме отпуштија од работа, ѝ велам да не ми зборува за таа тема, но таа постојано го прави истото. Како да се заштитам од нејзе? Неподносливо е веќе, не можам да издржам.
 
  • Haha
Реакции: Ghtalpo

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Откако ме отпуштија од работа, мајка ми не ме остава на раат, секој ден ми префрла за тоа што ме отпуштија од работа, ѝ велам да не ми зборува за таа тема, но таа постојано го прави истото. Како да се заштитам од нејзе? Неподносливо е веќе, не можам да издржам.
Najdi druga rabota I otseli se.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell