Добро, ај сфаќам тинејџери, па и до 21-2 максимум. Уште студираш, зависен си од нив можеби, не ги носиш баш најпаметните одлуки... ама што е со овие на 30, 40, па и 50+ што уште имаат детски конфликти со родителите од типот каде и со кого беше, овој/оваа не чини за дружење сине, секој ден расправање дали „детето“ се облекло доволно за на работа, ми ти треба ли ручек - не бе мамо, не замарај... последново е језиво да го чуеш од особа што е над 18 години некако, а ги знам примери со 30+ начукани.
Конфликти се неизбежн секако, колку и да се сакаме и сложуваме, ама што е со потребава „детето“ да се држи во ланци за вакви ситници, посебно кога е самостојна (па дури и во брак и со друго место на живеење) личност?
Пред некој ден разговарав со мајка ми и се спречкавме за муабет што го кажа у стил дека таа не била ко други мајки, видиш како ме пуштала сегде. Пуштала бе.
Среќа си ја прифати и исправи грешката.